Спорт
Младинците Манев и Емини најавија борбена игра против Украина во петок за квалификацискиот натпревар за ЕП2024

Македонската А репрезентација се подготвува за квалификацискиот натпревар за ЕП 2024 против Украина на 16. јуни (петок) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Натпреварот против Украина пред попладневниот тренинг на македонската селекција го најавија младите репрезнтативци, Јован Манев и Сефер Емини.
Јован Манев:
„Веќе влеговме во последната фаза од подготовките за мечот против Украина. Навистина не очекуваат многу тешки натпревари. Оптимисти сме, ќе дадеме се од себе да ги победиме Украинците, фокусирани сме на тој натпревар, но нема да биде лесно. Имаме голема почит кон противникот, Украина е талентиран и одличен тим. Тоа го потврдија и на синоќешниот пријателски натпревар против Германија.
„Верувам дека ние помладите даваме дополнителен импулс во нашата репрезентација. Се разбира дека имаме голема почит кон поискусните. Тие се наша голема поддршка. Верувам дека заеднички придонесуваме за подобра енергија во тимот. Важно е да ги исполниме задачите од селекторот. Ако тоа го направиме на терен, убеден сум дека ќе оствариме позитивен резултат“.
Сефер Емини:
„Чест е да се биде овде, се трудам да го дадам максимум на секој тренинг. Репрезентацијата е таква што секој треба да даде се од себе. Сите мораме да бидеме подготвени и да ја чекаме одлуката на селекторот.
„Пред се мора да се фокусираме на натпреварот против Украина, а дури потоа да размислуваме за Англија. Позитивен резултат на првиот меч ќе донесе повеќе верба и самодоверба пред патувањето во Манчестер. Целта е да се одигра најдобриот можен натпревар и да се победи, но фудбалот е непредвидлив. Ако не сте 200 проценти сконцентрирани, секој може да ви ги расипе плановите“.
Спорт
Елмас пред вечерашниот настап против Саудиска Арабија: „Ние секогаш излегуваме на терен по победа, со верба во квалитетот што го имаме.“

Пред вечерашниот пријателски дуел во Прага против Саудиска Арабија, македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го сподели своето мислење за значењето на натпреварот и очекувањата пред квалификацискиот пресмет со Лихтенштајн.
Елмас беше дециден дека ваквите натпревари се далеку од формалност:
– „За мене и за целата репрезентација пријателски средби не постојат. Секој натпревар е важен тест за тоа колку сме подготвени и што треба да подобриме. Саудиска Арабија е сериозен противник, добро ги анализиравме нивните настапи и знаеме дека мора да бидеме максимално концентрирани. Овој дуел доаѓа во вистински момент. Ќе ни помогне да влеземе во вистински ритам пред натпреварот со Лихтенштајн. Се чувствувам подготвен и мотивиран, бидејќи по подолго време повторно ќе бидам дел од меч со голема тежина.“
Елмас посочи и на клучните карактеристики на денешниот ривал: „Саудиска Арабија игра со многу посед и знае добро да ја контролира топката. За нас тоа значи дека ќе мора да реагираме брзо и дисциплинирано. Сепак, ние секогаш излегуваме на терен по победа, со верба во квалитетот што го имаме.
Секој настап за Македонија ми е дополнителен мотив. Верувам дека оваа средба ќе ни донесе многу искуство и позитивна енергија за она што следува.“
Извор: ФФМ
Спорт
КК „Баскет Кичево“ ги отвора вратите за сите млади кои ја сакаат кошарката, стани дел од вистинска спортска приказна со искусни тренери

Кошаркарскиот клуб „Баскет Кичево“ ги отвора вратите за сите млади кои ја сакаат кошарката и сакаат да бидат дел од вистинска спортска приказна. Во тек се уписи за момчиња и девојчиња на возраст од 10 до 17 години, а ова е идеална можност секој млад спортист да ги направи своите први чекори на кошаркарскиот терен.
Нашата мисија е преку спортот да создадеме силни личности, вистински другарства и да им помогнеме на младите да ја развијат својата љубов кон кошарката, за Порта.мк истакнаа искусните тренери.
Зошто да станеш дел од КК Баскет Кичево?
- Ќе тренираш со лиценцирани и искусни тренери кои ќе ти помогнат да го извлечеш најдоброто од себе.
- Ќе имаш можност да стекнеш нови пријателства и да бидеш дел од тим што се поддржува и напредува заедно.
- Секој тренинг е чекор напред – ќе учиш, ќе се надградуваш и ќе растеш и како кошаркар и како личност.
Твојот прв кош е само почеток – со нас ќе ги поставиш темелите на својата спортска иднина!
📞 За уписи и повеќе информации, контактирајте ги тренери:
- 075/525-774 – Војне Савески
- 078/424-238 – Александар Димитров
🚀 Не ја пропуштај шансата! Приклучи се и стани дел од КК „Баскет Кичево“ – клубот каде што талентот расте, а соништата допрва стануваат реалност!
Спорт
ФФМ реализира рекордна донација на спортска опрема за дечиња од младинските екипи низ Македонија

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска спроведе најголема досега донација на спортска опрема наменета за младинските екипи што се натпреваруваат во рамките на системот на ФФМ. Вкупно 42 клуба од Супер младинската лига, како и од Втората и Третата младинска лига, добија по 44 комплети опрема (тренерки, маици и шорцеви за тренинг, ранци) и дополнително по 30 фудбалски топки.
На свеченото доделување, што се одржа во „Куќа на фудбалот“, присуствуваа претставници на клубовите, а чест да ги поздрават имаа претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, како и фудбалските легенди Горан Пандев, Агим Ибраими и Ѓорги Христов, кои испратија порака за понатамошна поддршка и заеднички развој на младинскиот фудбал.
Со оваа донација опфатени се 1.848 млади фудбалери, а нејзината вкупна вредност изнесува околу 150.000 евра, средства целосно обезбедени од ФФМ.
Повеќе за ова ќе најдете на официјалниот натпис од ФФМ, ТУКА
Извор: ФФМ (Фудбалска федерација на Македонија)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (3 септември)
-
Хороскоп15 часа
Хороскоп за четврток (4 септември)
-
Кичево1 ден
Кичево: Филм, музика и креативност во село Ехлоец: Echoes in the Wild на 7 септември
-
Lifestyle1 ден
Кој пијалок е поштетен за здравјето: пивото или газираните сокови?
-
Македонија23 часа
МВР: Целосна забрана во шуми до крај на месец септември
-
Македонија22 часа
„Wizz Air“ со шести авион во својата база во Скопје и 13 нови рути
-
Свет6 часа
(ВИДЕО) „Ден на жалост“ во Португалија по страшната трагедија каде од шините излета жичара и одзеде најмалце 15 животи, неофицијално има и странци
-
Скопје1 ден
Вчера од скопски автобус на „ЈСП“ патник паднал и се здобил со тешки телесни повреди