Автомобили
ЕУ ќе забрани извоз на стари половни автомобили?
Одлука која би можела суштински да го промени пазарот на половни автомобили.
Доколку предлогот што Европската комисија го претстави во четврток помине, старите, дотраени автомобили повеќе не би можеле да се продаваат надвор од ЕУ и да влијаат на безбедноста на патиштата и загадувањето на животната средина во трети земји, туку ќе мора да се рециклираат во рамките на Унијата.
„Во наредните години на пазарот ќе излегуваат се повеќе автомобили со нула емисија, што ќе ја зголеми побарувачката за вредни примарни материјали. Денешниот предлог ќе обезбеди рециклирање и повторна употреба на што е можно повеќе од овие материјали, што ќе даде нов живот на компонентите на нашите автомобили и значително го намалуваат отпечатокот на еколошки патен сообраќај“, рече извршниот потпретседател на Комисијата, Франс Тимерманс, одговорен за Европскиот зелен план.
Комисијата предложи регулатива која ќе ги замени постојните директиви за возилата на крајот на животот и за нивна повторна употреба и рециклирање. Комисијата тврди дека новите регулативи ќе доведат до годишно намалување на емисиите на CO2 за 12,3 милиони тони до 2035 година, подобра валоризација на 5,4 милиони тони материјали и зголемена повторна употреба на клучните суровини, пишува poslovni.hr.
„Спроведувањето на регулативата ќе доведе до долгорочни заштеди на енергија во производствената фаза, намалување на зависноста од увезени суровини и промовирање на одржливи деловни модели“, наведуваат од Комисијата.
Покрај економските, еколошките и социјалните придобивки за ЕУ, регулативата ќе придонесе за поголема безбедност на патиштата во трети земји преку спречување на извозот на автомобили на крајот на животот и намалување на загадувањето во земјите кои увезуваат такви автомобили.
Секоја година повеќе од шест милиони возила го завршуваат својот животен век во Европа.
Автомобилската индустрија ќе стане најголемиот потрошувач на клучни суровини што се користат во постојаните магнети за е-мотори во Европа.
Затоа, зајакнувањето на отпорноста на ЕУ на прекини во синџирот на снабдување и намалувањето на нејзината зависност од увозот на овие суровини е клучно за транзицијата кон возила со нулта емисија.
Според предложената нова регулатива, производителите на автомобили ќе треба да дадат јасни и детални упатства за демонтирање на возилата и како да се заменат и отстрануваат деловите и компонентите за време на употребата и на крајот од животниот век на возилото.
Најмалку 25 проценти од пластиката во новите автомобили ќе треба да потекнуваат од процесот на рециклирање, а од тоа најмалку 25 проценти мора да се рециклираат од возила на крајот на животот.
Опсегот на овие мерки постепено ќе се прошири и на други категории возила, како што се мотоцикли, камиони и автобуси, со што ќе се обезбеди посеопфатна покриеност.
Советот на ЕУ и Европскиот парламент сега треба да одлучат за предлогот на Комисијата.
Автомобили
Renault Mégane се враќа на бензин: повраток кон класиката по ерата на електричните возила
По три години целосна електрификација, Renault повторно го разгледува враќањето на бензинските мотори во своите семејни модели Mégane и Scénic. Според најавите, следната генерација на овие автомобили — која се очекува пред крајот на деценијата — ќе понуди комбинација од електрични и хибридни погонски системи.
Новиот извршен директор на групацијата Renault, Франсоа Провост, изјави дека компанијата работи на стратегија за „повраток на поголемите модели“. Тој додаде дека електричните верзии на Renault 4 и 5 се покажале како успешни, но Mégane и Scénic сè уште се борат со продажбата во сегментот на семејни автомобили.
„Поголемите автомобили се еден од нашите приоритети,“ изјави Провост за Auto Express. „Во следниот среднорочен план, развиваме нова платформа што ќе ја поттикне понудата во Ц-сегментот – во срцето на Европа.“
Новата платформа ќе ги обедини идните генерации на Mégane, Scénic, Austral, Espace и Rafale, кои моментално се достапни само како хибридни модели.
Баланс помеѓу електричен и бензински погон
Renault нема намера да се повлече од електричните возила, но сака да понуди поголема флексибилност за купувачите кои сè уште не се подготвени за целосна електрификација.
„Доколку усвојувањето на електричните автомобили се одвива побавно од очекуваното, ќе го надополниме тоа со решенија како плаг-ин хибриди или системи за продолжен домет,“ изјави Фабрис Камболив, извршен директор на брендот Renault.
Камболив додаде дека е поверојатно Renault да се одлучи за систем сличен на Nissan e-Force, каде што моторот со внатрешно согорување не ги придвижува директно тркалата, туку ја полни батеријата.
Освежување пред новата генерација
До излегувањето на новите модели со мотори со внатрешно согорување, Renault ќе се обиде да ја зголеми продажбата на актуелниот Mégane преку неколку надградби.
