Култура
Leica и Olympus нудат бесплатни онлајн-курсеви за фотографија
Во деновите кога сите сме присилени да останеме во нашите домови заради епидемијата на коронавирус, големите компании бараат начини да стигнат до клиентите и да ја добијат довербата за идните набавки. Затоа Leica и Olympus го најавија бесплатниот курс за виртуелна фотографија, како и интервјуа со професионални фотографи.
Многу компании кој се занимаваат со креативна индрустрија, отворија пристап до своите ресурси за оние кои се дома за време на епидемијата од коронавирус. Додека Никон ги објавуваше сите свои едукативни материјали и часови по фотографија преку Интернет бесплатно до крајот на април минатата недела, некои други компании поминаа еден чекор подалеку.
Olympus го започна „Home with Olympus sessions“ за да ги поврзе луѓето со технички експерти кои работат во Olympus. Исто така, фотографите можат да се пријават на индивидуални и групни сесии, да поставуваат прашања и да добијат одговори од професионалци кои работат во оваа компанија. Групните сесии се ограничени на шест лица, тематски дефинирани и се поврзани со специфични модели на фотоапарати и видови на фотографија, како што се макро, подводна фотографија и пејзаж. Доколку сте заинтересирани, посетете ја официјалната веб-страница на Olympusза повеќе детали и зачленување.
Од друга страна, Leica ќе објави серија дискусии преку интернет, водени од реномирани музичари, фотографи, актери и други креативни професионалци. Разговорите ќе се случуваат во следните неколку недели, па доколку сте заинтересирани, проверете ја нивната официјална страница за повеќе детали. Регистрацијата за овие сесии ќе се отвори во наредните денови.
Култура
Честит роденден на нашиот духовен водач Владиката Партениј, денес одржан спомен на Светиот Лонгин Стотник во Бигорскиот Манастир
Денеска, во спокојниот и молитвен амбиент на нашиот Свештен Манастир, со љубов и благодарност, нашето монашко семејство заедно со притекнатите верни го прослави чесниот годишен спомен на светиот маченик Лонгин Стотникот.
Според зборовите на нашиот почитуван и возљубен Старец, владиката г. Партениј, „Свети Лонгин еден од првите плодови на преобразувачката сила на Крстот Господов. Неговата внатрешна промена пред Крстот, неговиот изблик на покајание и вера, неговиот преод од незнаење кон просветленост, ни сведочи за длабокото таинство на верата Христова – дека вистинското спознание на Бога се раѓа во мигот на срцевидението, кога очите на душата прогледуваат преку Божјата благодат и во Личноста Христова Го препознаваат Самиот Син и Слово Божјо, дојдено во светот, за спасение на светот. Свети Лонгин, стотникот што го предводел римскиот одред за време на распнувањето на Христос, бил сведок на најголемото откровение – Крстната Жртва и Божјото проштавање. Со неговото исповедание: Навистина овој беше Син Божји (Матеј 27,54), неговото срце, дотогаш обременето со воена дисциплина и суровост, се отвори за нов живот – живот исполнет со љубов, жртва и сведоштво за Воскреснатиот. Ова таинство на преобразбата е повик за сите нас да се приклониме и поклониме на Крстот и да се облечеме во новиот човек, создаден според Бога во праведност и светост“.
Во чест на овој прв сведок на Воскресението, утрово во свештениот храм на Чесниот Претеча во Бигорски, се отслужи Божествена Евхаристија, под тајноводство на нашиот секогаш сакан Старец, Неговото Преосвештенство Епископот Антаниски г. Партениј, заедно со браќата архимандрити, јеромонаси и јероѓакони. Оваа Света Литургија не беше само празник на споменот на еден светија, ами и празнување на преобразбата што таинствено се остварува во секого од нас преку благодатта Христова и преку духовното водство на нашиот татко во Бога.
По повод овој празничен спомен, на светото богослужение присуствуваа и сестрите монахињи од манастирите Рајчица, Пречиста и Кнежино, коишто, покрај славењето на споменот на Светиот Лонгин, се собраа за да му оддадат чест и благодарност на својот Старец и Епископ, владиката г. Партениј, кој е роден токму на овој ден пред 54 години. Така, овој ден стана за нас двоен благослов – славење на еден маченик-сведок Воскресението кој ја најде Вистината, и почестување на еден духовен отец, маченик на совеста, учител во монашките добродетели, воскресител и возобновител на монаштвото и чувар на духовниот живот во нашите манастири.
