Следете не

Кичево

„Турнир во мал фудбал“ с.Вранештица – Кичево, традиција 55 години, од денес и официјално започнува пријавување на екипите

Објавено пред

на

Почитувани љубители на фудбалот, во чест на големиот христијански празник, „Илинден“ во с. Вранештица – кичевско, традиционално и оваа година ќе се реализира илинденскиот турнир во мал фудбал кој ќе понуди многу дружење, забава, вредни награди, екстра фудбал, одлична скара и пијалок.

⚽️ Имено, 55 години традиција која е за секоја почит и овој пат не смее да се пропушти. Фер плеј, каде судиските арбитри се професионалци кои судат во првенствата на најсилните лиги.

Што се однесува до наградниот фонд, истиот ќе биде над 120,000 ден, додека од денес може директно да ги пријавувате вашите екипи (5+1) заклучно со ден четврток – 20-ти јули до 20:00 часот, каде паровите ќе се извлекуваат во кичевскиот ресторан „Кај Кумот“. (Организаторите апелираат за почитување на рокот за пријави)

👉Пријавување од екипа ќе чини: 2000 ден

📌Пријавување ќе се врши исклучиво на следните броеви: ☎️ 071/229-326 и 070/907-590 ☎️

🥇Финалниот меч ќе се одигра на самиот 2-ри август (Илинден), каде после прогласување на победникот вечерта ќе продолжи со забава на отворено заедно со група „Харизма“ и естрадниот уметник „Дарко Стојаноски

Нашиот медиум заедно со нашите партнери од најдоброто кичевско радио „Акорд“ ќе бидат медиумски покровители, така што кога ќе биде официјалното отворање на турнирот и за останатите дополнителни информации ќе ве известуваме на време.

Кичево

Вчера во кичевското с.Староец затекнат бил крушевчанец на криволов

Објавено пред

на

На 24.10.2025 околу 23:00 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода А.З.(60) од Крушево.

Претходно, во атарот на кичевското село Староец, ловочувар од ловечко здружение „Елен“ од Кичево го затекнал А.З. при незаконит лов и додека пукал кон диво животно од  пушка „Маузер“, калибар 7,9 милиметри.

По насоки на јавен обвинител, одземена му е пушката и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 228 од кривичниот законик – „незаконит лов“, за медиумите информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Прочитај повеќе...

Кичево

Утре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развој, да бидеме хумани!

Објавено пред

на

©porta.mk

Утре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развојот „Надеж“. Предводник на оваа манифестација, заедно со здружението е Алексо Тришоски.

Музичкиот настан е закажан со почеток од 18:00ч (сабота) 25.10.2025 г, додека влезница за овој настан ќе чини симболични 100 денари.

Бидете дел, да бидеме хумани, да помогнеме!

Прочитај повеќе...

Кичево

(ВИДЕО) Погледнете како „везат“ нашите момчиња од „ФК Кичево“, на престижниот меѓународен турнир „Eurosport Cup“, против своите врснити од „CSKA“

Објавено пред

на

Нашите млади таленти со ново искуство, неодамна на меѓународниот турнир „Eurosport Cup“ во Куманово забележаа успешно учество со генерацијата 2014/15, каде покажаа карактер, тимски дух и огромен напредок! Одигравме одлични натпревари исполнети со борбеност, желба и квалитетна игра.

Голема чест и задоволство е да се претставува нашата академија на ваков силен турнир. Продолжуваме со уште повеќе работа, ентузијазам и посветеност!

Во продолжение ТУКА ви ги претставуваме најдобрите моменти, благодарение на „Talnets“, „M-Net“, „CSKA

 

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

На денешен ден18 минути

Светот „На денешен ден“ – 30 октомври

1762 – Роден е францускиот поет Андре де Шение, кој ги споил класичните поетски форми со новиот романтичарски дух. Се...

Хороскоп10 часа

Хороскоп за четврток (30 октомври)

ОВЕН Повеќето денови ќе бидете многу емотивни и склони кон промени во расположението. Исклучително е важно да се држите до...

Спорт11 часа

Јувентус сигурен против Торино, Влаховиќ го отвори резултатот уште во петтата минута од натпреварот

Јувентус славеше со 3-1 против Удинезе на свој терен во Торино, во рамките на деветтото коло од италијанската Серија А....

Спорт19 часа

Високи признанија за работата на ФФМ, Омерагиќ и Јандреоски именувани на високи меѓународни позиции во „ФИФА“

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, доби нова меѓународна функција, тој е назначен за член на Олимпискиот фудбалски...

Македонија19 часа

Дополнете гориво, ноќеска дизелот солидно поскапува, додека бензините остануваат со непроменета цена за литар

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за...

Временска прогноза19 часа

На утро ладно, но врнежи од дожд во почетокот на месец ноември нема да имаме, вели Попоски

Под влијание на Антициклон (Поле со висок воздушен притисок) кое ќе биде распространето над поголем дел од Европскиот Континент и...

Скопје22 часа

Скопје: Поради протест на вработени во „ЈП Паркови и Зеленило“ затворен сообраќај во два правци

На 29.10.2025 година во 10:05 часот започна најавениот протест на вработените на ЈП Паркови и Зеленило Скопје присуство на околу...

Македонија23 часа

МВР: Кривична пријава против поранешен директор, заменик директор и вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство за „проневера во службата“

СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против З.А., поранешен директор на Агенцијата за храна и ветеринарство поради сомнение...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за среда (29 октомври)

ОВЕН Бидете јасни и гласни, но не фокусирајте се само на приказни за планови. Денот е идеален за први чекори...

Фото: Salvador Rios @ unsplash Фото: Salvador Rios @ unsplash
Магазин2 дена

Илон Маск ја претстави својата верзија на Wikipedia — Grokpedia

Илон Маск и неговата компанија xAI ја лансираа новата онлајн енциклопедија Grokipedia, најавувајќи ја на почетокот на октомври како конкурент...

НАЈЧИТАНИ