Временска прогноза
Нестабилност во нашиот регион од утре доцна попладне, ова се последните информации..

Во текот на претстојната ноќ, поради продор на многу постуден воздух од Арктикот, во Алпскиот регион очекуваме дури и врнежи од снег, додека во исто време токму поради овој студен продор, и истиот кога ќе пристигне во многу загреаната и затоплената Атмосфера на Балканот, ќе дојде до ново суперќелиско невреме и тоа од ова најмногу стравуваат Словенија, Хрватска, северните и североисточните предели од Босна и Херцеговина, како и соседна Србија.
Од појави кои следат, ќе има интензивни поројни врнежи на многу места, бурен ветер кој се очекува да направи и многу штети, силни и чести електрични празнења, како и појава на крупен град. Зрната на град дури можно е да бидат поголеми и од 5 цм. На граѓаните, а особено на нашите граѓани кои живеат во овие држави им препорачуваме во случај на појава на силно невреме, да не излегуваат надвор, исто така своите автомобили да ги заштитат од силниот град, односно да ги стават во своите гаражи, и да се избегнува ставање на автомобили под дрвја.
Температурите ширум регионот со ова ново застрашувачко невреме ќе опаднат дури и за 20 степени во споредба со сегашните.
Кај нас во Македонија пак се очекува да дува засилен ветер од западен и од југозападен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час). Утре доцна попладне и навечер, како и во текот на ноќта кон четврток ќе има услови за изолирана нестабилност, а во четврток ќе дува засилен северен ветер, температурите ќе опаднат дури за 10, понекаде и за повеќе од 10 степени, а во четврток во западните предели ќе има и појава на локален дожд, што значи дека за голема среќа големото невреме од регионот нема да стигне до Македонија, но многу ќе освежи.
НАПОМЕНА: Од четврток ќе имаме потпросечни температури на воздухот, односно тие ќе бидат пониски од вообичаените за овој период од годината. По се изгледа со овој студен бран, завршуваме со ваквите екстремно високи температури на воздухот за ова лето. Исто така од четврток во утринските часови температури понекаде ќе се спуштаат дури и под 10 степени.
Временска прогноза
Прекрасна вест, топлото време продолжува, додека на утро останува да биде посвежо

Под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ, односно од Африка, од денес (среда 27 август) до петок (29 август) времето во Република Македонија ќе биде сончево и значително потопло преку ден со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Што се однесува до температурите, тие во најголем дел од Македонија ќе надминуваат 30 степени, а во Повардарието како и во југоисточните предели температурите локално ќе надминуваат и 35 степени. Во Скопје и околината исто така во погоре споменатиот период температурата ќе се искачува до околу или пак ќе надминува 35 степени, а времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Наутро пак останува релативно свежо времето со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 17 степени. Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 12 и 14 степени.
Да напоменам дека разликата помеѓу минималните утрински и максималните дневни температруи на воздухот во следните неколку денови ќе биде огромна (и за повеќе од 20 степени ќе биде разликата деновиве помеѓу истите). Токму поради ова, особено метеопатите ќе ја почувстуваат позначително оваа огромна разлика на температурите, тоа значи дека кај истите се можни поголеми здравствени проблеми.
Промена на времето проследна со развој на нестабилност, локален пороен дожд, грмежи, ветер и пад на температурите ќе имаме за време на викендот (сабота и недела 30/31 август) кога ќе има услови и за локална појава на невреме. Детална метео анализа околу оваа промена на времето следува во следните мои метео објави, утрово истакна метеорологот Славчо Попоски
Временска прогноза
Вечерашните температури се спуштија и до 10 степени, во следните часови се очекува понатамошно нивно опаѓање

Доцна вечерва во нашата држава имаме ведро и свежо време насекаде, претежно е тивко и без некој изразен ветер. Најсвежо оваа вечер е во Лазарополе каде се измерени само 10 степени. Од градовите пак најсвежо е во Охрид со измерени 13 степени.
На метеоролошката карта можете да ги видите температурите измерени во нашата Македонија доцна вечерва. Во следните часови очекувам понатамошно опаѓање на температурите на воздухот насекаде во Македонија, доцна вечерва информираше Славчо Попоски од Метеоаларм.
Временска прогноза
Попоски со нова метео анализа, септември надпросечно топол

Според моменталните излази на најажурниот прогностички модел ECMWF (Европски центар за Среднорочна прогноза) месец септември 2025 година во Република Македонија ќе биде потопол од повеќе деценискиот просек и тоа за 1 до 2 степени, што значи дека летните температури со по умерен интензитет ќе продолжат и во текот на месец септември.
– Според она што можам во моментов да го изјавам за јавноста, во првата седмица од септември ќе имаме уште еден топол бран од Африка кој ќе донесе температури од над 30 степени, а во Повардарието тие ќе надминуваат 35 степени.
Потоа повторно очекувам освежување на времето со умерено високи температури на воздухот.
Што се однесува пак до врнежите во текот на месец септември, тие во нашиот дел од Европа ќе бидат потпросечни, односно ќе имаме нешто помалку врнежи од просекот за септември. Сепак, и покрај ова секако ќе има повремени продори на влажни и нестабилни воздушни маси кои би донесле повремени поројни врнежи, грмежи, ветер а и можност за локална појава на невреме.
Што се однесува до најголем дел од Европа, септември месец ќе биде натпросечно топол, со повеќе и почести врнежи во северните и во северозападните предели од Европскиот Континент.
Се на сè, слободно можам да кажам дека доколку планирате одмор во септември како во нашите туристички места, така и во туристичките дестинации во регионот слободно тоа да го направите, поради тоа што летото ќе ни продолжи и ќе го имаме и во септември месец, нормално со по умерени температури на воздухот, предмалку истакна Славчо Попоски
-
Временска прогноза1 ден
Вечерашните температури се спуштија и до 10 степени, во следните часови се очекува понатамошно нивно опаѓање
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за среда (27 август)
-
Магазин2 дена
Вечерва на градскиот плоштад во Охрид, посетителите ќе уживаат во македонска музика преку музичкиот караван на проектот „Македонијо во срце те носиме“
-
Хороскоп9 часа
Хороскоп за четврток (28 август)
-
Хроника2 дена
МВР: Лишен од слобода возачот од Кичево кој вчера со возило удри во пешак и го напуштил местото, пешакот подоцна за жал им подлегнал на повредите и починал
-
Спорт2 дена
Алонсо со својот „CFMoto“ стана првиот возач победник од својата земја во „Мото2“, откако триумфираше за големата награда на „Michelin“ во Унгарија
-
Временска прогноза1 ден
Прекрасна вест, топлото време продолжува, додека на утро останува да биде посвежо
-
Автомобили2 дена
Чистење на бандажи од автомобил – дали кока-колата навистина помага?