Следете не

Временска прогноза

Поројните дождови продолжуваат и во наредниот период, се предвидува да наврне дури над 20 л/м² воден талог

Објавено пред

на

Во следните часови опасност од појава на ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ, како и на ГОЛЕМИ ПОРОЈНИ ПОПЛАВИ има во централниот дел од Македонија. Локално НЕВРЕМЕ се очекува и во другите делови од Македонија.

За кратко време и тоа со појавата на НЕВРЕМЕ ќе наврнат дури над 20 л/м2 водел талог, а невремето кое се очекува во Македонија ќе биде проследено и со ОЛУЕН ВЕТЕР, силни електрични празнења, како и со појава на град.

Опасност од појава на НЕВРЕМЕ и локални поројни поплави постои и во делови од Скопската котлина.

АПЕЛИРАМЕ граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ во случај на појава на НЕВРЕМЕ. 

Поради очекуваните интензивни врнежи од дожд, во следните десет денови се очекува зголемување на нивоата на реките и на езерата во Македонија, дури можно е и излевање на некои од помалите реки.

Територијата на Македонија, како и на целиот регион оваа седмица ќе биде под влијание на Средоземен циклон, и истиот ќе направи МНОГУ ПРОБЛЕМИ во Македонија, и насекаде низ регионот.

Ова лето врнежите ќе ни прават МНОГУ ПРОБЛЕМИ, со што се можни и КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ.

Температурите во следните неколку денови ќе бележат тенденција на ПАД, и тоа поради продор на посвежа воздушна маса од север. За првиот изразен топлотен Африкански бран и понатаму ќе се изначекаме, и истиот го нема на видик, пишува Славчо Попоски

Временска прогноза

Денес променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд во попладневните часови, следните денови температурата ќе биде во опаѓање

Објавено пред

на

Од УХМР известуваат дека од денес до петок времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Дневните температури од утре четврток ќе бидат во опаѓање.

Во Скопје од денес исто така во попладневните часови до петок времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време и засилен ветер.

Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја, известуваат од ЦУК преку УХМР.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Објавено пред

на

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а високо на планините со повремен снег. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, известува Управата за хидрометеоролошки работи

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне во источните делови од Македонија ќе има повремен дожд и услови за грмежи

Објавено пред

на

Времето денес во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во источните делови ќе има повремен локален дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец.

Во главниот град, исто така ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Што се однесува до новонастанатата состојба со времето, што практично тлее невообичаено време за овој период од годината ќе се задржи и во понатамошниот период од месецот.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп11 часа

Хороскоп за петок (17 мај)

ОВЕН Денес, за Овенот, љубовта го придвижува светот. Сите околу вас се чини дека се во некоја голема љубов. Може...

Автомобили15 часа

VW Golf оваа година го слави својот 50-ти роденден, а по тој повод ќе биде претставена специјална серија

Конечно по извесно време најновото издание на Golf GTI во најава, истакна првиот човек на Volkswagen, Томас Шефер, а моделот...

Спорт15 часа

Фудбалските судии во првата, односно втората македонска фудбалска лига супериорни во 32-то коло од првенството

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 32 коло на ПРВА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци: На натпреварот Фк.Тиквеш-Фк.Воска одигран на...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за четврток (16 мај)

ОВЕН Секогаш може подобро и вие тоа најдобро го знаете, па поработете на организацијата и плановите во наредниот период. Ништо...

Спорт2 дена

ЖФК Љуботен втора година по ред освојувач на Купот на Македонија во фудбал

Женскиот фудбалски клуб Љуботен втора година по ред е освојувач на Купот на Македонија, откако денеска на градскиот стадион во...

Кичево2 дена

Вчера во Кичево автомобил удрил во пешаци-малолетнички, по што возачот избегал во непознат правец

На 14.05.2024 во 11.30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на булеварот .„Ослободување“ во Кичево, патничко возило удрило во...

Магазин2 дена

Ако телефонот ви бил украден – не грижете се! Google има решение за да го пронајдете веднаш

Google лансираше апликација која ќе ви помогне да го пронајдете изгубениот телефон. Губењето на телефонот е како кошмар во денешниот...

Свет2 дена

Минатото лето беше најжешкото во последните два милениума

Научниците користеле податоци од дрво години од локации низ западната хемисфера за да ги проценат глобалните температури помеѓу првиот век...

Магазин2 дена

Продадени 12 милиони за 12 недели: Оваа видео игра го сруши рекордот!

Поставен е нов рекорд за најбрзо продаваната видео игра PlayStation, објави Sony Interactive Entertainment. Тоа е Helldivers 2, која се...

Македонија2 дена

Авто-плинот од денес конечно со намалена цена за литар, после подолго време

„ТНГ“ за автомобили „плин“ од денес со намалена цена за литар, односно цената е намалена за 1,5 денар. Како што...

НАЈЧИТАНИ