Скопје
Земјотрес предмалку почуствуван во скопскиот регион
Предмалку земјотрес регистриран на 20 километри источно од Скопје.
Според EMSC истиот неофицијално е забележан со јачина од 3,4 или 3,8 степени.
Повеќе детали наскоро.
⚠Preliminary info: #earthquake (#земјотрес) about 20 km S of #Skopje (Republic of North Macedonia) 1 min ago (local time 02:02:04)❗MAGNITUDE NOT AVAILABLE YET❗Updates at:
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/AXvOM7I4Th
🖥https://t.co/wPtMW5ND1t pic.twitter.com/bf6EP9lgcH— EMSC (@LastQuake) September 23, 2024
Скопје
Усмртиле пешак, па лажеле да избегнат вина, СВР Скопје го расчисти случајот
На 02.11.2024 во 17.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул. „500“ и ул. „401“ во село Марино, скопско, патничко возило „хонда цивик“ со скопски регистарски ознаки, удрило во В.Н.(78) од село Марино, а потоа возилото го напуштило местото на настанот. Во несреќата, од здобиените повреди, на местото на настанот починала В.Н., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител телото на почината било предадено на обдукција. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје и биле преземени низа оперативни мерки за пронаоѓање на возачот и возилото. Прегледани се видео снимки од околни објекти, разговарано е со лице- сведок, како и со лицата кои се сопственици на возилото, кои во службен разговор изјавиле дека го дале возилото на непознато лице без купопродажен договор.
Но, по преглед на снимките од „Сејф сити”, констатирано е дека се работи за лажна изјава на сопственичката на возилото Ј.С. од Скопје, која веднаш е приведена во ПС Гази Баба и признала дека нејзиниот сопруг И.С. (46) го управувал возилото. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, за медиумите информираа од МВР.
Скопје
На подрачјето во скопски центар лице со остар предмет извршил разбојништво врз малолетник
Денеска (29.10.2024) во 09.30 часот во СВР Скопје, К.Н.(37) од Скопје пријавила дека на 28.10.2024 околу 13.00 часот на подрачјето на Центар, едно лице со закана со остар предмет одзело пари од нејзиниот малолетен син.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР.
Скопје
МВР: Приведен косовски државјанин, превезувал стока без документација
На 12.10.2024 околу 09.30 часот на наплатна станица Миладиновци во Скопје, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишиле од слобода Ш.К.(32) од Косово. При контрола во патничкото возило „мерцедес” со косовски национални ознаки, кое го управувал, во кое бил со уште едно лице, била пронајдена поголема количина стока за која не поседувал никаква документација и околу 40 парчиња бланко бугарски зелени картони.
Пронајденото било одземено, а лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (9 ноември)
-
Кичево10 часа
(ФОТО) Вечерва се реализира спектакуларен концерт на КУД „Нико Пусоски“ од Кичево, каде со своето присуство настанот го збогатија гостите од соседна Србија
-
Театар2 дена
Во Кичево после подолго време доаѓа еден од првите „стенд ап“ комичари – Марјан Георгиевски, картите се пуштени во продажба, ќе биде забавно!
-
Хороскоп8 часа
Хороскоп за недела (10 ноември)
-
Македонија2 дена
Од ноќеска дизелот со нова покачена цена, бензините остануваат исти
-
Lifestyle20 часа
Пет лесни начини за омекнување на тврдо парче месо
-
Спорт2 дена
Сите на градски: Од понеделник во продажба карти за мечевите против Летонија и Фарски Острови
-
Спорт2 дена
ФФМ преку програмата „Хет-трик“ започна изградба на нова трибина на кичевскиот стадион