Скопје
Регистриран земјотрес со епицентар во скопско подрачје, истиот бил со интензитет од 3 степени

Од Сеизмолошка опсерваторија известуваат дека телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, 16.07.2024 година во 14 часот и 06 минути, регистрираше земјотрес чиj епицентар припаѓа на скопско епицентрално подрачје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.0.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во градот Скопје, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, пренесува Центарот за управување со кризи.
Извор: ЦУК
Скопје
Во училиште на подрачјето на населба Ѓорче Петров, жена со стол фрлила по вработена во училиштето, МВР го расчистува случајот

На 17.06.2025 во 08.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во просторија од основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, Н.С.(43) од Скопје со стол кој го фрлила наназад ја удрила Г.Н.(45) од Скопје-вработена во училиштето.
Се работи на расчистување на случајот, информираат од МВР.
Скопје
МВР: Расчистен вчерашниот инцидент во Чаир, поднесена кривична пријава против едно лице

По преземени мерки и активности, СВР Скопје – Единицата за насилен криминал, до ОЈО Скопје, поднесе кривична пријава по итна постапка по член 131 од Кривичниот законик против лицето Ф.С.(18) од Скопје.
Имено, на 17.06.2025 околу 19.50 часот на ул. ,,Цветан Димов” во Скопје, по кратка расправија во сообраќајот, настанала физичка пресметка помеѓу лицата Ф.С. и Р.С.(56) од една страна и 14-годишник од Скопје од друга страна, при што биле употребени остри предмети.
Во пресметката со тешки телесни повреди се здобиле малолетникот и Р.С., додека Ф.С. се здобил со телесни повреди. Ф.С. бил изведен пред судија на претходна постапка, кој му изрекол мерка на претпазливост – времено одземање на патната исправа, вели МВР.
Скопје
Во Скопје било пријавено дека залутано зрно од огнено оружје оштетило битолски „мерцедес“

На 15.06.2025 во 12.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „Лазар Личеновски“ од заталкано зрно од огнено оружје било оштетено ветробранско стакло од патничко возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на Т.Б. (71).
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР.
-
Македонија2 дена
Ново поскапување на сите горива од ноќеска, ова е новата цена за литар
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (24 јуни)
-
Хороскоп11 часа
Хороскоп за среда (24 јуни)
-
Магазин22 часа
Најбрз домашен сладолед со само една состојка
-
Магазин22 часа
Летен десерт со само две состојки – готов за 5 минути!
-
Автомобили22 часа
Toyota го претстави првиот електрифициран Land Cruiser во Европа
-
Спорт10 часа
Бенфика приреди вистинска сензација, Баерн беше поразен, но со втората позиција продолжува понатаму
-
На денешен ден10 часа
Времеплов: На денешен ден – 25 јуни