Македонија
Интересни факти и информации на „Порта.мк“ кои ја одбележаа 2023-та година, продолжуваме да бидеме ваши лидери за транспарентно и прецизно информирање!

Изминува уште една успешна 2023 година, Новата 2024 година за нас 7-ма во етер, ја пречекуваме со многу новости, секојдневни вести, со цел точно, транспарентно и прецизно информирање. Оваа година според најрелевантниот „Google analytics“ бројките на посетители кои профилирале на нашиот веб простор и оваа година како претходно се на одлично ниво, така што слободно може да истакнеме дека сме срдечно задоволни. Имено, најчитани за 2023-та неосомнено се натписите за временската прогноза, кои бележат голем пораст во споредба од истите во 2022 година, каде тогаш најголем интерес за граѓаните беа информациите првично за земјотресите кај нас и во регионот, така и оваа година како резултат на доста нестабилната временска состојба во тековната година корисниците сакале да ги дознаваат најновите информации за времето, се разбира во соработка со нашиот дописник Славчо Попоски.
Вкупно посетители кои го посетиле нашиот сајт за 2023 година се поделени преку директни органски посети, социјални мрежи, агрегатори и останато.
– Топ држави од кои доаѓале читатели во одделот на демографија до медиумот се главно од Република Македонија, потоа доаѓаат импресионирачки редовни посети од Индонезија (за сите почести), пота Германија, Швајцарија, Америка, Грција, Италија, Австралија, Словенија и Австрија, што значи поради тоа што нашиот медиум е само на македонски јазик (кирилица) македонците се распространети на секаде по светот.
– Топ оперативни уреди кои пристапиле и се информирале, регистрирани во системот се најмногу мобилните телефони односно (Android), потоа доаѓа iOS (iPhone), Windows, Macintosh, Linux и Chrome OS.
– Топ „right now“ или „моментална“ бројка на луѓе кои биле директно вклучени на ударна вест била 10,201 корисник
– Топ време каде корисниците сакале најмногу да се информираат за сите новости од 16:00 до 20:00 часот, 22:00 до 23:00 часот преку работни денови, додека за викенд најмногу корисници преку целиот ден се забележани во недела.
Почитувани читатели, со оваа мини ретроспектива на интересни факти кои ја одбележаа 2023-тата – се поклонуваме пред вашата доверба, „Порта.мк“ остануваат ваши лидери и понатаму, за точно и транспарентно информирање на вести кои сметаме дека се најмногу го интересираат човештвото.
Среќни новогодишни и Божиќни празници!
Македонија
(ФОТО) СВР Охрид и „РЦ Запад“ подготвени за туристичката сезона и безбедноста на граѓаните и туристите

Денеска заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени оствари работна посета на СВР Охрид и Регионалниот центар за гранични работи Запад, кадешто оствари средба со раководствата на овие организациони единици.
Посетата е дел од низата посети што се реализираат во секторите за внатрешни работи низ земјата за да се информира за постигнатите резултати и секојдневните работни активности, но и за евентуалните проблеми во рамките на работниот процес.
На состанокот беше нагласено дека МВР и СВР Охрид ги преземаат сите потребни мерки за време на туристичката сезона, така што сите туристи да бидат безбедни и да уживаат во својот одмор, како во рамки на СВР Охрид, така и на територија на целата држава. Беше констатирано дека има зголемување на патниците на граничните премини во рамки на Регионалниот центар – Запад.
Македонија
МВР истакна важна информација која стартува од утре 1 јули

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
петок од 17:00 – 22:00 часот
сабота од 09:00 до 19:00 часот
недела од 09:00 до 22:00 часот
Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забраната ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот.
Специјален сообраќаен летен режим за тешки товарни возила се воведува и на патниот правец А2 Скооје – Охрид – Скопје во периодот од 01.07.2025 до 01.09.2025, и тоа:
Од понеделник до четврток од 11:00 до 17:00 часот, само во денови со екстремно високи температури определени од Министерството за здравство:
петок од 17:00 – 22:00 часот
сабота од 07:00 до 12:00 часот и од 18:00 часот до 24:00 часот и
недела од 07:00 до 22:00 часот
– Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.
Македонија
СВР Охрид изнесе детали за запалениот глисер, бил приватна сопственост

Денеска (30.06.2025 година) во 10,30 часот, во полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, пријавено е дека, на пловен објект глисер кој бил во водите на Охридското езеро, кај каналот „Студенчишта“, марка „Aquaviva 23“, сопственост на Н.С.(47) од Охрид, настанал пожар. Повредени лица нема а предизвикана е материјална штета на глисерот како и на други два глисери кои биле закотвени во негова близина.
Врз запалениот пловен објект, веднаш интервенирале припадниците на езерската полиција, на сообраќајната полиција како и припадници на армискиот центар за обука на вода кои, од глисерот го отстраниле К.П.(24) од Охрид и со соодветна опрема за гасење, отпочнале со гасење на пожарот. Набрзо им се придружиле и пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од Охрид со што е спречено натамошно ширење на пожарот а повикана е медицинска екипа од Итната медицинска помош.
По насоки на јавен обвинител, на местото извршен е увид во присуство на полициски службеници, претставници од охридската капетанија на пристаништа.
Глисерот е одземен за понатамошни вештачења, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за среда (2 јули)
-
Македонија1 ден
(ФОТО) СВР Охрид и „РЦ Запад“ подготвени за туристичката сезона и безбедноста на граѓаните и туристите
-
Магазин1 ден
(ВИДЕО) Хитот од Спасен Сиљаноски „Ќе ти дојдам вечер“ популарна и помеѓу најмладите генерации
-
Хороскоп5 часа
Хороскоп за четврток (3 јуни)
-
Магазин2 дена
YouTube повторно воведува ограничувања: што значат новите правила за помладите креатори
-
Lifestyle2 дена
Еве колку често треба да ја миете косата во лето: Ќе бидете шокирани
-
Lifestyle2 дена
Путерски кифли: подобри од пекарски — меки, воздушести и неодоливи
-
Автомобили16 часа
Најдобрите и најлошите автомобили за 2025 според корисниците