Балкан
ТОПОЛ КАДАР: Рада Манојловиќ во тесно и кратко мини сукњиче (ФОТО)

Балкан
Поради снежно невреме хаос на Балканот, кај нас топло, ова се деталите..

Под влијание на циклонска активност и на серија влажни воздушни бранови, во текот на оваа седмица во Македонија времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Врнежите повремено и локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ (околу 25 л/м2 воден талог). Снег ќе врне само на високите планини а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец.
Температурите и понатам у ќе бидат НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ за овој период од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 17 степени. Во најтоплите југоисточни предели температурите се очекува да се искачат до околу 19 степени.
Во Скопје и околината во текот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 16 и 18 степени.
Нешто пониски температури кај нас, но сепак и понатаму релативно високи ќе имаме од средината на оваа седмица.
НАПОМЕНА: Овие денови над нашата територија ќе биде присутна Сахарска прашина и песок, со што и атмосферата ќе биде заматена а дождот кој се очекува ќе биде помешан со истата.
Инаку регионот, посебно Хрватска и делови од Далмација се под влијание на СИЛНО СНЕЖНО НЕВРЕМЕ. Снежната покривка во делови од Лика достигнува дури до околу еден метар. Има и една човечка жртва поради невремето.
Автор: Славчо Попоски.
Балкан
(ВИДЕО) Како Маршал Тито ја дочекал последната Нова година од неговиот живот, 1980-та година

Неприкосновениот владетел на некогашна СФРЈ Јосип Броз Тито бил човек кој уживал во луксуз. Доказ за таквите тврдења е и снимката од дочекот на новата 1980 година. Иако тогаш бил болен и стар, Тито сепак се појавил на дочекот кој бил организиран во новосадскиот хотел „Парк“.
Дека Тито тогаш бил болен и немоќен, докажува и снимката од прославата, на која не станувал од столот. Неговите пријатели му честитале среќна нова година и му посакале се најдобро.
Погледнете како му ја честитале 1980 година во која Тито го напуштил овој свет.
Балкан
Силен земјотрес предмалку ја стресе Босна и Херцеговина, ова се последните информации

Предмалку силен земјотрес стресе во Босна и Херцеговина. Имено од информациите на ЕМСЦ истиот е регистриран со магнитута 4,4, лоциран 38 километри од Мостар во близина на Студенци.
Читателите известуваат дека земјотресот бил почувствуван и во Сараево, Зеница, Јабланица и Мостар, така што за сега нема информации за евентуални штети, инаку земјотресот бил почувствуван и во Црна Гора и Хрватска.
Повеќе информации наскоро…
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (31 март)
-
Хороскоп16 часа
Месечен Хороскоп (април 2023)
-
Временска прогноза20 часа
Со зимата не сме завршиле, вонредно метео на Попоски, ова се деталите..
-
Занимливости23 часа
„Станица Стража“ вработува касиери и пица мајстор, кои ќе имаат одлични услови за работа, платен превоз и редовна плата
-
Кичево1 ден
Нова неделна супер акција во АТВА Маркети – Кичево, купувајте по одлични цени!
-
Скопје26 минути
Потврдено од МВР. Имало господ! Пронајдени се двете исчезнати дечиња на подрачјето кај Бит Пазар
-
Македонија7 часа
Инфо до сите кои патуваат преку „Стража“ до тетовски „Групчин“, во вторник ќе има посебен сообраќаен режим – известуваат од СВР Тетово
-
Македонија4 часа
(ФОТО) На ГП Табановце пронајдена поголема сума непријавени пари кај турски државјанин