Кичево
(ФОТО) По 11 месеци повторно се запали штрковото гнездо во кичевската населба „Горица“

По 11 месеци минати, денес повторно се запали штрково гнездо во кичевската населба „Горица“, потточно на далеководот на ул. „Кленоечка“. Жителите на оваа населба секоја година апелираат за решавање на овој проблем, бидејќи секое лето стравуваат од активирање на пожарот, а покрај стравот од евентуален пожар по покуќнината, како што велат често страдале и нивните електрични апарати за домаќинство итн..
Според стручните лица од кои зедовме информација, пожарот во овој случај се активира со допирање на седелото по изолаторите на инсталацијата, така што после пороен дожд доаѓа до краток спој кој е доволен за избувнување и запалување на гнездото.
Екипите на ТППЕ и ЕВН Кичево комплетно по брза постапка и навремено го ставија во мирување пожарот и го обезбедија далеководот, вратен во употреба, но се чини дека овој проблем нема да биде решен во понатамошниот период, бидејќи како што знаеме штрковите во овој период од годината се населуваат и бараат засолниште.
Луѓето кои живеат во овој дел од градот уште еднаш апелираат да се реши овој проблем и ако ништо друго да се конструира корпа отпорна на струјни удари, каде штрковите ќе бидат безбедни, бидејќи како што изјавија, друго решение низ годините назад нема, истите секогаш ќе се враќаат на старото место за да ги изгледаат своите младенци кои угинуваат и жална слика претставува самата ситуација.
ОВР Кичево исто така беше на терен и се запознати со случајот во координација со надлежните.
Кичево
Вчера на маг.пат Кичево-Гостивар била удрена жена пешак, се здобила со тешки телесни повреди

Вчера 18.07.2025 година во 09:05 часот, на крстосницата меѓу локален пат кај кичевското село Зајас и магистралниот пат Кичево-Гостивар, случена е сообраќајна незгода во која, патничко возило „Ауди“ управувано од А.С. (28) од кичевското село Колибари, удрило во пешакот Р.А. (38) од Зајас.
Таа со возило на Итната медицинска помош е пренесена во Општата болница во Кичево каде се констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи од ОВР Кичево, за јавноста соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
Неконтролирано се движел, по пријава во Кичево бил сопрен, констатирано е дека бил пијан!

Денеска (18.07.2025) околу 14 часот на патот Охрид-Кичево полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.К.(48) од Скопје, затоа што управувал патничко моторно возило “тојота” со скопски регистарски ознаки, под дејство на алкохол.
Имено, по претходно добиена пријава на телефонскиот број 112 дека едно возило се движи неконтролирано по патот, преземени се соодветни мерки од страна на полициските службеници и возилото е запрено, а со тоа спречена е евентуална сообраќајна незгода која би можела да има тешки последици.
Притоа, било утврдено дека возачот е во полусвесна состојба и веднаш со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Кичево.
Откако му била пружена лекарска помош и неговата здравствена состојба значително била подобрена, извршено е алкотестирање, при што било утврдено дека имал 3,15 промили алкохол во крвта, при што лицето било лишено од слобода.
По целосно документирање на случајот, против Б.К. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик “безобѕирно управување со моторно возило”, информира МВР.
Кичево
АТВА Маркети со нова викенд и неделна акција на производи, пазари и штеди уште веднаш!

Од денес во нова неделна и викенд на акција на производи во АТВА Маркети – Кичево
Заштеди веднаш, само во АТВА Маркети!
-
Кичево2 дена
Во с.Цер кичевско биле забележани непознати лица кои нуделе Цептер продукти и запишувале присуство
-
Кичево21 час
Неконтролирано се движел, по пријава во Кичево бил сопрен, констатирано е дека бил пијан!
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (18 јули)
-
Хороскоп16 часа
Хороскоп за сабота (19 јули)
-
Кичево3 часа
Вчера на маг.пат Кичево-Гостивар била удрена жена пешак, се здобила со тешки телесни повреди
-
Македонија1 ден
Се „лета“ на патиштата, на радар фатен 75 годишник од Охрид, возел 126 км/ч на место каде дозволено е 50?
-
Македонија2 дена
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, возилата се насочуваат кон Петровец
-
Хроника1 ден
Од охридска плажа до болницата Св.Стефан донесен 65 годишник од БиХ без знаци на живот