Временска прогноза
ВАЖНО: Опасен топлотен бран доаѓа кон Македонија во следните денови, со значително висок УВ индекс и максимални температури под сенка

Опасен топлотен Африкански бран ќе влијае на времето во Македонија во текот на следните денови. Температурите на многу места низ нашата држава ќе надминуваат 35 степени, додека во централните и во југоисточните предели тие ќе надминуваат дури и 40 степени, односно во тие предели од Македонија температурата ќе се искачи дури до 43 степени.
Ув индексот ќе има екстремно висока вредност и ќе има коефициент 10, па затоа апелираме граѓаните да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 10 до 17 часот), но и да пијат повеќе течности.
Во Скопје во следните денови температурата на воздухот ќе се искачи до 40, 41 степени.
Времето ќе биде претежно сончево, повремено со мала до умерена локална облачност. Повремено во попладневните часови и тоа според нашата алатка за рана најава на невреме “NOTHAS” ќе има услови за слаб до умерен развој на грмотевични облаци и тоа особено во планинските предели , и истите би можеле да условат појава на локален краткјотраен дожд и грмежи.
Барем според моменталните анализи со кои разполагаме, овој голем топол Африкански бран кај нас ќе се задржи најмалку седум денови.
НАПОМЕНА: Горе наведените очекувани температури на воздухот ќе се мерат под сенка, додека на сонце тие ќе бидат многу повисоки и локално ќе се искачуваат дури до околу, па и над 50 степени. Со ова, според Европскиот метеоаларм, Македонија ќе влезе во портокалова предупредувачка фаза поради очекуваните екстремно високи температури. Исто така, поради екстремно високите температури расте и опасноста од појава на шумски пожари, па затоа ги предупредуваме граѓаните да бидат крајно претпазливи како се однесуваат во природа, за порта.мк пишува Славчо Попоски
Временска прогноза
Од викендов драстично поладно, особено на утро, ова се информациите

Под влијание на поладен воздух од север и од североисток, од овој викенд влегуваме во поладен период со потпросечни температури на воздухот за месец мај. Исто така, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално, особено во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.
И во делови од Скопскиот регион викендов ќе има услови за краткотраен дожд со ретки грмежи.
Што се однесува до температурите, тие наутро на повеќе места ќе се спуштаат под 10 степени, понекаде, особено на повисоките места и на планините и под 5 степени. Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени, утрово информира Славчо Попоски
Временска прогноза
По детални информации околу временската метео прогноза која носи дожд и нестабилност

Од вторник (6 мај) па најмалку до недела (11 мај) територијата на Република Македонија ќе биде под влијание на плитка фронтална долина која позначително ќе ја дестабилизира атмосферата кај нас.
Во ваква ситуација, локално ќе се создаваат конвективни облачни јадра кои ќе условуваат појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради високите температури кои ги имаме овие денови, атмосферата е повеќе загреана, па така локално ќе има појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со појава на град.
И во делови од Скопскиот регион од вторник (6 мај) па најмалку до недела (11 мај) ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на краткотрајно невреме.
Температурите за време на овој период постепено и секојдневно ќе опаѓаат, што значи дека полека ќе навлегуваме во период со значително пониски температури кои ќе бидат потпросечни за мај.
Апелирам, во погоре споменатиот период, во случај на појава на невреме и на електрични празнења, да се избегнува претстој на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер, автомобилите да се заштитат, односно граѓаните истите да избегнуваат да ги ставаат под дрвјата, вечерва информираше Славчо Попоски.
Временска прогноза
Од понеделник во Македонија следува промена на временската состојба, еве за што станува збор

Сончевото и пред сè пријатно време ќе се задржи денес и утре (понеделник 5 мај). Времето ќе биде сончево со појава на умерена локална облачност, а повремено ќе засилува и ветерот од западен и од југозападен правец, особено во западните предели.
Сепак, утре (понеделник 5 мај) ќе ја почувствуваме промената на времето која ја најавив веќе од вторник (6 мај) па во деновите потоа, информира Славчо Попоски.
Во попладневните часови ќе се создаваат услови за изолиран развој на грмотевични облачни јадра од кои се очекува појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.
И во Скопје и околината денес и утре (понеделник 5 мај) ќе се задржат рано – летните температури на воздухот, а утре (понеделник 5 мај) во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.
До вечерва следува детална метео анализа околу промената на времето која не очекува од (вторник 6 мај) па во деновите потоа, завршува Попоски.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (10 мај)
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за недела (11 мај)
-
Хроника16 минути
Утрово кичевчанец со секира уби татко, неговата мајка е во неконтактибилна состојба
-
Скопје2 дена
Посебен режим на сообраќај во Скопје во недела
-
Македонија16 часа
Малолетник од Кочани објавувал експлицитни содржини од малолетничка, мајката го пријавила
-
Временска прогноза1 ден
Од викендов драстично поладно, особено на утро, ова се информациите
-
Македонија1 ден
ОВР Струга: Стружанец возел мотор пијан и излетал од патот
-
Здравје и убавина13 часа
Клучни 5 работи поврзани со забите, кои предупредуваат за опасни промени во вашето општо здравје