Кичево
Од денес ќе биде пуштена во употреба делницата Охрид-Кичево кај „Петља“ до Подмоље која беше затворена поради градежни работи

СВР Охрид ги информира граѓаните дека денеска од 11 часот, пред истекот на дадениот рок, за редовен сообраќај ќе биде пуштена во употреба делницата од магистралниот пат Охрид-Кичево, на потегот сообраќајна клучка „Петља“ до Подмоље која, поради градежни работи, од минатиот месец, беше затворена за сообраќај.
Со тоа престанува да важи задолжителниот времен режим за сообраќај и задолжителното пренасочување на сообраќајот по стариот пат Охрид-Струга.
Апелираме до возачите на внимателно управување со своите моторни возила и прилагодување на брзината спрема состојбите и условите на патот, за нашиот медиум известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
Денес се навршуваат 80 години од првото македонско училиште во с.Подвис – кичевско

На денешен ден пред точно 80 години (23-ти септември) 1943 г. во кичевското село Подвис започнало да работи првото училиште на македонски јазик на ослободена територија.
Денес е останата само урнатина, зарастена во трње и грмушки, а дотаму не може да се стигне со возило, иако оваа зграда е оддалечена само еден километар од магистралниот пат Кичево – Охрид
Да не се заборави ова значајно историско место, иако за негова ревитализација одамна културолошки е надвор од плановите на било која гарнитура.
Од тука произлага легендарната:
“Деца, отсега натаму ќе си учите на вашиот мајчин македонски јазик .
И ќе си се поздравуваме на македонски јазик!”
ВАСИЛКО РИСТЕСКИ с.Подвис, кичевско, 23 септември 1943 година.
Кичево
(ФОТО) Најмилите дечиња од градинката „Олга Мицеска“ денес во Кичево по повод „Светскиот ден без автомобили“ дефилираа со „тротинети“

Денес 22-ри септември во еко-календарот е „Светскиот ден без автомобили“, покрај тоа што е гласник и почеток на есента, важно е да се каже дека автомобилите се најголемите загадувачи на воздухот и тие испуштаат чад што е многу штетен за здравјето на луѓето и за целата природа.
Традиционално по тој повод најмилите дечиња од градинката „Олга Мицеска“ облечени во бели маички и капчиња, заедно со клонови групи од 5 до 6 годинки во голем број продефилираа низ кичевските улици со „тротинети“ украсени со најразлични пораки со кои уште еднаш ги потсетија учесниците во сообраќај за важноста на овој ден.
На покана од градинката овој настан го проследивме со големо внимание и истиот Ви го пренесуваме преку фотографија, доколку истата сакате да ја имате, пишете ни на нашата официјална фејсбук фан страна.
Кичево
(ГАЛЕРИЈА) Манастир „Св.Богородица – Пречиста“ во Кичево вчера и денес посетен од рекорден број на верници по повод празникот „Рождество на Мајката Божја“

Започнувајќи со традиционалната празнична богослужба вчера вечер и денес се разбира, кичевскиот манастир „Св.Богородица – Пречиста“ беше посетен од рекорден број на верници, како предвесник на денешниот патрон празник Рождество на Мајката Божја, или кај народот позната како „Мала Богородица“.
Исто така вчерашниот ден беше посебен бидејќи една од искушеничките се замонаши и го доби своето монашко име „Теодосија“, додека денес Манастирскиот кум Горан Стојкоски послужи манастирски ручек и во исто време изврши примопредавање на кумството до новиот кум.
Неколку фотографии преку нашиот објектив, кој го одбележаа овој прекрасен ден
За многу години!
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за сабота (30 септември)
-
Хороскоп19 часа
Месечен Хороскоп (октомври 2023)
-
Скопје1 ден
Посебен режим на сообраќај во недела во град Скопје поради одржување на „Скопски маратон 2023“
-
Временска прогноза4 часа
Месечна метео анализа за октомври, потопло и со помалку врнежи од дожд
-
Македонија1 ден
(ФОТО) Превентивни активности на МВР за безбедна ловна сезона, заштита од пожари и безбедност во сообраќајот
-
Спорт2 дена
(ВИДЕО) Барселона ја совлада Севиља благодарение на автоголот на Рамоз и се врати на првото место во Примера
-
На денешен ден2 дена
На денешен ден – 30 септември