Следете не

Скопје

СВР Скопје го расчисти случајот со пожарот во Расадник, поднесена е кривична пријава против 14-годишник, фрлал пиротехника запалена со запалка

Објавено пред

на

На 06.09.2024 СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против 14-годишен малолетник за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност”, предвидено и казниво по член 288 од КЗ. Имено, пријавениот, заедно со уште две деца кои не наполниле 14 години и не подлежат на кривична одговорност, на 03.09.2024 околу 15 часот во местото викано Расадник, на територија на општина Кисела Вода во Скопје, фрлале пиротехнички средства кои претходно ги запалиле со запалка, по што се запалила сувата трева и настанал пожар кој зафатил површина од околу три хектари.

Со брзата реакција на полициски службеници од СВР Скопје, во координација со други служби, пожарот е локализиран и спречено е настанување на штета од големи размери, извести МВР.

Скопје

Дури 570 санкции во главниот град, 150 од нив биле за возење со брзина поголема од дозволената

Објавено пред

на

©porta.mk

Согласно планот за засилени мерки во сообраќајот на подрачјето на СВР Скопје, во текот на 07.02.2025 полициски службеници од СВР Скопје спроведоа зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот на целата територија на СВР Скопје, при што санкционирани се вкупно 570 возачи.

Од нив 150 се возење со брзина поголема од дозволената, 22 за управување возила без возачка дозвола, 04 возачи управувале возило со активна мерка забрана за управување моторно возило, по еден возач управувале возило под дејство на алкохол и возило со измината важност на регистрација. Останатите мерки се однесуваат на останатите прекршоци, од кои најголем број се за погрешно или недозволено паркирање.

Сообраќајните контроли по планот продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, истакна МВР за медиумите.

Прочитај повеќе...

Скопје

Утре во Скопје на поширокото централно подрачје ќе има посебен режим на сообраќај поради посета на висок функционер на Република Црна Гора

Објавено пред

на

СВР Скопје денес ги извести граѓаните дека денеска (27.01.), но и утре (четврток) (28.01.2025) во Скопје, односно во официјална посета на Република Македонија ќе присуствува Претседателот на Собранието на Република Црна Гора, г.Андрија Мандиќ и поради тоа Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници, пренесува МВР.

Прочитај повеќе...

Скопје

Скопјанка пријавила дека машко лице ја допирало по телото

Објавено пред

на

На 14.01.2025 во 22.00 часот во СВР Скопје, 18 – годишна девојка од Скопје пријавила дека во влез од станбена зграда на подрачјето на Центар, едно машко лице ја допирало по телото.

СВР Скопје, истакна дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Магазин33 минути

Денес, 14 февруари се слави виното и љубовта

Православните верници денеска го слават Свети Трифун, заштитник на градинарите и на лозарите, не исклучувајќи ја неговата важност како заштитник...

Хороскоп6 часа

Хороскоп за петок (14 февруари)

ОВЕН Мирен ден е пред вас и ова темпо одамна не сте го почувствувале. Претходно секогаш брзавте некаде и не...

Автомобили9 часа

Ништо од заедничката интеграција на автомобилските брендови „Honda, Nissan и Мitsubishi“

Јапонските производители на автомобили Honda, Nissan и Mitsubishi велат дека ги финализираат разговорите за деловна интеграција. Упатени извори велат дека...

Автомобили9 часа

Од овие грешки кои ги правиме, можни се големи проблеми на рачниот менувач на вашиот автомобил

Рачниот менувач може да се расипе поради повеќе причини, од кои неколку се поврзани со грешки направени од самите возачи....

Свет9 часа

„ADAS“ минатата година измери 859,000 километри сообраќаен метеж во Германија

Германскиот ADAC минатата година објави статистика за сообраќајниот метеж на автопатите. Накратко, ситуацијата е катастрофална. А некои би сакале да...

Здравје и убавина14 часа

Киселини во желудник: Седум намирници за спас кои ја гасат „огнената“ болка

Киселините во желудникот се симптом на болести во дигестивниот систем или на несоодветна исхрана кои се проследени со непријатно печење...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за четврток (13 февруари)

ОВЕН Тешко дека овие дена ќе можете да изберете што е најдобро за вас, главно затоа што нема да можете...

Кичево2 дена

„Супра Психолошкиот Центар“ во соработка со кичевската ПЗУ „Супра Медика“ организира бесплатно пријавување на луѓе за поддршка на болни од малигни заболувања

„Супра Психолошки Центар“ во соработка со ПЗУ „Супра Медика“ од Кичево, организира бесплатно вклучување на луѓе кои боледуваат од малигни...

Магазин2 дена

„DeepSeek“ може да биде забранета во САД

Според предвидувањата на извршниот директор на ARM, апликацијата DeepSeek би можела да стане подеднакво популарна во САД како и TikTok....

Магазин2 дена

YouTube – Две децении доминација во интернет видеото

YouTube минатата година достигна повеќе од 2,5 милијарди гледачи ширум светот, а бројот на претплатници на неговите музички и премиум...

НАЈЧИТАНИ