Кичево
(ВИДЕО) Денес кнежинскиот манастир блесна со Ѓурѓовденски концерт, каде културно уметничките друштва на градот се претставија со свои традиционални ора
![](https://porta.mk/wp-content/uploads/2024/05/knezino2222.png)
Денеска во манастирот на Светиот Великомаченик Георгиј во с. Кнежино – кичевско, се одржа културно-уметнички настан, со кој практично се заокружува светлата пасхална седмица со блесок на Велигденско-Ѓурѓовденски концерт на културно уметничките друштва на градот Кичево КУД „Бисер“, „Нико Пусоски“, „Младост“ и „Рацин“. Програмата ја водеше г-дин Цане Ѓорѓиоски, основач на КУД „Бисер“, кој му се заблагодари на нашиот возљубен старец, игумен на Бигорскиот манастир, г. Партениј и му посака добро здравје.
Гости се разбира беа нашите Сестри од манастирот Св.Пречиста, како и членови од Хорот Митрополит „Козма Пречистански“, додека овој преубав настан, со своето присуство го збогати и директорот на НЦУК „Кочо Рацин“ од Кичево, г-дин Мазлам Османи кој секогаш е присутен на сите настани на фолклорните ансамбли во Кичево, како голем поддржувач на истите.
Во видео запис од нешто помалце од еден час ќе уживате во убавите традиционални македонски ора
Кичево
„ГАП Осигурување“ за вашите потреби сега со нова филијала во Кичево
![](https://porta.mk/wp-content/uploads/2024/07/gap1-kic.jpg)
Осигурителното Брокерско Друштво ГАП Осигурување, официјално започна со работа во јануари 2024 година. Акционерите, воедно и визионери кои своето долгогодишно работно искуство во стопанството го преточија во успешна мисија, односно се впуштија во креирање на едно ново поглавје во осигурителниот бизнис. Претходните долгогодишни клиенти и соработници, упатуваат целосна поддршка за нејзина реализација.
Изберете ја компетентност на прво место, за ваше застапување пред осигурителните компании, како во поглед на склучување на договори за осигурување, така и при реализација на евентуални штети и креирање на нови осигурителни производи и услуги по ваша мерка.
Располагаат со своја подружница во Битола, а од неодамна и во нашиот град Кичево, ГАП Осигурување ви нуди брза услуга, подготвена да се справи со сите осигурителни предизвици.
Битола:
![ГАП Осигирување - Битола ГАП Осигирување - Битола](https://porta.mk/wp-content/uploads/2024/07/gap-bitola-768x1024.jpg)
ГАП Осигирување – Битола
Канцеларијата во Кичево е во срцето на градот, односно на Булевар Ослободување бр.52, а таму ќе ве пречекаат вработени со широко познавање во својата фела, спремни веднаш да ви ги пружат најдобрите поволности.
Кичево:
![ГАП Осигирување - Кичево ГАП Осигирување - Кичево](https://porta.mk/wp-content/uploads/2024/07/gap2-kic-1024x577.jpg)
ГАП Осигирување – Кичево
Официјални контакти:
Битола, Никола Тесла бр.34
е-пошта: [email protected]
телефон: 075 284 631
Кичево, Булевар Ослободување бр.52
е-пошта: [email protected]
телефон: 078 224 884
Кичево
(ФОТО) Сообраќајка во близина на с.Трапчиндол на регионалниот пат Кичево-Гостивар
![](https://porta.mk/wp-content/uploads/2024/07/soobrakajka_tralcindol.jpg)
Пред нешто повеќе од еден час се случила сообраќајна несреќа на регионалниот пат Кичево-Гостивар, во близина на с.Трапчиндол.
Во несреќата учествувале две возила, Тојота (патничко) со албански национални рег.таблици и Киа со македонски регистарски таблици.
Причинета е материјална штета, додека за здравјето на учесниците од евентуални повреди немаме подетални информации.
Екипи на ОВР Кичево вршат увид, додека сообраќајот се одвива непречено.
* Апел, за поголемо внимание во сообраќајот, овој период од годината секогаш интензитетот на автомобили во движење е зголемен, што нашето евентуално невнимание може да придонесе до несакани последици и несреќи во сообраќајот.
Имајте пријатни патувања!
Кичево
„АТВА Маркет“ 4 слави роденден, по тој повод имаат производи со акциски цени!
![](https://porta.mk/wp-content/uploads/2024/07/fb_img_1721029239402.jpg)
Нова роденденска акција, во АТВА 4 маркетот кој се наоѓа на Ул. Солунска бр 27, во населбата раштански пат.
👉Голем број на производи по намалени цени!
👉Акциски производи 1+1 гратис!
Искористете ја оваа одлична акција која трае од 15.07 – 17.07.2024
-
Хороскоп21 час
Хороскоп за петок (26 јули)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (25 јули)
-
Кичево2 дена
„ГАП Осигурување“ за вашите потреби сега со нова филијала во Кичево
-
Временска прогноза2 дена
Денес и утре посвежо особено на утро, еве какво време ни претстои
-
Македонија1 ден
МВР истакна важно соопштение по повод чествување на 2-ри август во Крушево
-
Спорт1 ден
Закажано извлекувањето на паровите за новата сезона 24/25 од првата македонска фудбалска лига
-
Технологија22 часа
Apple би можел да примени технологија која му овозможува на „iPhone“ внатрешна меморија од 2TB?
-
Балкан41 минута
Во Србија граѓаните ќе предложуваат локации за „радар“ за зголемена сообраќајна контрола