Следете не

Кичево

Вечерва сите патишта водат во „Република“ – Кичево на „ДБР Група“ која слави 25 години на сцена, DJ’s уметници кои потекнуваат од нашиот град

Објавено пред

на

ДБР – група е промотерска мултимедијална организација која е присутна на сцената од 1998 година. Група на уметници кои потекнуваат од Кичево, Македонија.
Инспирирани од сопствениот град, сивилото на улицата, но и желбата да се држи чекор со модерните електронски текови, креираат и придонесуваат во развојот на електронската сцена, клубскиот начин на живот, уметност и култура.

ДБР – група, позади себе има реализирано многу музички настани, радио емисии, музички изданија како и многу љубов за прогресот на современата музика и клубското живеење. Денес сме горди на она што останува како печат во нашиот мал град. За онаа оставена трага на различни генерации, од високите октави на вокалите од некогашните почетоци во Детроит, па се до денешните софистицирани експериментални мелодии во Берлин и насекаде во светот.

Позитивната енергија и упорноста, што ја добиваме од верната публика е мотивот и моторот што трпеливо ги турка ДБР напред. Тоа се луѓето кои заслужуваат слобода на изразување, без предрасуди, комплекси и бариери, наметнати од “фејк” општествените норми.

DJ SET: Martin Looper / Andreja Salpe / Martina Paneva / Robotnix / Dimitry DBR / Spectromanski / Dimitr / Milan / Ultimusa

Ние сме група на луѓе кои се отворени за соработка и промовирање на артисти, уметници и за сите оние кои сакаат да се изразат себеси, онака како што тие сметаат дека треба.

Нашата цел е да им дадеме поинаква опција на младите луѓе. Енергија, дух, визија. Наспроти пропагандата на квази промоторите, креаторите на кичот и искривените вредности во општеството.

– Што се однесува до времето, 25 години се доволни да се разбере пораката која ја испраќаме трпеливо: „Развивање на културниот плурализам, надминување на предрасудите и разликите во општествените групи, афирмација на културните вредности, сфатени како еднакви и неоттуѓиви права и слободи на секоја индивидуа“.  Затоа што електронската сцена не е само музика, тоа е начин на живот.

За таа цел, на 05 август (сабота), љубителите на електронските звуци ќе доживеат уште едно музичко издание во организација на ДБР – група.

Настанот започнува од 15:00ч па се до крајот на денот на добро познатата локација клуб Република – 96 259 Кичево

Ајде сите заедно да испратиме порака за Љубовта преку универзалниот јазик кој сите го разбираме-музиката. Слободата мора да биде сакана, а љубовта треба да биде слободна.

25 години – позитивна енергија, напишаа во интегралното соопштение, за кое ние даваме безрезервна поддршка и Ве повикуваме заедно да присуствувате на овој настан!

Кичево

Поради одржување на атлетска трка во Кичево, во недела следните улици и делови на градот ќе бидат затворени за сообраќај

Објавено пред

на

©porta.mk
Во недела, 7 септември 2025, поради одржување на атлетската трка во град Кичево, од 08:00 до 11:00 часот ќе биде воведен посебен сообраќаен режим, односно ќе бидат затворени следните улици и делови за транзитирање:
  • Градски плоштад
  • Бул. „Ослободување“ до раскрсница со ул. „11-ти Септември“
  • Ул. „11-ти Септември“ до ул. „Веле Змејковски“
  • Ул. „Маршал Тито“ до Берза
  • Ул. „Амит Челопечанец“
  • Ул. „29 Ноември“
  • Ул. „Борис Кидрич“ до раскрсница со ул. „Рудничка“
  • Ул. „Рудничка“ до Бул. „Ослободување“
  • Ул. „Тане Цалески“ до ул. „Маршал Тито“
  • Ул. „Маршал Тито“ до градски плоштад
Од организацијата и надлежните упатуваат апел до граѓаните да ги почитуваат привремените измени во режимот на сообраќај, со тоа што ќе ги користат алтернативните правци.
Прочитај повеќе...

Кичево

Кичево: Филм, музика и креативност во село Ехлоец: Echoes in the Wild на 7 септември

Објавено пред

на

На 7 септември (недела), во селото Ехлоец, сместено на падините на планината Стогово во близина на Кичево, ќе се одржи уникатниот настан Echoes in the Wild – фестивал кој го поврзува филмот, музиката и младинската креативност во едно заедничко искуство на отворено.

