Спорт
(ФОТО) Кадетите на Вардар и младинците на Работнички победија во Купот на Македонија во фудбал одигран вчера во Кичево

Вардар е освојувач на Купот на Македонија во кадетска конкуренција. Во финалето на градскиот стадиот вчера во Кичево, Вардар славеше убедлива победа против Шкендија со 4:1.
Во 21. минута со гол од пенал, Вардар поведе со 1:0. Горјан Цветков беше реализатор на најстрогата казна по фаулот над Бундалевски во шеснаесетникот на Шкендија.
Составот од Тетово израмни во 31. минута со голот на Даут Каримани.
Пред крајот на полувремето, нова предност за Вардар донесе Ѓорги Дошев. Во 43. минута постигна прекрасеен погодок за 2:1.
Во вториот дел, Филип Јовановски во 76. минута ја зголеми предноста на Вардар на 3:1, а конечниот резултат го постави Зоран Фидановски во последната минута од мечот.
ФК ВАРДАР: Никола Филевски, Влатко Кулуковски, Нуман Ајетовиќ, Симеон Здравковски, Марко Стојилевски, Тино Спасиќ, Филип Јовановски, Горјан Цветков, Ѓорѓи Дошев, Филип Радевски, Максим Бундалески;
Играа уште: Леонид Илиевски, Виктор Стефановиќ, Зоран Фидановски, Лука Јакимовски, Никола Уневски, Михаил Кузмановски, Матеј Митревски;
ФК ШКЕНДИЈА: Фатлум Јусуфи, Флорим Асани, Арѓент Аљија, Алмир Адили, Даут Каримани, Веби Ислами, Алтин Зибери, Ендрит Алија, Индрит Саќипи, Амин Шаќири;
Играа уште: Бехар Серани, Јонус Џафери, Бесник Зубери, Бесјан Шабани, Бљенди Хусеини, Фљакрон Мемиши, Ебубекир Азизи;
Што се однесува до младинците вчера исто така на градскиот стадион во Кичево во попладневниот термин беше одиграна последната финална средба од предвидените 4 во младинските категории. Младинците на Работнички успеаа да издвојуваат победа на екипата на Шкендија, освојувајќи го трофејот од Куп натпреварувањето.
Во Кичево, екипата на Работнички победи со 3:1. Уште во првиот дел Работнички имаше водство од 2:0, потоа и со 3:0 но Шкендија сепак успеа да го ублажи поразот на конечни 3:1.
Во денешното прво финале на градскиот стадион во Кичево, во категоријата кадети, екипата на Вардар беше подобар од Шкендија со 4:1.
Спорт
Синер и Алкараз во големото финале на Вимблдон во 2025 година

Јаник Синер ќе игра во своето прво финале на Вимблдон, откако успеа да го совлада Новак Ѓоковиќ во три сета (6:3, 6:3, 6:4). Првиот рекет на светот покажа извонредна форма и доминација на теренот.
И покрај повредите, Ѓоковиќ даде сè од себе и изјави дека не сака вниманието да биде насочено кон неговата здравствена состојба, туку кон заслужената победа на Синер.
Карлос Алкараз обезбеди свое трето последователно финале на Вимблдон, победувајќи го Тејлор Фриц со 3:1 во сетови (6:4, 5:7, 6:3, 7:6). Шпанецот ја брани титулата и важи за еден од главните фаворити, а ова би можел да му биде шестиот Гренд слем трофеј. Тој искрено призна дека бил изненаден од тоа што Синер успеал да го елиминира Ѓоковиќ.
Финалето на Вимблдон 2025 ќе се одигра во недела, а во него ќе се соочат Алкараз и Синер.
Мечот меѓу Синер и Ѓоковиќ привлече големо внимание и беше проследен од бројни познати личности како Ема Радукану, Бенедикт Камбербач и Рами Малек.
Спорт
(ВИДЕО) Екипата на „Рибник-Добреноец“ го освои првото место на традиционалниот турнир во мал фудбал по повод „Иванден“ с.Староец

