Временска прогноза
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а високо на планините со повремен снег. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, известува Управата за хидрометеоролошки работи
Временска прогноза
Попоски истакна дека најмалку до првата седмица од јуни месец ќе имаме слично време, можеби и со пониски температури

Најновиот излез на прогностичките материјали истакнува најмалку до 6 јуни на повидок нема да има никакви температурни покачувања на воздухот.
Според тоа Попоски апелира дека следува уште поголем пад на температурите, многу нестабилно време проследено со дожд и ветрови. Тој исто така истакна, во случај на појава на невреме и на електрични празнења да се избегнува претстој на отворен простор или под осамени дрвја.
За порта.мк предмалку Славчо Попоски во телефонски повик истакна дека оваа најава будно ќе се следи, додека подетална метео анализа следува во текот на утрешниот ден.
Временска прогноза
Попоски: Продолжува нестабилно време, со развој на грмотевични облаци

Во текот на новата седмица која ни претстои, односно во периодот од понеделник (19 мај) до недела (25 мај) во нашата Република Македонија ќе биде потопло, особено преку ден, но како што претходно кажав, некое големо затоплување и температури кои доликуваат за втората половина на месец мај не очекувам. Ти речиси насекаде ќе надминуваат 20 степени, додека во Повардарието тие очекувам да надминат и 25 степени. Сепак наутро ќе биде сеуште ладно, особено во почетокот на седмицата.
Времето, особено во претпладневните часови ќе биде претежно стабилно, суво и со сончеви периоди. Во попладневните часови атмосферата ќе се дестабилизира, и локално ќе се развиваат грмотевични облаци од кои очекувам појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално, не ја исклучувам можноста и за појава на краткотрајно невреме.
И во делови од Скопскиот регион во текот на седмицата во попладневните часови, повремено очекувам развој на грмотевични облаци од кои очекувам појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, предмалку соопшти Славчо Попоски.
Временска прогноза
Викендов променливо облачно со локален слаб дожд, утринските температури ќе бидат во интервалот од 1 до 8 степени

За време на овој викенд денес сабота и утре недела, во Македонија во ноќните и во раните утрински часови ќе имаме значително поладно време, со температури кои ќе се спуштат во интервалот од 1 до 8 степени, додека на повисоките и на планинските места температурите очекувам да се спуштат и за некој степен под нулата. Особено на повисоките населени места и на планините ќе има и појава на слаб утрински мраз.
– Преку денот пак времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а само локално ќе има услови за краткотраен дожд. Максималните дневни температури пак ќе бидат во постепен пораст, па така тие, особено во недела ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени.
Во Скопје и околината ќе имаме многу слично време како и во другите делови од Македонија, информира Славчо Попоски
-
Кичево23 часа
(ФОТО) Денес во кичевската касарна „Чеде Филипоски – Даме“ – со свеченост беше реализиран 21-ви Мај – „Денот на единицата“
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (21 март)
-
Хороскоп13 часа
Хороскоп за четврток (22 мај)
-
Временска прогноза16 часа
Попоски истакна дека најмалку до првата седмица од јуни месец ќе имаме слично време, можеби и со пониски температури
-
Македонија20 часа
Приведен измамник: Преку фејсбук страница продавал наводно благословени предмети
-
Македонија2 дена
Посебен сообраќаен режим за експресниот пат А3 Штип – Кочани од клучка Крупиште до клучка Кочани
-
Здравје и убавина2 дена
Вниманието во храната во борбата против заморот е многу битна за човековиот организам
-
Спорт22 часа
ФФМ и МВР потпишаа Меморандум за унапредување на безбедноста на фудбалски настани и заштита на интегритетот