Старецот Епископ г. Партениј, со својата љубов, пожртвуваност и ревност, се издигнува како добриот евангелски пастир кој го патеводи своето словесно стадо кон Спасителот Христос, постојано објавувајќи ја светлината на Воскресението. Благодарение на неговиот долгогодишен макотрпен подвиг и бескрајната љубов кон монашкото служение, нашите манастири во Бигорски, Рајчица, Пречиста и Кнежино се обновени и преродени, станувајќи светилници на православната духовност. Со радост и благодарност, монасите и монахињите, заедно со верниците, му оддадоа чест и љубов на својот Старец, молејќи се Господ да го чува и крепи уште многу години, за да продолжи да биде сведок на Божјата љубов и учител во верата.
Преку застапништвото на Светиот Лонгин Стотник, Господ да го наполнува со Својата благодат и љубов, за да нè води сите нас кон светлината на Воскресението. Амин.
По повод роденденот на Старецот, најмладите од нашиот рекански крај подготвија најубав украс за нашето славје – го испеаја архиерејското многулетие на црковнословенски јазик, а Анастасија Цветковска и Софија Јосифовска од Ростуше изрецитираа две прекрасни стихотворби.
Во оваа прилика, нашата редакција му го честита роденденот на нашиот возљубен старец, Владиката Партениј, посакувајќи му добро здравје и среќа, на многаја лета!
Повеќе фотографии ќе најдете на официјалниот линк од Бигорскиот Манастир – ТУКА
Култура
Денеска е голем празник, се слави Св.Петка, за многу години „Петковден“
Родена е кон крајот на деветиот или пак на почетокот на десетиот век во градот Епифат кој што се наоѓа помеѓу градот Силимвије и Цариград, на ден петок па и отаму доаѓа и нејзиното име Параскева што во превод од грчкиот јазик значи петок. Потекнува од чесно и имотно христијанско семејство и со одобрение на нејзините родители нејзиниот постар брат Јефтимиј прво се замонашил а подоцна станал епископ Мадитски.
Ова е еден од празниците што нашиот народ најмногу ги прославува, а познат е и како Петковден. Се празнува во секој крај. Секаде има свои обичаи, но сите носат вино, лепче и пченица во црква.
Во народните верувања се вели дека на овој ден не се работат тешки рачни работи, посебно жените не треба да месат леб и да перат, зошто се вели дека ќе им трнат рацете цела година.
Нејзиниот живот бил исполнет со молитви и работа, по смрта на нејзините родители поради Христа заминала на поклонение во Цариград,потоа престојува во Халкедонскиот манастир а од таму заминува во Ираклија каде што пет години престојува во Богородичната црква.
Од Ираклија заминува во Светата земја и таму останува до својата длабока старост живејќи во подвизи,пост и молитви. Две години пред нејзината см*т и се јавил ангел кој што и рекол дека треба да се врати во својот роден град, каде што на земјата ќе и го предаде телото а душата на Господа.
По нејзиното враќање во родниод град Епифат веќе никој неможел да ја препознае бидејќи немала роднини а и неколку децении била отсатна од градот. Крајот на својот живот го минала со работа, пост и молитви без да дознаат нејзините сограѓани која е.Бидејќи нејзините сограѓани ја сметале за туѓинка по нејзината смрт ја погре*але надвор од христијанските гробишта.
После многу години од нејзината см*т во градот требало да се п*греба давеник, бидејќи тој бил туѓинец решиле да го пог*ебаат надвор од гробиштата и тоа на истото место каде што била пог*ебана светицата. Кога го отвориле нејзиниот гр*б забележале дека нејзиното тело не е расп*днато ама на тоа не обрнале внимание,го положиле уд*вениот морнар врз неа и го го затвориле гробот.
Ноќта на еден од работниците кој што учествувал на п*гребот по име Георгије на сон му се јавила светицата облеана со светлина,седната на царски трон и опкружена со војници. Еден од војниците му се доближил,го фатил за рака и му рекол дека многу згрешиле тоа што го сториле претходниот ден.
Потоа станала Преподобната Мајка му кажала која е и со зборовите дека неможе повеќе да ја трпи смрдеата на телото на удав*ниот морнар,му наредила да ги извадат нејзините мошти и да ги положат на некое чесно место. Утредента Георгије им го раскажал сонот на неговите роднини и сите заедно веднаш се упатиле кон гроб*штата. Кога пристигнале таму виделе насобрано многу луѓе,истиот сон го сонувала и една жена по име Јефтимија. Насобраната маса решила да ги откопа моштите на светицата и да ги погреба во Епифат во црквата св.Петар и Павле.
Веднаш по овој настан почале да се случуваат разни чудесија и исцелувања.
