Следете не

Кичево

Во вторник по трет пат во Кичево ќе се одржи „Концерт на млади пијанисти“, кои ќе приредат вистинско уживање во звуците на познатите великани во класичната музика

Објавено пред

на

Во вторник, 08 октомври од 19:30 часот во НУЦК „Кочо Рацин“ во Кичево, по трет пат ќе се одржи „Концерт на млади пијанисти“. Овој настан е организиран од страна на претседателот на Музичка Академија Кристина , проф м-р Костадиноска Кристина во соработка со НУЦК „Кочо Рацин“ Кичево.

Учество на оваа манифестација ќе земат 11 млади пијанисти од различни возрасти, со бројни први, втори и трети награди на меѓународни натпревари: Јосифоска Јоана, Спахиу Ориола, Јолеска Бисера, Касијана Матеска, Јолеска Јана, Димитриеска Надја, Јосифоска Гордана, Емини Тарик, Дабески Давор, Бодеска Теона и Дамјаноска Дарија.

Повелете да уживаме во звуците на познатите великани од класичната музика Бах, Хајдн, Бетовен, Бургмулер, Чајковски, Шопен

Проект поддржан од Општина Кичево

Кичево

ОВР Кичево изврши контрола на житниот пазар, пронајде нерегуларни продукти на јавна површина

Објавено пред

на

На 15.02.2025 на подрачјето на Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево извршија контроли на лица кои вршат продажба на производи на јавна површина. Притоа, на две тезги на житниот пазар, затекнати се М.Д.(60) од Скопје и А.Џ.(66) од Кичево, кои за продажба изложиле повеќе парализатори и метални палки на преклоп и други предмети.

Врз основа на членот 80 од Законот за оружје, предметите се одземени, а против двете лица ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, за медиумите и јавноста известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Прочитај повеќе...

Кичево

(ФОТО) Момчињата од „ФК Кичево“ денес одиграа два контролни меча со одличната екипа на „ФК Гостивар“ на гостински терен

Објавено пред

на

Во рамки на денешниот ден нашата екипа од „ФК Кичево“ генерација 2011 и 2014 година одиграа два контролни меча со соодветна екипа на „ФК Гостивар“. Преку нашиот медиум, управата и тренерите упатуваат голема благодарност до домаќинот екипата на „ФК Гостивар“ и нивниот координатор г-дин Менсур Јакупи за одличниот прием и можноста да нашите момчиња стекнат нови пријателства и искуства.

Галерија од денешните натпревари, „ФК Кичево“ ген. 2011:

Престижната генерација 2014:

Прочитај повеќе...

Кичево

„Супра Психолошкиот Центар“ во соработка со кичевската ПЗУ „Супра Медика“ организира бесплатно пријавување на луѓе за поддршка на болни од малигни заболувања

Објавено пред

на

©porta.mk

Супра Психолошки Центар“ во соработка со 🩺 ПЗУ „Супра Медика“ од Кичево, организира бесплатно вклучување на луѓе кои боледуваат од малигни заболувања и членови од нивното потесно семејство.

Г-ѓа Наташа Дамјаноска – Психолог: Поаѓајќи од личното и професионалното искуство стекнав увид во тоа колку е важна поддршката од страна на семејството и блиските во состојба на болест, а посебно кога е во прашање дијагноза канцер. Како што е потребата од поддршка важна за болните, исто така е голема потребата за поддршка и на членовите на семејството. После добивање на дијагнозата кај луѓето се манифестира целокупниот емоционален спектар и тоа не само стравови, гнев, раздразливост, туку и тага. Настануваат значителни промени на психолошко и социјално поле.

Во последниот период заболувањето од канцер се третира многу поуспешно и многу видови канцер се излечливи, но самата асоцијација најчесто е тешка болест и смрт. Една од најважните задачи на овие групни работилници е да им се покаже дека истите не се сами во овој процес, да бидат ислушани, разбрани и поддржани – за нашиот медиум истакна Психолог Дамјаноска

Преку интегрално соопштение до јавноста, ги охрабруваат сите кои сакаат да се приклучат во групата, дека истото можат да го направат со пријавување лично на тел бр. ☎️ 078/313-344

– Имено, да напоменеме кичевската установа 🩺 ПЗУ „Супра Медика“ која се грижи 19 години за здравјето на пациентите, поседува ординации по Општа медицина – два тима на матични лекари, Ординација по интерна медицина, Психолошко советувалиште, а во својата дејност поседува и широка палета на лабораториски анализи во соработка со врвни референтни лаборатории.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт4 часа

Омерагиќ: „Очекувам секогаш да судите со праведност и непристрасност“. Кичевските професионални судии со поддршка за Масар Омерагиќ, претседател на ФФМ

Во рамки на денешниот ден, професионалните судии кои се дел од Општинскиот фудбалски сојуз Кичево имаа работна средба во „Куќа...

Кичево7 часа

ОВР Кичево изврши контрола на житниот пазар, пронајде нерегуларни продукти на јавна површина

На 15.02.2025 на подрачјето на Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево извршија контроли на лица кои вршат продажба на производи...

Lifestyle8 часа

Како да ги одржувате вашите банани свежи подолго? Не ги ставајте на ова место

Ставањето зрели банани во фрижидер може да го одложи процесот на презревање. Иако многу луѓе мислат дека бананите секогаш треба...

Lifestyle8 часа

Како секојдневното консумирање на маслиново масло влијае на организмот

Маслиновото масло е познато по своите здравствени придобивки, без разлика на целокупниот квалитет на исхраната. Според едно истражување, редовната консумација...

Lifestyle8 часа

Киселата вода и вашето здравје – предности и недостатоци

Киселата вода, позната како „шампањ на водите“, е популарен освежителен пијалок кој често се консумира како замена за газираните сокови....

Автомобили8 часа

Peugeot размислува за враќање на GTi – но во електрична верзија

Peugeot би можел да го оживее моделот 208 GTi како електричен спортски автомобил, откри новиот извршен директор на француската марка,...

Магазин8 часа

Instagram тестира копче „Dislike“ – еве како ќе функционира

Instagram воведува нова опција што им овозможува на корисниците да изразат негативно мислење за коментарите под објавите и Reels видеата....

Магазин8 часа

Apple Maps ќе воведе реклами – промена што може да ги налути корисниците

Apple планира да воведе реклами во својата услуга Apple Maps, слично како што веќе направи Google Maps. Оваа промена би...

Lifestyle8 часа

Што е целосен протеин, зошто му е потребен на телото и која храна го содржи?

Целосниот протеин не е само тренд, туку клучен дел од здравата исхрана. Тој ги содржи сите девет есенцијални амино киселини:...

Магазин8 часа

Сè уште најпопуларен: Windows 10 го користат речиси 50% од играчите на Steam

И покрај најавениот крај на поддршката од Microsoft, Windows 10 останува доминантен оперативен систем меѓу корисниците на Steam. Microsoft планира...

НАЈЧИТАНИ