Временска прогноза
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне во источните делови од Македонија ќе има повремен дожд и услови за грмежи
Времето денес во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во источните делови ќе има повремен локален дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец.
Во главниот град, исто така ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Што се однесува до новонастанатата состојба со времето, што практично тлее невообичаено време за овој период од годината ќе се задржи и во понатамошниот период од месецот.
Временска прогноза
Оваа седмица продолжува периодот на под просечни температури за септември со чести врнежи од дожд и грмежи
Циклонската активност која не зафати уште од изминатата седмица, продолжува и во текот на оваа, и истата ќе условува да имаме чести повремени локални врнежи од дожд и тие локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи како и со засилување на ветерот. И во Скопскиот регион во текот на оваа седмица продолжува променливото време со повремени врнежи од дожд, во делови од котлината тие повремено ќе бидат поројни и со услови за појава на грмежи, како и со засилување на ветерот.
Што се однесува до температурите, тие остануваат невообичаено ниски за месец септември, па така наутро на многу места ќе се спуштаат и под 10 степени, понекаде и под 5 степени, а особено на високите планински места температурата очекуваме да се спушти и до околу нулата, со што е можна и појава на првиот мраз за оваа сезона. Преку ден исто така останува свежо со максимални дневни температури кои ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени. Во Скопје наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 9 и 14 степени, додека максималната дневна температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 21 и 24 степени.
Да напоменам дека ладниот и влажен бран кој изминатата ноќ ја зафати Македонија, го донесе првиот снег за оваа сезона и на високите предели на Шар Планина, претходно снег падна и на Пелистер, за Порта.мк пишува Славчо Попоски
Временска прогноза
Викендов големо заладување на времето, ќе дува силен ветер, а ќе имаме и дожд
Добро утро почитнувани читатели. За време на овој викенд, и тоа особено од утре (недела), и тоа поради продор на многу поладен воздух од север, ни следува дополнително заладување на времето, а сето ова ќе биде проследено и со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет.
Денес (сабота) повремено ќе дува силен ветер од југозападен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час), додека утре (недела) повремено ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец.
И во Скопскиот регион за време на овој викенд ќе има појава на повремен локален дожд. Денес (сабота) повремено ќе дува засилен југозападен, а утре (недела) северозападен ветер.
Поради падот на температурите на воздухот, не се исклучува можноста на највисоките планински врвови во Македонија (над 2000 м.н.в) да провее и првиот снег за оваа сезона.
Што се однесува до температурите, тие ќе бидат далеку под просекот за месец септември, особено од утре (недела), кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот само од 14 до 23 степени.
Во текот на утрешното неделно утро пак минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 13 степени, пишува Славчо Попоски
Временска прогноза
Од утре нашиот регион влегува во нов подолг период на променливо време со чести врнежи од дожд
По краткотрајната стабилизација на времето која ја имаме, веќе од утре (петок) влегуваме во нов подолг период на променливо време со чести врнежи, додека поради продор на многу поладен воздух од север, температурите дополнително ќе опаднат и ќе бидат невообичаено ниски за овој период од годината.
Утре (петок) од запад ќе се прошират нови врнежи од дожд, локално поројни и проследени со грмежи како и со засилен ветер. Локално се можни поинтензивни атмосферски процеси во форма на невреме. Утре (петок), како и во сабота ќе дува повремено засилен ветер од јужен и од југозападен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час).
Во сабота и во недела ќе има појава на повремен локален дожд, додека во текот на следната седмица и тоа под влијание на серија влажни воздушни бранови повремено ќе имаме пообилни врнежи од дожд. Поради падот на температурите, за време на викендот, како и во текот на следната седмица, не се исклучува можноста на највисоките планински места (над 2000 м.н.в) да има провејување и на првите снегулки за оваа сезона.
И во Скопскиот регион утре (петок) се очекуваат нови врнежи од дожд, а ќе дува и засилен јужен ветер. Во делови од котлината врнежите ќе бидат поројни со услови за појава на грмежи. Во сабота и недела во делови од котлината ќе има услови за краткотраен дожд, а во текот на следната седмица повремено ќе има пообилни врнежи од дожд.
Што се однесува до температурите, тие наутро, но и преку ден ќе бидат невообичаено ниски за овој дел од годината. Наутро на многу места тие ќе се спуштаат под 10 степени, понекаде и под 5 степени, а особено на повисоките и на високите планински места тие ќе се спуштаат и до околу, па дури и под нулата. Не се исклучува можноста за време на викендот, како и во текот на следната седмица во Македонија да се појави и првиот утрински мраз за оваа сезона, особено на високите и на планинските места.
Максималните дневни температури пак , од викендов, па и во текот на следната седмица ќе се искачуваат во интервалот претежно од 15 до 23 степени, пишува Славчо Попоски
-
Хороскоп21 час
Хороскоп за четврток (19 септември)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (18 септември)
-
Македонија3 часа
РЕК Осломеј, Битола и ТЕЦ Неготино добија ново раководство
-
Кичево5 часа
(ФОТО) Министерот за одбрана Владо Мисајловски денес ја посети кичевската касарна ,,Чеде Филиповски – Даме’’
-
Lifestyle10 часа
Експертите потврдија: Ова е официјално најздравиот зеленчук во светот
-
Магазин1 ден
Дали користите инкогнито? Може да ви се случи оваа чудна ситуација
-
Спорт1 ден
Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 15 години запиша уште една победа во одлична игра на предводниците на Исени
-
Автомобили9 часа
Најчестите причини зошто автомобилот троши повеќе гориво