Два века по смрта на Света Петка со Цариград владееле крстоносците,па во 1238-та година бугарскиот цар Јован Асен успеал од нив да ги преземе светите мошти и да ги пренесе во својата престолнина Трново. По Косовската битка и Трново паѓа во рацете на Османлиите и моштите на Света Петка се пренесени во Романија.
Потоа во 1396-та година и Романија паѓа во Османлиски раце тогаш српската царица Милица го замолила султанот Бајазит да ги пренесе светите мошти во Србија. Султанот се согласил со тоа и моштите на светицата биле пренесени во Белград на месноста Калемегдан.
Кога во 1521-та година султанот Сулејман втори го завзел Белград,ги запленил светите мошти на Света Петка и ги однел во Цариград. Таму почнале да се слушуваат чудесни работи па и покрај христијаните светицата ја славеле и муслиманите. Во 1641-та година војводата Василије Лупал господар на Молдавија, успеал да ги добие моштите на светицата и нив ги пренел во светиот град Јаш,во црквата “св.Три Ерарси”. Во 1884-та година нераспаднатите свети мошти на Света Петка се пренесени и изложени во Соборната црква на градот Јаш каде што се наоѓаат и денес.
Споменот на “Света Преподобна Петка – Параскева Трновска ” се празнува секоја година на 14-ти октомври по стар стил, или на 27-ми октомври по нов стил.
Светата Православна Црква празнува три личности со исто име Петка(македонски) односно Параскева(грчки),поради што во народот се мешаат или пак се мисли дека се работи за иста личност.
-Првата св.Петка-Параскева се нарекува св.Петка Римјанка. Нејзиниот спомен се празнува на 26-ти јули по стар стил,или 8-ми август по нов стил. Таа заг*нала со мач*ничка см*т, исечена е за време на царот Антонио Пиј,па затоа правилно се нарекува “Света мач*ница Петка-Параскева Римјанка”.
-Втората св.Петка-Параскева се нарекува св.Петка од Иконија. Таа исто како и првата мач*н*чки загинала за време на царот Диоклецијан.Нејзиниот спомен се празнува на 27-ми октомври по стар стил,или 10-ти ноември по нов стил.Нејзиното целосно име гласи вака “Света мач*ница Петка-Параскева Иконијска”.
Овие две светици се мач*ници додека “Света Петка-Трновска” е преподобна.
Театар
Ајде да се смееме, вечерва во Кичево и Гостивар доаѓаат неповторливите „Солзи и Смеа“ со премиерата „Ја Мишките“
Овој месец популарните тв ликови од “Солза и смеа” ја започнуваат својата голема турнеја, а покрај сите градови доаѓаат во Кичево и Гостивар, каде за прв пат во овое градови ПРЕМИЕРНО ќе ја изведат нивната најнова урнебесна претстава “ЈА МИШКИТЕ”. Станува збор за урнебесна комедија, која со сигурност ќе Ве насмее до солзи!!!
Нашата информативна екипа постојано ги следи нивните настапи во градовите низ Македонија, па можеме со сигурност да кажеме дека каде и да се појават постои огромен интерес за овие популарни ликови, бидејќи овој месец имаат голема турнеја низ цела Македонија. Каде и да се појават, ги полнат салите во градовите ширум нашата земја.
Ова најново комично шоу на “Солза и Смеа”, ќе се одржи вечерва 17.10.2024 во 18:15 часот во НУЦК Кочо Рацин – Кичево, a потоа истиот ден на 17.10.2024 г. во 20:30 часот претставата со популарните Солза и смеа започнува во Гостивар во НУЦК АСНОМ – Гостивар.
Билети може да си резервирате 24/7 на 078/66-77-97
Побзајте, резервирајте си билети додека сеуште има!!!
-
Хороскоп1 ден
Денешен Хороскоп (4 ноември)
-
Хороскоп11 часа
Хороскоп за вторник (5 ноември)
-
Спорт2 дена
(ФОТО+ВИДЕО) Нова победа на „ФК Кичево“ денес против екипата на „La Masia“, Матески постигна евро-гол од слободен удар
-
Македонија12 часа
Вечерашниот земјотрес во Македонија бил со епицентар на скопското подрачје
-
Скопје2 дена
Усмртиле пешак, па лажеле да избегнат вина, СВР Скопје го расчисти случајот
-
Спорт23 часа
ФФМ ги информира фудбалските клубови за субвенции во областа на спортот за 2024, рокот за пријавување е уште десет дена
-
Технологија1 ден
„Google Maps“ ги претстави новитети кои треба да ја олеснат навигацијата
-
Македонија1 ден
Полицијата ги пронајде планинарите кои се изгубија во тетовско