Денес беше завршниот ден на големиот турнир во с.Староец Кичево по повод Иванден.
По одиграните натпревари кои завшрија со следните резултати, финале играа Рибник-Добреноец и Роденденски пињати-Кичево, кој заврши со регуларни 1:1, по што следуваше пенал рулетот, каде подобра беше екипата на Рибник-Добреноец.
1.ИВАНДЕН СТАРОЕЦ – РИБНИК ДОБРЕНОЕЦ РЕЗУЛТАТ 1:5.
2.КЛАС МК БРОД – РОДЕНДЕНСКИ ПИЊАТИ РЕЗУЛТАТ 0:1
3.РИБНИК ДОБРЕНОЕЦ – КАЈ КУМОТ РЕЗУЛТАТ 4:1
4.КЛАС-МК Брод – КАЈ КУМОТ РЕЗУЛТАТ 5:1
Симјановски: Со Вашето присуство, и спортски дух и поддршка се доказ дека традицијата и почитта кон верата и празниците се уште живеат во нашите срца и дела.
Посебна благодарност упатуваме и до МЛАДИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА И СПОНЗОРИТЕ
1. ЦРКВА СВ.ЈОВАН КРСТИТЕЛ
2. МЕАНА КОЛЦЕ
3. РЕСТОРАНТ,, КАЈ КУМОТ”
4. ,,АГРО ДРВО”
5. ПЕКАРА,, РАДЕ”
6. ГОРСАЈ
7. ЛУКОИЛ
8. ИДЕАЛ ТРАНС
9. КАФЕ БАР ,,ПАП”
10.РЕСТОРАН,, ФУРНА”
11.ИГОР ФИЛИПОСКИ
12.СКАРАЏИИ
13.МИРЕ РИСТЕВСКИ
14.ХРИСТИЈАН ТАНЕВСКИ
15.ВЛАДО АНДРЕСКИ
16.ЦВЕТАН НЕСТОРОСКИ
17.ТИМ ИНЖИНЕРИНГ
18.ХЕМИСКО ЧИСТЕЊЕ,, КТ”
19.АЛЕКСАНДАР ТАНЕВСКИ
20.PORTA.MK, кои помогнаа во организацијата и со љубов придонесоа овој настан да се реализира успешно, достоинствено и со радост – токму како што прилега за ваков свет ден.
Нека Иванден ни донесе здравје, радост и благослов на сите!
Вака изгледаше завршниот дел, пенал рулетот и доделување на пехарите и вредносните парични награди.
🏆 Рибник-Добреноец
🥈 Роденденски Пињати-Кичево
🥉 Клас МК Брод
Награди за најдобар голман зеде Сариевски, најдобар играч-ветеран Спасеноски и најдобар играч на турнирот Котевски.
Спорт
Класата е вечна! Ѓоковиќ го победи Де Минаур и обезбеди четвртфинале со италијанскиот „ас“ Коболи!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ избори пласман во четвртфиналето на Вимблдон, откако во осминафиналето го победи Австралиецот Алекс де Минаур со 3-1 во сетови (1-6, 6-4, 6-4, 6-4).
Мечот започна лошо за Ѓоковиќ – го загуби првиот гем и не успеа да се врати веднаш, што му дозволи на Де Минаур целосно да го контролира сетот. Австралијанецот направи уште два брејка и го освои првиот сет убедливо со 6:1 за само половина час.
Но, Ѓоковиќ одговори во вториот сет. Веднаш направи брејк, иако Де Минаур успеа да се врати и да израмни. Сетот беше исполнет со пресврти, но на крајот Новак го доби и го изедначи резултатот на 1:1.
Во третиот сет, двајцата тенисери успешно го чуваа својот сервис до 4:4, кога Ѓоковиќ направи клучен брејк и веднаш потоа го освои сетот.
Австралиецот повторно поведе во четвртиот сет со 4:1, но Ѓоковиќ не се предаде. Со голема борбеност успеа да се врати, направи брејк во седмиот гем и поведе со 5:4. Со уште еден добар гем го затвори мечот и обезбеди пласман во четвртфиналето, каде ќе се сретне со Италијанецот Флавио Коболи.
Инаку својот триумф Ноле го прослави во карактеристичен стил – со „пумпај“, а камерите го фатија и насмеаниот Роџер Федерер како го гледа натпреварот од трибината.
Како што претходно објасни Ѓоковиќ, тој и неговите деца слушаат неколку песни што ја испраќаат таа порака, и поради таа причина, тој ја слави својата победа на Вимблдон на тој начин.
Честито Ноле!
-
Кичево2 дена
Албански државјанин на кичевската полиција им понудил пари, бил експресно лишен од слобода!
-
Кичево1 ден
(ВИДЕО) Денес во Кичево се одржа #11 мото-парада во чест на именденот на кичевската православна црква „Св.Петар и Павле“ – Вечна традиција!
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (13 јули)
-
Култура2 дена
Денес е голем празник „Петровден“, утре „Павловден“ – ова се народните верувања за празниците, за многу години!
-
Хроника16 часа
МВР: Детали за грозоморното убиство во Прилеп на 13-то годишно дете, неговиот татко и самоубиството на сторителот
-
Хороскоп7 часа
Хороскоп за понеделник (14 јули)