Програма на настанот

  • 19:00 часот – филмска проекција
    Организирана од EcoKult и Nightflix, проекцијата има за цел да ја донесе интимноста на кино-искуството надвор од градските сали, во срцето на природата.
  • По проекцијата – музички дел
    Вечерта продолжува со диџеј сетови на:
    • Ива Арифај (Србија)
    • Aco Sound (Македонија)
    • Дарко Јованоски (Македонија)
      Настапите ќе ја донесат енергијата на младата електронска сцена од регионот во живописното место познато како „На камен“.

Пораката на организаторите

Во разговор со Дарко Јованоски, член на „Montparnasse“ и еден од организаторите, дознавме дека идејата зад овој настан е да се создаде нова културна навика кај младите:

„И малите села, и планините, и историските места, и заборавените предели можат да станат простори каде младите ја обликуваат својата креативна сцена. А младите дефинитивно имаат енергија и идеи за тоа да го остварат.“

Поддршка и организација

  • Настанот е во организација на Montparnasse.
  • Дел е од проектот на Western Balkans Youth Cultural Fund, спроведен од Regional Youth Cooperation Office (RYCO) со поддршка од Германското Министерство за надворешни работи.

Практични информации

  • Организаторите ги повикуваат посетителите да пристигнат уште од пладневните часови, за да ја доживеат убавината на Ехлоец и Стогово во целост.
  • Се препорачува носење на топла облека за вечерните часови.
  • Влезот е бесплатен.
Прочитај повеќе...

Кичево

(ВИДЕО) Спречен голем пожар во кичевската населба Иванидол

Објавено пред

на

©porta.mk

Предмалку благодарение на брзата интервенција од ТППЕ Кичево, беше спречена пламната огнена стихија на сува трева да дојде до далековод и до населените куќи.

За среќа нема штети, нема повредени. На терен беше и ОВР Кичево кои го обезбедија местото.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп10 часа

Хороскоп за сабота (6 септември)

ОВЕН Мирен ден е пред вас и ова темпо одамна не сте го почувствувале. Претходно секогаш брзавте некаде и не...

Македонија19 часа

Од една до друга патарина на патен правец Гостивар-Тетово, ќе се изведуваат градежни работи со времетраење од две седмици

Bиадукт Трејд – Дооел од 01.09.2025 г. започна со нова фаза на градежни активности , односно воспоставена е времена измена на режимот...

Фото: Martin Katler @ unsplash Фото: Martin Katler @ unsplash
Автомобили22 часа

Десетте најпродавани автомобили во Европа во 2025 година

Во првата половина од 2025 година, европскиот автомобилски пазар бележи значајни промени и трендови. Според податоците на JATO Dynamics, објавени...

Фото: Homescreenify @ unsplash Фото: Homescreenify @ unsplash
Магазин22 часа

Тајната на вистинскиот италијански болоњезе сос

Болоњезе сос е едно од најпознатите јадења во светот, но вистинската тајна на неговиот вкус лежи во традицијата на градот...

Кичево22 часа

Поради одржување на атлетска трка во Кичево, во недела следните улици и делови на градот ќе бидат затворени за сообраќај

Во недела, 7 септември 2025, поради одржување на атлетската трка во град Кичево, од 08:00 до 11:00 часот ќе биде...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за петок (5 септември)

Овен Пробувате да дојдете до некои промени, но тоа не ви оди од рака. Можно е да имате трема пред...

Фото: Leon Bublitz @ unsplash Фото: Leon Bublitz @ unsplash
Магазин2 дена

YouTube укинува Premium Family сметки надвор од заедничко домаќинство

YouTube го следи примерот на Netflix и Disney+, воведувајќи построги правила за користење на Premium Family пакетите. Компанијата почна да...

Фото: Onur Binay @ unsplash Фото: Onur Binay @ unsplash
Мобилни уреди2 дена

Батеријата се празни додека полните? Еве што треба да знаете

Современите Android телефони доаѓаат со моќни и ефикасни процесори, како и батерии со поголем капацитет. Вообичаено, тие можат да издржат...

Социјални мрежи2 дена

Корисниците во повеќе европски земји, како и кај нас пријавија потешкотии при користење на „Google, Gmail“ и останатите сервиси

Корисниците во повеќе европски земји, особено во Југоисточна Европа, Турција и Кавказ, се соочуваат со сериозни потешкотии при користење на...

Спорт2 дена

Елмас пред вечерашниот настап против Саудиска Арабија: „Ние секогаш излегуваме на терен по победа, со верба во квалитетот што го имаме.“

Пред вечерашниот пријателски дуел во Прага против Саудиска Арабија, македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го сподели своето мислење за значењето на...

НАЈЧИТАНИ