Спорт
Вранештица: Утре продолжуваат натпреварите на турнирот во мал фудбал, ајде на вкусна скара и пијалок, во прилог официјален распоред на мечеви сѐ до недела!

После неколку денови заслужена пауза, турнирот во мал фудбал во с.Вранештица продолжува. Во рамките на утрешниот ден четврток / 25.07 со почеток од 20:00ч ќе се сретнат следните екипи:
- Куќа на Мијаците – Гранд Истамбул (Лажани)
- Pecenjara Ljajce Тетово – Joxana DH
- Мајстори 1 – Куќа на Мијаците
- Pecenjara Ljajce Тетово – Аква Терм (Лисичани)
Петок, 26.07
- Вранештица – Роденденски Пињати (Кичево)
- Мајстори 1 – Напредок
- Кеди Дизајн ANN Energy – Аква Терм (Лисичани)
- Лисичани – Напредок
Сабота, 27.07
- Гранд Истамбул (Лажани) – Лисичани
- Pecenjara Ljajce – Тетово – Вранештица
- Joxana DX – Кеди Дизајн ANN Energy
- Pecenjara Ljajce – Тетово – Роденденски Пињати (Кичево)
Недела, 28.07
- Joxana DX – Вранештица
- Pecenjara Ljajce – Тетово – Кеди Дизајн ANN Energy
- Joxana DX – Роденденски Пињати (Кичево)
- Вранештица – Кеди Дизајн ANN Energy
Ние како генерален медиумски покровител на овој спектакуларен настан уште еднаш ве покануваме заеднички да ги проследиме највозбудливите двојки кои ќе ги донесат можните победници на турнирот, а тоа не би било така добро, ако нема покрај нас највкусна храна на скара, приредена од одличните мајстори кои во континуитет долги години се број 1 во својот занает.
Се гледаме, спортски поздрав!
Спорт
Ландо Норис ја забележа својата трета победа

Ландо Норис ја забележа својата трета победа оваа сезона и вкупно седма во кариерата, триумфирајќи на патеката Ред Бул Ринг. Зад него, неговиот тимски колега од Мекларен, Оскар Пјастре, стигна до второто место, додека Шарл Леклерк од Ферари се искачи на подиумот со третото место.
Луис Хамилтон од Ферари заврши четврти, Џорџ Расел од Мерцедес беше петти, а Лиам Лосон од тимот Рејсинг Булс го освои шестото место. Бодови освоија и Фернандо Алонсо (Астон Мартин), Габриел Бортолето и Нико Хулкенберг (двајцата од Заубер), како и Естебан Окон од Хаас.
Макс Верстапен, актуелниот светски првак и возач на Ред Бул, ја заврши трката уште во првиот круг по судир со Кими Антонели од Мерцедес.
Во генералниот пласман води Пјастре со 216 поени, следен од Норис со 201 и Верстапен со 155 поени. Кај конструкторите, Мекларен е на врвот со 417 бодови, пред Ферари со 210 и Мерцедес со 209.
Следната трка од Формула 1 календарот ќе се вози во Велика Британија на 6 јули.
Спорт
Прв семинар на „ФФМ“ во Македонија за „ВАР“ обука и сертификација на судии под водство на „ФИФА“ инструктор

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за првпат организираше официјален ВАР семинар, што претставува важен чекор кон воведување на ВАР технологијата во македонскиот фудбал. Обуката беше предводена од познатиот ВАР инструктор Далибор Ѓурѓевиќ, кој има големо меѓународно искуство како ВАР судија и менаџер во неколку земји, меѓу кои Кипар, Русија, Саудиска Арабија и Белорусија.
Семинарот официјално го отвори претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ. Тој истакна дека еден од главните приоритети на федерацијата е развојот на професионален и квалитетен домашен фудбал. Омерагиќ порача дека исполнувањето на дадените ветувања е веќе на дело и очекува високо ниво на професионализам од сите вклучени во процесот.
Повеќе ќе прочитате на нивниот официјален линк од ФФМ, ТУКА
Извор: ФФМ
Спорт
Нејмар потпиша нов договор, сепак останува дома

Нејмар сепак реши да остане во Сантос уште шест месеци. Повиците од европските клубови ги остави зад себе, а љубовта кон клубот каде што започна неговата кариера повторно го поврза со Сантос, 12 години по неговото заминување.
Некаде во минатото се сметаше за наследник на Роналдо и Меси, но серијата повреди ја спречија таа приказна. И покрај сè, Нејмар останува еден од најдобрите фудбалери на оваа деценија, иако многумина ќе се запрашаат дали целосно ги исполни големите очекувања. Тој е единствениот фудбалер во 21. век кој се најде меѓу првите 10 за Златната топка додека играл во бразилска лига – и сега се врати таму каде што сè започна, барем до крајот на оваа година.
Откако го напушти ПСЖ во 2023 и замина во Ал Хилал, неговото време таму беше скратено поради сериозни повреди – настапи само трипати. Сега, во Сантос, повторно се чини дека ја враќа љубовта кон играта, но и понатаму се соочува со предизвици околу формата и физичката подготвеност.
Сепак, тој има амбиција да го засили својот настап и да остане здрав, со цел да игра за Бразил на Светското првенство следната година. До тогаш, неговото патување продолжува во Сантос – барем до Нова Година.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (3 јуни)
-
Кичево13 часа
(ФОТО) ТППЕ Кичево: Нов случај со запалена дива депонија во кичевско
-
Автомобили2 дена
Најдобрите и најлошите автомобили за 2025 според корисниците
-
Хороскоп4 часа
Хороскоп за петок (4 јули)
-
Автомобили2 дена
Дали би направиле место за резервно тркало?
-
Магазин2 дена
Експертите ја откриваат вистината за навиките што влијаат на траењето на батеријата на мобилниот телефон
-
Македонија3 часа
Времена измена на сообраќај со пренасочување на делница „Пресека-Песочан“ на автопат А2 Кичево-Охрид
-
Скопје7 часа
МВР за пофалба, експресно го пронајдоа мотоциклистот кој усмрти пешак