Магазин
Нови информации за цените на iPhone 15, подгответе се да бидете изненадени
Досега имаше многу шпекулации и нагаѓања за цените на претстојната серија на мобилни телефони на Apple iPhone 15, а сега неколку различни извори дадоа конкретни бројки за целата серија.
Во претходниот период додека со нетрпение слушавме различни извори блиски до компанијата од Купертино, имаше секакви информации за цените на новата линија на мобилни телефони Apple iPhone 15. Ќе биде многу поскапо, не е точно, нема да биде итн. Бидејќи практично за месец и ден сериозно се наближува моментот на промоција и почеток на продажбата, се повеќе извори откриваат дека навистина ќе има поскапување. Се чини дека најтешко се погодени потенцијалните купувачи на моделот iPhone 15 Pro.
Протекувањето започна на почетокот на оваа недела, при што Bloomberg објави дека „Apple размислува за зголемување на цената за моделите Pro“. Броевите потоа беа додадени од аналитичарот на Barclays, Тим Лонг, во белешката видена од MacRumors во која се вели дека iPhone 15 Pro и iPhone 15 Pro Max ќе поскапат за 100 и 200 долари, соодветно. Оваа најнова информација доаѓа како шок, бидејќи доаѓа како двојно зголемување на цената од очекуваното.
iPhone 15 дефинитивно поскап
Како резултат на тоа, линијата на поединечни модели на iPhone 15 ќе ги има следните цени:
iPhone 15: од 799 долари
iPhone 15 Plus: од 899 долари
iPhone 15 Pro: од 1.099 долари
iPhone 15 Pro Max: од 1.299 долари
Стратегијата на Apple е јасна. Продажбата на iPhone 14 и iPhone 14 Plus беше под очекуваното, а корисниците можеа полесно да ја поднесат разликата во цената и на тој начин да се одлучат за Pro моделот за време на договорот со мобилниот оператор во случај на купување на рати. Ова особено ја погоди продажбата на iPhone 14 Plus, каде разликата од само 100 долари за подобриот iPhone 14 Pro е практично незабележлива во текот на двегодишниот период на враќање. Одлична причина продажбата на iPhone 14 Plus да биде десеткувана.
Сепак, тоа повеќе нема да биде така. Зголемувањето на цената за новите модели на iPhone 15 ќе направи позначајна разлика, при што Apple ќе почне да наплаќа 300 долари повеќе за надградба од iPhone 15 на iPhone 15 Pro и 400 долари повеќе за надградба од iPhone 15 Plus на iPhone 15 Pro Max. .
Сега навистина ќе ја почувствувате оваа разлика во вашиот паричник. Дури и да е двегодишен рок на отплата, разликата ќе биде забележлива. Со оглед на практиката на Apple за историски одржување слични профитни маржи на различни модели на iPhone, порамномерниот распоред на продажба ќе функционира подобро за неговиот синџир на снабдување, пишува Forbes.
Lifestyle
(ВИДЕО) Анатоли фитнес момчето кое стана вистинска сензација на „ТикТок“ конечно препознат од неговата публика
Анатоли е младо момче кое за кратко време стана вистинска сензација на TikTok. Познат е по тоа што крева неверојатно тешки килограми, а секој негов тренинг претставува ново изненадување за неговата публика. Со голема посветеност на фитнесот, тој секојдневно работи на подобрување на својата сила и техника, а најимпресивните моменти ги споделува токму на своите видеа.
Неговите кратки, динамични објави не се само демонстрација на физичка моќ тука има и забавен елемент, хумор и мотивација. Анатоли успева да го пренесе она што го чувствува кога ја надминува сопствената граница, па многумина го следат токму со цел да се инспирираат. Секој нов рекорд што го поставува во теретаната предизвикува бројни реакции и восхит кај гледачите, а неговата самодоверба и ентузијазам се препознатлив белег на сите негови видеа.
По три години активна работа и редовно снимање, Анатоли конечно доживува и уште еден важен момент да биде препознаен во фитнес центар. Тој со насмевка раскажува дека тоа веќе му станува нормално, бидејќи луѓето кои ги следат неговите видеа сè почесто го препознаваат во живо и му приоѓаат со поддршка.
Со растечка заедница на следбеници, Анатоли сè повеќе се истакнува како мотиватор за младите кои сакаат да влезат во светот на фитнесот. Тој покажува дека со труд, дисциплина и упорност може да се достигнат резултати што некогаш изгледале невозможни.
Секое негово видео е потсетник дека границите постојат само за да се поминат. Во прилог и видео записот каде неговиот лик е препознат од фитнес момците:
@anatoly_pranks Of course, over the last 3 years a lot of people have recognized us. But this time… it was different. Full on YT 🤭 #anatoly #gym #prank
Магазин
Ивана од Кичево оваа година по петти пат изработува новогодишни честитки за да помогне на лица и здруженија каде е најпотребно
Кичевчанката Ивана Маркоска не престанува да плени со своите хумани гестови, имено како претходните години, продолжува и оваа година по петти пат, со голема радост ја најави нејзината традиционална хуманитарна Новогодишна 🎄 акција со илустрирани честитки!
Нејзината 🎄 новогодишна акција, Ви ја споделуваме во целост:
Со огромна радост, ја објавувам годинешната хуманитарна акција со Новогодишни честитки! Честитките се илустрирани од мене, со многу љубов и внимание. Ви носам свежи дизајни во кои има чувство на топлина, се буди носталгија, но и надеж за поубави времиња во иднина. Честитките се во А6 формат и се отвораат. Подетален опис има под секоја честитка индивидуално.
