Скопје
СВР Скопје санкционира 126 возачи кои направиле прекршоци

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (09.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 126 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 10 санкции, четири мерки за користење на мобилен телефон при управување, четири санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, седум мерки за некористење на сигурносен појас, 15 санкции за прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикл…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, истакнаа од МВР.
Скопје
Во Скопје посебен режим на сообраќај за утре и задутре

СВР Скопје ги известува граѓаните дека на 30.06.2025 (понеделник) и 01.07.2025 (вторник) поради одржување на средба на лидерите од Западен Балкан, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Скопје
Во училиште на подрачјето на населба Ѓорче Петров, жена со стол фрлила по вработена во училиштето, МВР го расчистува случајот

На 17.06.2025 во 08.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во просторија од основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, Н.С.(43) од Скопје со стол кој го фрлила наназад ја удрила Г.Н.(45) од Скопје-вработена во училиштето.
Се работи на расчистување на случајот, информираат од МВР.
Скопје
МВР: Расчистен вчерашниот инцидент во Чаир, поднесена кривична пријава против едно лице

По преземени мерки и активности, СВР Скопје – Единицата за насилен криминал, до ОЈО Скопје, поднесе кривична пријава по итна постапка по член 131 од Кривичниот законик против лицето Ф.С.(18) од Скопје.
Имено, на 17.06.2025 околу 19.50 часот на ул. ,,Цветан Димов” во Скопје, по кратка расправија во сообраќајот, настанала физичка пресметка помеѓу лицата Ф.С. и Р.С.(56) од една страна и 14-годишник од Скопје од друга страна, при што биле употребени остри предмети.
Во пресметката со тешки телесни повреди се здобиле малолетникот и Р.С., додека Ф.С. се здобил со телесни повреди. Ф.С. бил изведен пред судија на претходна постапка, кој му изрекол мерка на претпазливост – времено одземање на патната исправа, вели МВР.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за среда (2 јули)
-
Македонија2 дена
(ФОТО) СВР Охрид и „РЦ Запад“ подготвени за туристичката сезона и безбедноста на граѓаните и туристите
-
Магазин1 ден
(ВИДЕО) Хитот од Спасен Сиљаноски „Ќе ти дојдам вечер“ популарна и помеѓу најмладите генерации
-
Хороскоп8 часа
Хороскоп за четврток (3 јуни)
-
Магазин2 дена
YouTube повторно воведува ограничувања: што значат новите правила за помладите креатори
-
Автомобили18 часа
Најдобрите и најлошите автомобили за 2025 според корисниците
-
Lifestyle2 дена
Еве колку често треба да ја миете косата во лето: Ќе бидете шокирани
-
Lifestyle2 дена
Путерски кифли: подобри од пекарски — меки, воздушести и неодоливи