Хроника
МВР со детали за страотната сообраќајка кај Охрид, загина жител на општина Желино

На 31.05.2023 во 18.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на село Издеглавје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило „фиат дукато“ со струшки регистарски ознаки, управувано од В.С.(37) од Вевчани и патничко возило „фолксваген туран“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Ј. (60) од селото Палатица, општина Желино.
Притоа, од здобиените повреди на местото починал возачот на патничкото возило М.Ј., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.
Возачот В.С. и сопатничката во патничкото возило, Н.Б.(47) од тетовското село Голема Речица се здобиле со тешки телесни повреди, додека Х.Б.(21) од село Голема Речица, сопатник во возилото „фолксваген“ се здобил со телесни повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид, а по наредба на Јавен обвинител врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција, за јавноста известува МВР.
Хроника
Во хотелска соба бил пронајден починат 69-годишник од Австралија

На 27.08.2025 во СВР Битола, било пријавено дека во хотелска соба во Битола бил пронајден починат С.С. (69) од Австралија.
Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција, извести МВР.
Хроника
МВР: Лишен од слобода возачот од Кичево кој вчера со возило удри во пешак и го напуштил местото, пешакот подоцна за жал им подлегнал на повредите и починал

На 25.08.2025 во 09:20 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Ф.Л. (18) од Кичево. Имено, околу 06:55 часот на пешачки премин на бул.„Ослободување“, тој со патничко возило „цитроен саксо“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, урил во пешакот С.Ш. (82) од Кичево и го напуштил местото, но во 07:10 часот се вратил без возилото. Притоа, пешакот С.Ш. се здобил со тешки тешки телесни повреди и по укажаната помош во болницата во Кичево, поради сериозноста на повредите, бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје каде што во 21:00 часот починал.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, истакна за јавноста Министерството за внатрешни работи
Хроника
Уште една трагедија на македонските патишта, загина украинец пешак, го удрил жител на Косово од Германија

На 22.08.2025 околу 18:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на магистралниот пат Скопје-Граничен премин Долно Блаце, на околу 200 метри од преминот, патничко возило „фолксваген голф“ германски национални ознаки, управувано од Б.С.(22) од Косово, со живеалиште во Сојузна Република Германија, удрил во пешакот К.М.(53) од Украина.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, кој со возило на Итна медицинска помош од Косово бил пренесен во најблиската болница, каде што во 20:20 часот им подлегнал на повредите.
Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Б.С. се здобила со телесни повреди, констатирани во приватна болница во Скопје.
Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот, извести МВР.
-
Кичево2 дена
Поради одржување на атлетска трка во Кичево, во недела следните улици и делови на градот ќе бидат затворени за сообраќај
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (6 септември)
-
Хороскоп10 часа
Хороскоп за недела (7 септември)
-
Македонија2 дена
Од една до друга патарина на патен правец Гостивар-Тетово, ќе се изведуваат градежни работи со времетраење од две седмици
-
Автомобили2 дена
Десетте најпродавани автомобили во Европа во 2025 година
-
Магазин2 дена
Тајната на вистинскиот италијански болоњезе сос