Скопје
Кривична пријава против скопјанец за „фалсификување исправа“

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Т.(33) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа” по член 378 од Кривичниот законик.
Пријавениот, во својство на управител и сопственик на правно лице од Скопје, во текот на декември 2022 година набавил фалсификувано Уверение за платени даноци и придонеси и го пуштил во правен промет преку електронскиот систем за јавни набавки во ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести, како прилог на тендерска документација, по претходно објавена отворена постапка за доделување на договор за јавна набавка на стоки, известува Министерството за внатрешни работи
Скопје
Лишен од слобода скопјанец за сторено кривично дело „Производство и дистрибуција на детска порнографија“, поднесена кривична пријава

На 21.08.2025 Секторот за компјутерски криминал при МВР до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против Ф.М.(27) од Скопје, за сторено кривично дело „Производство и дистрибуција на детска порнографија“ предвидено и казниво по член 193-а став 3 од Кривичниот законик.
По добиена информација од полицијата во Германија за спроведена истрага во врска со сексуална злоупотреба на деца и поседување и дистрибуција на материјал со сексуална злоупотреба на деца, како и дека станува збор за профил на апликацијата “Telegram”, со телефонски број и ИП адреса од Р.С.Македонија, од страна на Секторот за компјутерски криминал при МВР беа преземени мерки и активности за прибирање на докази при што по утврдување на корисникот, на 20.08.2025 година по добиена Наредба од Основниот кривичен суд Скопје за претрес на дом и помошни простории, Наредба за пребарување на компјутерски систем и компјутерски податоци и Наредба за привремено одземање на компјутерски податоци, од страна на полициски службеници од Секторот за компјутерски криминал беше извршен претрес во домот на Ф.М. (27) при што пронајдени и одземени се предмети за понатамошна постапка.
Ф.М. е лишен од слобода во Полициска станица Гази Баба и известен Јавен обвинител од ОЈО Скопје за понатамошна постапка, истакна Министерството за внатрешни работи.
Скопје
Ноќеска скопјанец предизвикал сообраќајка, пијан 3,30 промили алкохол во крвта

На 17.08.2025 околу 00:45 часот на ул. „Цветан Димов“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.С. (49) од Скопје, затоа што при вршење на увид на сообраќајна несреќа во која тој учествувал со патничко возило „форд“ со скопски регистарски таблици, било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 3,30 промили алкохол во крвта, известува МВР.
Скопје
Примил 10 000 евра за наводно да влијае врз судски постапки, кривична пријава против лице од Скопје

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против П.Г. (59) од Скопје поради основи на сомнение за сторено кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“ од член 359 став 7 во врска со став 2 од Кривичниот законик.
Од април до август годинава, П.Г. примил награда од 10.000 евра за да интервенира со искористување на своето претпоставено влијание да се изврши службено дејствие што не би смеело да се изврши, односно наводно да влијае врз одлуки во граѓански судски постапки пред Основниот граѓански суд Скопје и пред Апелациониот суд Скопје.
Сведок-пријавител во постапката е управител на правно лице, кој најпрво почнал да добива информации дека спротивната страна во судски спор врши сериозно влијание врз судиите кои одлучувале во првостепените и второстепените постапки, давајќи поткупи за да се донесат одлуки во нивна полза. Сакајќи да ги провери таквите информации, од свој познаник-пензиониран судија добил контакт од обвинетиот, кој му бил претставен како “лице кое ги познава состојбите во судовите и е близок со судии од Апелациониот суд Скопје”.
Сведокот и неговиот брат се сретнале со осомничениот, кој директно им побарал 16.000 евра за да се завршел спорот во корист на правното лице – семејната фирма на сведокот. Ги уверувал дека другата страна давала многу повисоки износи, но судиите не сакале да се нафатат за да пресудат нешто што не било правно основано.
Бидејќи сведокот му кажал дека не може да обезбеди толку пари наеднаш, се договориле за исплата на три рати. На 30 април, чувствувајќи дека нема друг избор, сведокот му дал на осомничениот 5000 евра.
Осомничениот го уверил да не се грижи за исходот, па целиот период биле во комуникација во врска со постапката. Во тој период сведокот решил да ја пријави трговијата со влијание и при следната исплата на 5000 евра, осомничениот е лишен од слобода веднаш по приемот на парите, информира МВР.
-
Хроника16 часа
Кичево и кичевско во тага по страшната трагедија која се случи вчера, каде по пад од четирицикл две малолетнички ги изгубија своите животи
-
Кичево1 ден
(ВИДЕО) Пожарот во с.Душогубица кичевско сеуште активен, опожарени се пчелни сандаци и куќа
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (22 август)
-
Култура1 ден
Бдение и Божествена Литургија по повод „Успение на Мајката Божја“ во кичевскиот Манастир „Св.Богородица Пречиста“, богослужение на човечка посветеност и небесната утеха, земната привременост и вечниот живот
-
Хороскоп6 часа
Хороскоп за сабота (23 август)
-
Македонија6 часа
Времен прекин на сообраќај утре и задутре поради меѓународниот ФИС ролер-ски натпревар „Тодор Проески“
-
Временска прогноза20 часа
Западните предели променливо облачно со засилен ветер и пороен дожд
-
Магазин2 дена
Nintendo Switch 2 поставува нов рекорд: продадени над 6 милиони конзоли за помалку од еден месец