Скопје
Туристи од В.Британија и Полска пречекориле престој, предадени биле во надлежно одделение на понатамошна постапка

На 01.08.2024 во 19.05 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром – Скопје, полициски службеници ги привеле Ц.Д.Р.(24) од Велика Британија и М.К.Ч.(27) од Полска затоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека истите го пречекориле дозволениот престој во државата.
Тие биле предадени на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал миграции странци и реадмисија Скопје за понатамошна постапка.
Скопје
Лишен од слобода скопјанец, подметнал пожар во Ѓорче Петров

Вечерва (07.07.2025) полициски службеници од СВР Скопје на територија на Ѓорче Петров го лишија од слобода Д. Н. (57) од Скопје поради основи на сомнение дека околу 21.40 часот подметнал пожар односно запалил сува трева во тревникот на ул. “Стево Црвенковски” во Ѓорче Петров. Д.Н. бил забележан од граѓанин, кој пријави во СВР Скопје, а полициски службеници веднаш преземаа мерки и активности и сторителот е лишен од слобода.
По документирање на случајот, против Д.Н. ќе биде поднесена соодветна пријава, истакна МВР.
Скопје
Лишен од слобода „бајач“ од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра, сè претставувал истерувач на духови и магии

На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП пријавил кривично дело – „измама“ по чл. 247 ст.4 од Кривичниот законик на РСМ против лицето Д.И. (54) од село Трубарево, скопско.
Имено, според пријавителот во период од 2022 до 2025 година пријавениот со намера за себе да прибави противправна имотна корист, со лажно прикажување на факти ги довел и ги држел во заблуда пријавителот и неговата сопруга М.Д. прикажувајќи се самиот себе како лице со посебни паранормални способности (наводен „бајач“, истерувач на духови и магии), односно како “Божји човек” кој има моќ и сила да растури зла маѓија што наводно била направена над нивниот син и што наводно му го загрозувала неговото здравје и живот. Притоа, во наведениот речиси три годишен период ги навел оштетените лица во повеќе наврати на различни локации во Скопје и Берово да му даваат парични средства во висина од 5.000 до 6.000 евра за „помошта“, така што се стекнал со противправна имотна корист од вкупно 400.000 евра за посочениот период.
По примањето на пријавата од страна на полициски службеници од СВР Штип во содејство со полициски службеници од ОВР Берово, Одделот за криминалистичка полиција и СВР Скопје, а по насоки на јавен обвинител од надлежното ОЈО Кочани веднаш се преземени мерки и активности за расчистување на кривично правниот настан, при што паричните средства кои оштетениот по предходен договор со пријавениот имал намера да му ги даде, се крим-технички обработени.
Така вчера (04.07.) во Берово од слобода се лишени пријавениот Д.И. и неговата мајка Д.И. (76) од Трубарево, скопско кај која при извршен претрес се пронајдени парични средства во износ од 3000 евра. Од извршениот претрес во нивниот дом во Трубарево пронајдени се и одземени се предмети поврзани со кривичното дело – „измама”.
По целосно преземени мерки и активности против двете приведени лица е поднесена кривична пријава за продолжено кривично дело „измама” и истите се предадени на Судија за предходна постапка во Основниот суд Кочани, истакна МВР.
Скопје
МВР за пофалба, експресно го пронајдоа мотоциклистот кој усмрти пешак

Денеска (03.07.2025) во полициска станица во СВР Скопје е извршен службен разговор со Ф.Љ.(25) од Скопје, кој на 01.07.2025 околу 19.30 часот на пешачка патека во близина на ул.„Ленинова“ во Скопје, со мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, удрил во пешакот Ј.Н.(68) од Скопје, по што го напуштил местото на настанот, а од здобиените повреди Ј.Н. почина во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Денеска Ф.Љ. е лишен од слобода и по документирање на случајот, во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка, информираат од МВР.
-
Кичево20 часа
Нова самопослужна автоперална „Fi-Go“ во Кичево: Брзо, практично и достапно решение за чисто возило
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (7 јули)
-
Македонија2 дена
ПС за граничен надзор „Охридско езеро“ не запира, фатени живи албански државјани длабоко на наша територија во незаконит лов на риба
-
Спорт11 часа
(ВИДЕО) Екипата на „Рибник-Добреноец“ го освои првото место на традиционалниот турнир во мал фудбал по повод „Иванден“ с.Староец
-
Хороскоп10 часа
Хороскоп за вторник (8 јули)
-
Спорт2 дена
За „Иванден“ дефинитивно мора да бидете во с.Староец, на одлична традиција, фудбал и уживање
-
Македонија14 часа
ТППЕ Кичево сеуште дејствуваат во Самоков, до моментов 8 активни пожари ширум Македонија
-
Македонија1 ден
(ВИДЕО) Два хеликоптери на МВР и еден на АРМ утрово дејствуваат над пожарите во Чучер Сандево, Чучер и Блаце