Кичево
(ФОТО) ФК „Кичево“ вечерва во Охрид прикажа „спартанска“ игра и го победи домаќинот „Еврофудбал“, за прв пат под рефлектори!

Денес се одигра третото коло од детската лига во југозападниот регион, а нашите најмлади надежи од генерација 2014/2015 г. имаа можност за прв пат да играат натпревар во вечерните часови, односно под рефлектори на стадионот при СРЦ „Билјанини Извори“ – Охрид.
Натпреварот одигран против домаќините Еврофудбал заврши со победа на нашите момчиња од ФК „Кичево“ со резултат од 0:1. Стрелец на единствениот гол за нашата екипа беше Кристијан Николоски кој успешно се проби и прецизно стрелаше за својата екипа, прославувајќи со акробатска „ѕвезда“ атрактивно за голема радост на гледачите!
Максим Николаевски – тренер на ФК „Кичево“: Бевме сведоци на одлична игра, многу шанси и надигрувања. Нашата екипа имаше блескава игра и шанси за резултатот да биде поубедлив против тимот кој е еден од водечките во оваа генерација, додека мрежата ја зачувавме без примен гол на втор натпревар по ред. Честитам за пожртвуваноста на цел тим, со прикажана игра од ваков тип како денес, сигурен сум дека на сите дечиња им претстои блескава иднина, а нашиот клуб ќе го издигнеме високо на пиедесталот, впрочем тоа е и нашиот стремеж.
Галерија преку нашиот објектив:
Кичево
В сабота во нашиот храм Св. Петар и Павле – Кичево, ќе се богослужи Заупокоена Литургија, поради смртта на трагично загинатите во Кочани

Поради смртта на трагично загинатите во пожарот во Кочани, во сабота ќе се богослужи Заупокоена Литургија со почеток од 08:00 часот во градскиот храм „Свети апостоли Петар и Павле“ во Кичево.
Сите треба молитвено да земеме учество и во мир да се помолиме за упокоение на душите на починатите, а за здравје на оние кои се лекуваат, затоа што само така се покажува христијанскиот мир и свесноста за преумување, истакнаа од кичевската парохија.
Кичево
ТППЕ Кичево го стави под контрола пожарот кој вечерва избувна во с.Лазоровци кичевско, причинета била материјална штета

Предмалку спречена поголема огнена катастрофа во кичевското село Лазоровци. Имено од за сега нејасни причини избувнал пожар во плевна и гаража со автомобил. По добиената информација од терен – Порта.мк веднаш стапи во контакт со службените лица од Територијалната противпожарна единица од Кичево кои ни ја потврдија информацијата за точна.
– Избувнатиот пожар е ставен под контрола, причинета е за среќа само материјална штета. На терен дејствувавме со 3 камиони и 15 пожарникари, нема простор за паника, за Порта.мк истакнаа од ТППЕ Кичево.
Повеќе очекуваме утре во дневниот билтен за медиуми од СВР Охрид.
Кичево
(ФОТО) „Ветрот ќе шепоти за нивната невиност, огнот ќе сведочи за нивната болка“ – Кичево оддаде почит за загинатите во несреќата во Кочани

Во рамки на денешниот ден кичевчани оддадоа почит за трагично загинатите во траорната несреќа која се случи во ноќниот локал во Кочани, каде загинаа најмалку 59 лица, а речиси над 160 се на лекување. Македонија и регионот не памети поголема катастрофа во поновата историја.
Денес во сите градови ширум државата во знак на почит према прерано згаснатите животи се организираат мирни маршеви и собири, во Кичево во организација на група ученици од кичевската гимназија истиот се реализираше во 12:00 часот.
– Маршот беше со збирно место од пред ОСУ „Мирко Милески“, така што поворката се движеше преку булевар „Ослободување“ за на крај да заврши на градскиот плоштад, каде присутните со едно минутно молчење, положија свежо цвеќе и запалија свеќи со молитви за мир на душите од починатите.
– Нашиот медиум уште еднаш ја користи оваа прилика да изрази најдлабоко сочувство до најблиските засегнати во оваа катастрофа, на повредените посакуваме што побрзо закрепнување и враќање во домовите со нивните најблиски.
Во прилог тажна галерија од денешниот настан, која просиме од Бога да биде последна!
-
Кичево1 ден
ТППЕ Кичево го стави под контрола пожарот кој вечерва избувна во с.Лазоровци кичевско, причинета била материјална штета
-
Хроника1 ден
Филип успеал да излезе, но се вратил во огништето по другарка, потоа никогаш не излегол надвор
-
Хроника8 часа
Странските медиуми со траорни фотографии и директни преноси известуваат од Кочани и покрај најострата и недвосмислена осуда на Владата!
-
Хроника13 часа
Ана Костадиновска за прв пат се огласи на фејсбук и прости од своето второ семејство
-
Хроника10 часа
МВР ги овјави имињата на трагично загинатите во Кочани
-
Скопје14 часа
МВР експресно ги лиши од слобода лицата кои правеа огномет синоќа во Скопје
-
Кичево12 часа
В сабота во нашиот храм Св. Петар и Павле – Кичево, ќе се богослужи Заупокоена Литургија, поради смртта на трагично загинатите во Кочани
-
Македонија1 ден
Предмалку земјотрес почуствуван во источна Македонија