Првата е редизајнирана верзија на моделот, која веќе е забележана во тестирање под камуфлажа. Дополнително, можно е зголемување на капацитетот на батеријата — над сегашните 60 kWh со опсег од 468 км.
За споредба, Scénic користи батерија од 87 kWh со автономија до 622 километри, а новиот Nissan Leaf, кој дели технологија со Mégane, нуди батерија од 75 kWh и опсег од околу 600 километри.
Извор: Index
Автомобили
(ВИДЕО) „Tuning Car Show“ во Прилеп доби нова димензија со видеата на тимот од „Autodonia“
Традиционалниот „Tuning Car Show“ во Прилеп дефинитивно е еден од најпрестижните манифестации за сите љубители на автомобилизмот. На 11-ти октомври традиционално се одржа и овогоднинешното издание под покровителство на Општина Прилеп и останатите спонзори.
Вообичаено забележителни се многу видеографи, доста компании кои овој настан знаат и умеат да го пренесат, но токму нас, впечатлив пренос на овој настан ни остави „Autodonia“. Неуморните дечки на чело со Nenad Kaevik. Дечкото е специјализиран за изработка на визуелно импресивни и високо функционални дигитални решенија. Вистински љубеник на автомобилизмот кој успева на секој битен настан да биде прв.
Во оваа прилика од нашиот медиум упатуваме честитка за успешна работа, а вие не чекате уште веднаш посетете го неговиот бизнис инстаграм профил ТУКА – верувајте има што да видите, за повеќе информации за неговата работа и портфолио погледнете ТУКА
Промо видео од „Tuning Car Show“ – Прилеп:
Автомобили
Volvo го прекинува производството на моделот V90 — последниот примерок оди во музеј
По девет години и речиси 250.000 произведени примероци, Volvo официјално го прекина производството на моделите V90 и V90 Cross Country. Со тоа, уште еден од најелегантните каравани на пазарот заминува во историјата.
Класата на каравани веќе подолго време полека исчезнува, заменета со SUV модели кои доминираат во продажбата. Според порталот Carscoops, шведскиот производител Volvo Cars го стави крајот на производството на V90 и неговата надградена верзија V90 Cross Country по речиси една деценија на пазарот. Иако оваа одлука беше најавувана веќе неколку години, за многу љубители на класичните каравани ова е тажен момент.
Volvo го лансираше V90 во 2016 година, а дизајнот доби суптилно освежување во 2020 година. И денес, моделот изгледа модерно и префинето, со типичен скандинавски стил. Во текот на својот животен циклус, V90 понуди богата палета на мотори — од 2.0-литарски турбодизел со 148 коњски сили, до турбополнет и компресорски бензинец со 316 КС, па сè до plug-in хибрид со импресивни 455 КС.
Вкупно беа произведени околу 250.000 примероци, а последниот V90 нема да биде ставен во продажба. Наместо тоа, Volvo го додаде во својата колекција Heritage, каде ќе биде изложен во музејот „Светот на Volvo“ (World of Volvo) во Гетеборг. Таму ќе стои рамо до рамо со легендарни модели како Volvo 145, Volvo 960 и Amazon P220.
Судбината на V90 беше неизвесна веќе подолго време. Кон средината на 2023 година, Volvo објави дека ќе ја прекине продажбата на моделите V90, S90, S60 и V60 на британскиот пазар, во рамките на транзицијата кон SUV возила. Сепак, помалку од една година подоцна, поради зголемената побарувачка, компанијата повторно ги врати V60 и V90 во продажба во Велика Британија.
Со престанокот на производството на V90, моделот V60 останува единствениот караван во понудата на Volvo. Но, бидејќи сегашната генерација е на пазарот од 2018 година, не е сигурно колку долго ќе опстои. Се шпекулира дека Volvo би можел целосно да се збогува со караваните по моделската 2026 година, завршувајќи една славна ера што го направи брендот светски препознатлив.
Извор: BUG
-
Хороскоп2 денаХороскоп за петок (14 ноември)
-
Хороскоп22 часаХороскоп за сабота (15 ноември)
-
Скопје4 часаЦУК: Двете жени се пронајдени во црн пат помеѓу Долно Количани и Батинци и се во добра здравствена состојба, истите биле државјанки на Македонија
-
Спорт8 часаДриблинг атракции, фудбалски надигрувања и фер плеј. Фудбалски викенд во Кичево, дечињата на „ФК Кичево“ активни во сите генерации
-
Спорт1 денФФМ истакна важни информации за македонските навивачи кои го проследат мечот помеѓу Велс – Македонија
-
Свет1 денАмериканската корпорација „Карлајл“ разгледува можност за купување на нафтениот гигант „Лукоил“ надвор од својата матична земја
-
Временска прогноза4 часаОд вторник следува промена на времето во Македонија
-
Спорт1 денМакедонија ремизираше на пријателскиот натпревар против Летонија на „Тодор Проески“
