Временска прогноза
Баравме лето и сонце, тука е пред нас, топлотниот бран долго ќе се задржи на наше тло..

Според нашата алатка за рана најава на временски непогоди “NOTHAS”, временските непогоди кои вчера и денес го погодија регионот и не се неочекувани, иако ги изненади тамошните метеоролози. Оваа наша алатка уште пред неколку денови ги предвиде овие временски непогоди со екстремно ниво 4, локално и максимално ниво 5. “NOTHAS” беше сосема и до час прецизен за временската непогода која вчера рано наутро го зафати Загреб, во Хрватска.
Во Унгарија пак фронталниот систем услови и Суперќелијски облаци, а постои опасност и од појава на Торнада.
Кај нас во Македонија и понатаму продолжува екстремно топлиот Африкански бран. Продолжува периодот на стабилно, суво и сончево време со екстремно висок Ув индекс (коефициент 10). Токму поради ова апелираме граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот).
Максималните температури во следните најмалку шест до седум денови во поголемиот дел од државава ќе надминуваат 35 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе надминуваат и 40 степени, односно максимумот на температурата таму локално ќе се искачи дури до 43 степени. Преку ноќите и во раните утрински часови температурата особено во централните, југоисточните предели, како и во Скопската котлина нема да се спуштат под 20 степени, што значи очекуваме “Тропски ноќи”.
НАПОМЕНА: Горе наведените очекувани максимални температури на воздухот ќе се мерат под сенка, додека на сонце тие ќе бидат многу повисоки и локално ќе се искачуваат дури над 50 степени, вели Славчо Попоски
Временска прогноза
Од ноќеска брз продор на засилен ладен ветер, кој создава дополнителен проблем со пожарите

Вечерва, во текот на претстојната ноќ, и утре (четврток 10 јули) во текот на целиот ден, и тоа поради брз продор на ладен воздух од северозапад кај нас во Македонија ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час). Најсилен ветерот ќе биде во Повардарието.
И во Скопскиот регион повремено ќе дува силен ветер од северен правец (во делови од котлината повремено со брзина од над 60 км/час).
Што се однесува до температурите, тие до утре (четврток 10 јули) наутро ќе опаднат дури и за околу 15 степени во споредба од оние кои ги имавме до сега и тие до утре наутро ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 18 степени во најтоплите предели од нашата Македонија, односно во Повардарието.
Во Скопскиот регион до утре наутро температурата ќе се спушти до околу 15 степени.
Максималните дневни темпратури пак утре ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени, во Скопје до околу 28 степени.
– Попоски апелира, во случај на појава на силен ветер, граѓаните да бидат внимателни каде и како се движат, поради тоа што силниот ветер можно е да создава и проблеми, истакна метеорологот.
Временска прогноза
Пред нас ладен бран на Балканот, на Алпите веќе е опснежено!

Ладниот бран кој со денови се нјајавуваше од моја страна, но и од страна на метеоролозите во регионот, но и од Европските метеоролози, од северозапад, преку алпскиот регион, пристигна и на Балканот, условувајќи нагло заладување на времето, силно невреме на многу места, поројни поплави и бурен ветер кој направи многу штети, а невремето во Белград предизвика да бидат повредени и повеќе од 20 луѓе.
Европските алпи се покриени со снег среде јули.
Снегот пристигна и на Балканот, односно на високите планини во Словенија, па така снежна покривка се формираше на Кредарица, висока планина во Словенија, рано утрово информираше Славчо Попоски
Временска прогноза
Преку ден „пекол“, од ноќеска заладување со локален дожд, ова се метео информациите

Многу топлиот бран од југ, односно од Африка продолжува и денес (недела 6 јули) во Република Македонија. Сепак, во попладневните и во раните вечерни часови, и тоа поради продор на поладен воздух од север на висина очекувам локално дестабилизирање на атмосферата кај нас, и тоа особено во планинските предели.
Во ваква ситуација, очекуваме локален развој на конвективни грмотевични облачни јадра од кои ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално, како што погоре најавив, особено во планинските предели очекувам поинтензивни атмосферски процеси, во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер (над 60 км/час) силни електрични празнења и со појава на покрупен град.
– И во Скопскиот регион ќе има услови за локална краткотрајна нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер.
Апелирам на голема внимателност, и тоа во случај на појава на невреме и на силни електрични празнења, односно да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Исто така, во случај на појава на силен ветер граѓаните да ги заштитат своите автомобили, односно да не ги ставаат во близина дрвјата, особено оние дрвја кои се осамени.
Што се однесува до температурите, тие и понатаму насекаде ќе надминуваат 30 степени, а во Повардарието тие ќе надминат и 40 степени. Во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 40 степени, или пак ќе надмине 40 степени, истакна Славчо Попоски
-
Кичево1 ден
Албански државјанин на кичевската полиција им понудил пари, бил експресно лишен од слобода!
-
Кичево19 часа
(ВИДЕО) Денес во Кичево се одржа #11 мото-парада во чест на именденот на кичевската православна црква „Св.Петар и Павле“ – Вечна традиција!
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за сабота (12 јули)
-
Култура1 ден
Денес е голем празник „Петровден“, утре „Павловден“ – ова се народните верувања за празниците, за многу години!
-
Хороскоп18 часа
Хороскоп за недела (13 јули)
-
Хроника3 часа
МВР: Детали за грозоморното убиство во Прилеп на 13-то годишно дете, неговиот татко и самоубиството на сторителот
-
Скопје2 дена
СВР Скопје лиши од слобода уште еден предизвикувач на пожар
-
Спорт2 дена
Синер и Алкараз во големото финале на Вимблдон во 2025 година