Кичево
Кичево: Во среда се одржува премиера на македонскиот филм „Бизнисот на задоволството“

На 2 октомври во Центарот за култура „Кочо Рацин“ – Кичево премиера на најновиот македонски филм „Бизнисот на задоволството“ во режија на Гоце Цветановски.
На премиерата ќе бидат присутни актерите заедно со режисерот Гоце Цветановски.
Почеток: 19:30 часот.
Влез: 100 денари.
Билети може да се купат на билетарата од Ценатрот за култура два часа пред почеток на филмот.
Синопсис: Откако ја изгубила својата најдобра пријателка како жртва на трговија со луѓе, една новинарка опсесивно работи на својата цел да ја разбие мрежата за сексуално ропство. Но, како што нејзините соучесници се приближуваат до шефот, ситуацијата излегува од контрола.
Режисер: Гоце Цветановски
Продуценти: Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски
Времетраење: 97 минути
Категоризација: 16+
Не го пропуштајте, ќе ви се допадне, Ви посакуваме возбудлива кино вечер.
Кичево
ТППЕ Кичево го стави под контрола пожарот кој вечерва избувна во с.Лазоровци кичевско, причинета била материјална штета

Предмалку спречена поголема огнена катастрофа во кичевското село Лазоровци. Имено од за сега нејасни причини избувнал пожар во плевна и гаража со автомобил. По добиената информација од терен – Порта.мк веднаш стапи во контакт со службените лица од Територијалната противпожарна единица од Кичево кои ни ја потврдија информацијата за точна.
– Избувнатиот пожар е ставен под контрола, причинета е за среќа само материјална штета. На терен дејствувавме со 3 камиони и 15 пожарникари, нема простор за паника, за Порта.мк истакнаа од ТППЕ Кичево.
Повеќе очекуваме утре во дневниот билтен за медиуми од СВР Охрид.
Кичево
(ФОТО) „Ветрот ќе шепоти за нивната невиност, огнот ќе сведочи за нивната болка“ – Кичево оддаде почит за загинатите во несреќата во Кочани

Во рамки на денешниот ден кичевчани оддадоа почит за трагично загинатите во траорната несреќа која се случи во ноќниот локал во Кочани, каде загинаа најмалку 59 лица, а речиси над 160 се на лекување. Македонија и регионот не памети поголема катастрофа во поновата историја.
Денес во сите градови ширум државата во знак на почит према прерано згаснатите животи се организираат мирни маршеви и собири, во Кичево во организација на група ученици од кичевската гимназија истиот се реализираше во 12:00 часот.
– Маршот беше со збирно место од пред ОСУ „Мирко Милески“, така што поворката се движеше преку булевар „Ослободување“ за на крај да заврши на градскиот плоштад, каде присутните со едно минутно молчење, положија свежо цвеќе и запалија свеќи со молитви за мир на душите од починатите.
– Нашиот медиум уште еднаш ја користи оваа прилика да изрази најдлабоко сочувство до најблиските засегнати во оваа катастрофа, на повредените посакуваме што побрзо закрепнување и враќање во домовите со нивните најблиски.
Во прилог тажна галерија од денешниот настан, која просиме од Бога да биде последна!
Кичево
Кичевските гимназијалци утре со мирен собир ќе оддадат почит кон загинатите во страшната несреќа во Кочани

Група на ученици преку социјалните мрежи упатуваат покана до сите свои врсници од кичевското средно општинско училиште „Мирко Милески“ но и останатите, во знак на почит за прерано починатите лица во страшната несреќа во Кочани, утре 18-ти март (вторник) со почеток од 12:00ч со збирно место во кругот на гимназијата ќе реализираат мирен собир.
Како што дојдовме до дополнителна информација, станува збор за мирен собир, односно марш, крајна цел ќе биде градскиот плоштад, каде ќе се полага свежо цвеќе и палење свеќи. За таа цел, настанот бил најавен во релевантните локални органи и институции.
-
Хроника18 часа
Филип успеал да излезе, но се вратил во огништето по другарка, потоа никогаш не излегол надвор
-
Кичево14 часа
ТППЕ Кичево го стави под контрола пожарот кој вечерва избувна во с.Лазоровци кичевско, причинета била материјална штета
-
Кичево2 дена
(ФОТО) „Ветрот ќе шепоти за нивната невиност, огнот ќе сведочи за нивната болка“ – Кичево оддаде почит за загинатите во несреќата во Кочани
-
Македонија2 дена
Министерството за здравство предмалку истакна најново соопштение
-
Македонија15 часа
Предмалку земјотрес почуствуван во источна Македонија
-
Македонија2 дена
Агенцијата за цивилно воздухопловство и МВР со важно известување за корисниците на воздухоплови без екипаж „дронови“ за територија Кочани и Штип
-
Скопје2 часа
МВР експресно ги лиши од слобода лицата кои правеа огномет синоќа во Скопје
-
Македонија2 дена
Сообраќајци се обиделе да сопрат возило со мигранти, изгубило контрола и удрило во нив!