Магазин
(ВИДЕО) Фчерашни Новости: Колку е тешко да се избере вистинскиот кандидат!?
Во последната последна епизода на „Фчерашни Новости“, за ова последно лето од 2020 година, решивме да посветиме малку време и на љубовта, со шоуто наречено „Луди за љубов“. Во шоуто ќе можете да погледнете колку е тешко да се избере некој на подолго време, кои карактеристики треба да ги има кандидатот, зошто не се седнува со секого на маса и други прашања општокорисни за меѓучовечките односи.
Македонија е земја на генијалци заборавени од државата. Еден таков пронашол нов принцип на гласање со помош на нуркачко одело. Не веруваме дека овој принцип ќе се прошири кај народот, со оглед на тоа што секој треба да си купи своја боца за кислород, но генијалците секогаш наоѓаат свој простор во Фчерашни новости да го презентираат својот изум.
Од посериозни принципи на гласања го имаме Стојанче со неговата „Обука за гласање“. Тој ќе ви демонстрира како да гласате внимателно и без страв да не го закачите оноа на „К“, а што не е пиво. Ќе дознаете зошто пенкалото за гласање не се грицка без оглед на тоа што носите маска, а ако го гризнете ќе треба да си го земете дома, освен ако не е врзано за гласачката кутија, тогаш не веруваме дека ќе ви дозволат да однесете дома и гласачка кутија.
Направивме и интервју со најозборуваната личност во Македонија во последно време, ковид – 19. Дознавме како дошол кај нас, што мајка бара тука и кога ќе си оди, ако може што поскоро би било супер. Ако треба еве и ние ќе се собереме и ќе му платиме карта во еден правец, само нека се мани веќе од кај нас.
Се врати и Путец. Најбараниот бербер кој е секогаш информиран од прва рака. Ќе ви раскаже која фризура ќе биде хит ова лето; зошто не се остава на берберот сам да одлучи како ќе ти биде патецот, зошто не се става афтершејв на глава и други берберски совети кои веруваме дека ќе ви се најдат во периодот кој следи.
Целата епизода ја имате на јутјуб.
Имајте убаво лето, а ние, здравје Боже, се гледаме од септември.
Магазин
WhatsApp воведува вештачка интелигенција за Android
WhatsApp работи на нова функција која им овозможува на корисниците да создаваат сопствени карактери со помош на вештачка интелигенција директно во апликацијата. Функцијата е слична на алатките за креирање карактери со вештачка интелигенција што веќе постојат на Instagram и Messenger.
Корисниците ќе можат да ги опишат личните карактеристики, а системот ќе генерира слика и биографија на создадениот карактер.
Новата опција е забележана во најновите ажурирања за Android, но моментално е во фаза на развој и не е достапна за бета-тестерите.
Извор: gadgets360
Магазин
Google одбива усогласување со новиот закон на ЕУ за проверка на факти
Google ја информираше Европската унија дека нема да го спроведе новиот закон кој го прави задолжително проверувањето на факти во резултатите од пребарувањето и содржините на YouTube. Според писмото до кое дојде „Аксиос“, Google изјави дека нема да додава проверки на факти во своите платформи, ниту ќе ги користи овие проверки за рангирање или отстранување на содржината.
Откажување од интеграција на проверки на факти
Иако Google претходно инвестираше во европска база на податоци за проверка на факти пред изборите во ЕУ, компанијата досега не беше активна во оваа област како дел од своите политики за модерирање на содржини.
Претседателот за глобални прашања на Google, Кент Волкер, во писмо до Европската комисија изјави дека:
„Интеграцијата на проверки на факти едноставно не е соодветна или ефективна за нашите услуги.“
Тој ги пофали тековните политики на Google за модерација, истакнувајќи го нивниот успех за време на „невидениот глобален изборен циклус“ минатата година.
Тековни алтернативи и нови технологии
Google ја истакна новата функција на YouTube воведена минатата година, која им овозможува на одредени корисници да додаваат контекстуални белешки на видеата. Компанијата смета дека оваа алатка има „значителен потенцијал“ и ја спореди со слични иницијативи на други платформи, како што се „Забелешки на заедницата“ на X (поранешен Twitter) и сличните проекти на Meta.
Покрај тоа, Google ќе продолжи да инвестира во технологии за модерирање, како што се:
- Synth ID: за водени ознаки на содржина.
- Означување со вештачка интелигенција: за идентификација на содржини на YouTube.
Предизвици за спроведување на законот
Новиот закон е дел од ажурираниот Кодекс на добра практика во борбата против дезинформациите, кој од доброволен документ преминува во задолжителен. Сепак, останува нејасно како ЕУ ќе реагира кога проверката на факти ќе стане законски задолжителна.
Оваа ситуација се појавува во време кога:
- Meta ја укина својата програма за проверка на факти во САД.
- X значително го намали бројот на професионални проверувачи на факти.
Големите технолошки компании продолжуваат да се соочуваат со предизвици во справувањето со дезинформациите, известува „Endgadget“.
Магазин
Nintendo ја најави конзолата Switch 2 (ВИДЕО)
Јапонскиот гигант Nintendo ја претстави својата најнова конзола – Switch 2, со кратко најавно видео на YouTube. Иако без многу детали, официјалните информации за уредот се очекуваат на 2 април, а пуштањето во продажба е планирано за 2025 година.
Switch 2 претставува хибрид помеѓу стационарна и преносна рачна конзола, надграден со поголем екран и нови Joy-Con контролери кои се прикачуваат на уредот со магнети. Видео презентацијата покажа сцени од играта Mario Kart, а се очекува заедно со конзолата да биде лансирана и новата Mario Kart 9.
Уредот ќе биде компатибилен со постарите Switch игри, но одредени наслови може да имаат ограничена или целосно отсутна поддршка. Новиот Switch 2 доаѓа во минималистичка, целосно црна боја, што означува промена од претходните повеќебојни комбинации.
Повеќе детали за Switch 2 ќе бидат објавени во април, а љубителите на Nintendo со нетрпение очекуваат нови информации за оваа конзола.
Извор: B92
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (16 јануари)
-
Кичево1 ден
Познато времето на спуштање на светиот Крст во Кичево, како и распоредот за претстојниот празник „Богојавление Водици 2025“
-
Кичево10 часа
Најсреќните пронаоѓачи до сега од Кичево, кои го извадија светиот Крст за „Водици“ од осветените води
-
Кичево6 часа
Известување до сите водичарски кумови од Кичево и кичевско
-
Хороскоп22 часа
Хороскоп за петок (17 јануари)
-
Македонија1 ден
Дизелот од ноќеска поскапува за 2 денари, додека бензините остануваат со иста цена
-
Временска прогноза2 дена
Стабилизација и целосно разведрување, но со многу ниски ноќни и утрински температури, нови снежни врнежи за сега на повидок после големиот празник Богојавление „Водици“
-
Спорт2 дена
Македонската ракометна репрезентација со „реми“ го започна големото натпреварување, испуштивме голема победа против Унгарците, но одиме понатаму!