За прв пат оваа година, благодарение на Студио Контура, честитките се печатени на рециклирана хартија – што значи, имаме и еколошки елемент на акцијата. Како и сите години претходно, принтот си го покриваме јас и Nikola, честитките се продаваат по само 50 денари, и цел профит оди за хуманитарни цели кои ги одлучувам на крај на акцијата.
Еве како се алоцираа средствата претходните години:
https://tinyurl.com/chestitki2025
https://tinyurl.com/chestitki2024
https://tinyurl.com/chestitki2023
https://tinyurl.com/chestitki2021
Честитките се достапни преку порака, во инбокс кај мене.
За во:
– Скопје – Ви ги доставувам лично на договорено место;
– Кичево и Струга – или ќе ги земете од кај нашите семејства, или ќе ви ги донесам ако сум јас во тој период тука;
– Други градови: Испраќам по карго, за порачани 14+ честитки доставата е бесплатна.
– Оваа прилика сакам да ја искористам и сакам најтопло да се заблагодарам на вашиот медиум кој секоја година ми дава значајна поддршка, како и на секој од вас што претходните години си купи од моите честитки, и однапред да се заблагодарам на сите кои ќе купите честитки годинава. Без сите Вас, овие акции не би биле можни. Јас сум пресреќна што години уназад, со мојот скромен талент успевам да направам нешто убаво, но и што сите Вие имате доверба во мене, за Порта.мк истакна Ивана
Хумани луѓе, пишете ми за порачка и споделувајте ја акцијата!
Хороскоп
Хороскоп за петок (5 декември)
ОВЕН
Денот на работното место тече во добра комуникација со соработниците и воспоставување на нови договори. Ве очекува финансиска добивка. На емоционален план имате потреба да доминирате над партнерот. Здравјето е солидно.
БИК
На работното место сте самоуверени и влегувате во конфликти само за да докажете дека сте во право. Емотивно сте расположени за размена на нежности и слатки зборови со другата половина. Прошетката е добар начин за опуштање и подобрување на расположението.
БЛИЗНАЦИ
Деловните проблеми никако да завршат а тоа ве прави фрустрирани. Емоциите ви вријат, можете да дојдете до проблеми во врската поради љубомора. Кога е здравјето во прашање, физички сте неактивни а тоа доаѓа на ваша штета.
РАК
Ви следи деловно и финансиски успешен ден. Ќе бидете задоволни затоа што трудот ќе ви се исплати. Во емоционална смисла сте потонале и размислувате за минатото кое не можете да го промените. Здравјето е солидно.
ЛАВ
Поради работата самодовербата ви е доста ниска. Сатисфакција добивате на емоционално ниво преку партнерот на чија љубов и поддршка можете да сметате во секој миг. Кожата ви е прилично чувствителна.
ДЕВИЦА
Денес е поволен ден за да се позанимавате со некои постари обврски и конечно да ги тргнете од дневниот ред. Во емоционална смисла сте незаинтересирани за било какви дружења или нови познанства. Здравјето ви е солидно.
ВАГА
Расположени сте за работи и сите цели ви делуваат лесно остварливи и достапни. На емоционален план сте напнати па можно е да вашето незадоволство да го „истурите“ врз партнерот. На здравствено поле можни се проблеми со алергии.
ШКОРПИЈА
Во тек е деловен ден поради што ќе се чувствувате максимално фрустрирани. Имате чувство дека не се поместувате од мртва точка. Денот е одличен за љубовна комуникација од таен тип. Синусите ви се прилично чувствителни.
СТРЕЛЕЦ
Денешниот ден е неповолен за комуникација и сообраќај па пожелно е да бидете внимателни. Во емоционална смисла сте затворени и не сакате да зборувате отворено за вашите емоции. Ве очекува нервоза од минлив тип.
ЈАРЕЦ
Денот е неповолен за состаноци па можете да очекувате неко од нив да бидат одложени, а на оние кои ќе бидат одржани можно е да не го добиете она кое го посакувате. Имате понуда за да влезете во нова авантура, но ќе размислувате дали да ја искористите. Чувствително грло.
ВОДОЛИЈА
Ова е одличен ден за јавен деловен успех особено ако работата има врска со законот или јавноста. Расположени сте за љубов, гледање и комуникација со другата половина. На здравствено поле немате проблеми.
РИБИ
Максимално сте посветени на своите деловни обврски и успех. Денес е одличен ден за ново познанство со потенцијалниот партнер кој можете да го запознаете преку работа. Во физичка смисла сте стабилни и силни.
-
Спорт7 часаКичевскиот фудбалски судија Лика во среда ќе биде прв помошен судија на „play-off“ дуелот меѓу Нант и Макаби Хаифа
-
Магазин11 часаИвана од Кичево оваа година по петти пат изработува новогодишни честитки за да помогне на лица и здруженија каде е најпотребно
-
Хороскоп2 денаХороскоп за четврток (4 декември)
-
Хороскоп22 часаХороскоп за петок (5 декември)
-
Здравје и убавина1 денСамо со неколку нови навики, стартот на денот ќе ви биде полн со енергија
-
Lifestyle10 часа(ВИДЕО) Анатоли фитнес момчето кое стана вистинска сензација на „ТикТок“ конечно препознат од неговата публика
-
Македонија23 часаСообраќај по наместа влажни коловози, намалена видливост поради магла има на превоите „Стража, Ѓавато, Плетвар и Крушево “
-
Свет24 часаПоради злоупотреба, Русија ги блокира „Snapchat“ и „FaceTime“
