Временска прогноза
Следната недела средоземен циклон носи нови обилни врнежи од дожд

Во текот на целата наредна седмица и тоа под влијание на циклонска активност со центар над Средоземјето, и на ГОЛЕМА влажна и нестабилна воздушна маса, времето во Македонија ќе биде ОСОБЕНО нестабилно, со честа појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално ќе има појава на ИЗРАЗЕНО НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд (дури над 20 л/м2 за многу кратко време), силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град. Постои опасност од нови ГОЛЕМИ ПОРОЈНИ поплави, па затоа АПЕЛИРАМЕ во случај на појава на НЕВРЕМЕ, граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ.
Во Скопје и околината исто така под влијание на циклонот од Средоземјето, ќе има честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината постои опасност од појава на НЕВРЕМЕ (интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град). И во делови од Скопската котлина исто така постои опасност од локални поројни поплави (значително количество на воден талог за кратко време).
Температурите на воздухот во првите денови од следната седмица ќе бележат тенденција на пад, и тоа поради влијанието на посвежа воздушна маса од север, и тие ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 25, 26 степени, а потоа истите ќе бидат малку повисоки.
НАПОМЕНА: Поради очекуваните интензивн и врнежи, во следниот период се очекува ново зголемување на нивоата на реките и на езерата во Македонија, дури е можно и излевање на некои од помалите реки низ државава. Инаку во текот на следната седмица, постои опасност од големи поплави низ целиот регион. како резултат на влијанието на циклонот од Средоземјето
Пишува Славчо Попоски од Метеоаларм.
Временска прогноза
Попоски: Од утре се очекува брз продор на посвежа воздушна маса од север

По денешниот стабилен, суво, сончев и могу топол ден со максимални температури кои ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 39, додека во Скопје максималната дневна температура денес (среда 16 јули) ќе се искачи до околу 36 степени.
Веќе поради брз продор на посвежа воздушна маса од север, утре (четврток 17 јули) во попладневните и во вечерните часови повремено ќе дува засилен ветер, во западните предели од западен правец, додека особено во Повардарието ветерот ќе биде од северен правец. Во попладневните и во вечерните часови на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град. Особено поинтензивни атмосферски процеси ќе имаме во северните и во источните предели од нашата Република Македонија.
И во делови од Скопскиот регион утре (четврток 17 јули) во попладневните и во вечерните часови ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на невреме со силен ветер, електрични празнења и со појава на град.
Утре (четврток 17 јули) и понатаму температурите ќе бидат без поголеми промени, односно останува многу топло, додека во петок (18 јули) температурите ќе бидат пониски од сегашните за 4 до 6 степени, и максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 34 степени, а во Скопје максималната температура во петок (18 јули) ќе се искачи до околу 30 степени.
Поради очекуваното невреме утре (четврток 17 јули) апелирам на поголема внимателност кај граѓаните, односно, во случај на појава на невреме и на силни електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Исто така, во случај на појава на силен ветер, граѓаните своите автомобили да ги заштитат, односно да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои се осамени, информира Славчо Попоски
Временска прогноза
Сепак следува заладување и промена на времето во Македонија?

Поради продор на поладен воздух од север на висина над нашиот дел од Европа, ќе биде доволно да дојде до поголема дестабилизација на атмосферата во нашата Република Македонија.
Денес (вторник 15 јули) во пладневните и во попладневните часови на повеќе места кај нас ќе има развој на грмотевични конвективни облачни јадра од кои очекувам појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално пак атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град.
И во делови од Скопскиот регион очекувам појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во делови од котлината можна е појава и на краткотрајно невреме.
Токму поради ова, апелирам граѓаните да обратат поголема внимателност, односно, во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер, граѓаните своите автомобили да ги заштитат, односно да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои се осамени.
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 37 степени, а во Скопје и околината максималната температура ќе се искачи до околу 35 степени, истакна Славчо Попоски.
Временска прогноза
Од ноќеска брз продор на засилен ладен ветер, кој создава дополнителен проблем со пожарите

Вечерва, во текот на претстојната ноќ, и утре (четврток 10 јули) во текот на целиот ден, и тоа поради брз продор на ладен воздух од северозапад кај нас во Македонија ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час). Најсилен ветерот ќе биде во Повардарието.
И во Скопскиот регион повремено ќе дува силен ветер од северен правец (во делови од котлината повремено со брзина од над 60 км/час).
Што се однесува до температурите, тие до утре (четврток 10 јули) наутро ќе опаднат дури и за околу 15 степени во споредба од оние кои ги имавме до сега и тие до утре наутро ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 18 степени во најтоплите предели од нашата Македонија, односно во Повардарието.
Во Скопскиот регион до утре наутро температурата ќе се спушти до околу 15 степени.
Максималните дневни темпратури пак утре ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени, во Скопје до околу 28 степени.
– Попоски апелира, во случај на појава на силен ветер, граѓаните да бидат внимателни каде и како се движат, поради тоа што силниот ветер можно е да создава и проблеми, истакна метеорологот.
-
Кичево16 часа
Во с.Цер кичевско биле забележани непознати лица кои нуделе Цептер продукти и запишувале присуство
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (17 јули)
-
Хроника18 часа
МВР со детали за стравичната несреќа во Охрид каде со мопед загина тинејџер на 16 години
-
Хороскоп9 часа
Хороскоп за петок (18 јули)
-
Скопје2 дена
Лишен од слобода затворски полицаец, се обидел да внесе дрога во Затвор Идризово
-
Македонија13 часа
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, возилата се насочуваат кон Петровец
-
Свет10 часа
Најголемото парче од планетата Марс на Земјата продадено преку аукција за рекордни 5,3 милиони долари!