Кичево
(ФОТО+ВИДЕО) „Кеди Дизајн“ во финалето преку пенал рулет до шампионски трофеј на турнирот во мал фудбал во с.Вранештица

Вчера финишираше овогодинешниот турнир во мал фудбал во село Вранештица – кичевско, каде оваа со својат топол пречет на гостите, квалитетна скара, пијалок, услуга, нормално и со наша континуирана поддршка ги собори сите рекорди на посетеност тековно низ годините, но тоа се не ќе беше така добро ако не постоеја и спонзорите на турнирот кои ги заслужуваат сите почести:
- Порта.мк, Радио Акорд, Доди Маркет, Силвана Фиданоски, Храна „Ристевски“, Венаки, Симо Трајковски, Игор Златевски, Аце Спасеноски, Синиша Јовески, Ресторан „Лука“, Благоја Котевски, Мирче Спасеноски, Боше Мицкоски, Иван Пеловски, Љуба Кириоска
Што се однесува до екипите, изиграа на максимално ниво, фер плеј, покажаа дисциплинираност, коректност према судиите, а лицата кои беа задолжени за да изгледа се онака како што изгледаше работата си ја завршија професионално – Мартин Дејаноски & Бенарт Зеќири.
Екипата на „Охрид“ без образложение не допатува, што значи фудбалерите од „Викса Маркети“ ја добија победата службено со резултат 3:0 и практично се закитија со пехарот за трето место и парична награда од 20,000 ден.
Во финалниот меч се играше тврд натпревар со многу шанси, екипата на „Кеди Дизајн“ влезе мотивирачки од самиот старт, имаа доста шанси за гол, но блескавиот Спахиу уште еднаш покажа дека на голот е во голема форма. Во 10-тата минута Вренцоски речиси сам пред голот не искористи блескава ситуација, која се чини беше една од најзрелите за гол, но за жал одбрани противничкиот голман и истакна дека тој и неговата екипа заслужено стигнаа до финалето.
Пред самиот крај на натпреварот екипата на „Асан“ имаше уште две шанси но без успех, така што следуваше пенал рулетот каде домашниот голман на „Кеди Дизајн“ беше поуспешен со една одбрана и + 1 гол екипата на „Кеди Дизајн“ е шампион на овогодинешниот турнир во мал фудбал, кој се одржува да повториме традиционално по 55-ти пат во с.Вранештица.
Покрај, прво наградените кои добија награден паричен фонд од 60,000 ден, односно 40,000 ден за второпласираните, се доделија и награди за најдобар голман, најдобар играч како и благодарници за сите спонзори и помагатели на настанот.
„Кеди Дизајн“ – скромна фирма која постои 3 години, изработува секаков вид на мебел, дрвенарија, се што ви треба за вашиот дом, а оваа година прв пат пријави своја екипа, така што импресиите и задоволството не го криеше сопственикот Даниел, кој ни изјави дека ќе продолжи континуитетот и ќе се вложува и понатаму во спортот.
Нека е за многу години „Илинден“, упатуваме спортски поздрав до сите љубители на фудбалот, исто така благодарност преку нашиот медиум се упатува и до МВР-ОВР Кичево за поддршката на спортските натпревари од ваков карактер, како и ТППЕ Кичево кои пред стартот на турнирот дадоа свој придонес.
Во продолжение погледнете го официјалното видео и галерија, на сите моменти од финалниот меч, како и мал дел од музичката забава со естрадниот уметник кичевчанецот Дарко Стојаноски и неговиот оркестар „Харизма“
ПОРТА.мк
©2023
Кичево
(ФОТО) Се запали дива депонија покрај пат кај с.Пополжани, интервенираше ТППЕ Кичево

Во 18:17ч денес пријавено било дека гори дива депонија во близина на с.Пополжани кичевско од битолска страна.
Како што не известија од ТППЕ Кичево, се извршуваат дополнителни активности околу гаснењето.
Кичево
Предмалку случена сообраќајка во близина на с.Извор кичевско, правец Кичево-Охрид

Предмалку се случила сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид во близина на с.Извор.
Од информации од терен дознаваме дека сообраќајот бил отежнат, но без поголеми чекања и застој.
На местото на настанот се забележани екипи на Итна Медицинска помош од Кичево и ОВР Кичево.
За здравјето на учесниците немаме информации.
Повеќе детали очекуваме во билтенот на СВР Охрид.
Кичево
(ФОТО) Гори ниска шума и дива депонија во атарот на с.Туин кичевско, ТППЕ Кичево уште на терен

Пред неполни два часа повик за настанат пожар во атарот на с.Туин кичевско добила дежурната екипа на ТППЕ Кичево, која веднаш се упатила на терен и сеуште дејствува.
Апелираме за поголемо внимание додека се движите во шумски предели во овој период од годината.
За нашиот медиум од ТППЕ Кичево известуваат дека дејствуваат врз запалена ниска шума и дива депонија.
-
Македонија1 ден
МВР истакна важна информација која стартува од утре 1 јули
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (1 јули)
-
Магазин2 дена
Вечерва започнува првиот фитнес подкаст во Македонија за сите љубители на здравиот живот заедно со „Adastra“ и Дејан Пауновски „Pakigram“
-
Хороскоп9 часа
Хороскоп за среда (2 јули)
-
Македонија13 часа
(ФОТО) СВР Охрид и „РЦ Запад“ подготвени за туристичката сезона и безбедноста на граѓаните и туристите
-
Македонија2 дена
Од ноќеска цената на нафтените деривати се намалува, ова е новата цена
-
Македонија2 дена
СВР Охрид изнесе детали за запалениот глисер, бил приватна сопственост
-
Магазин10 часа
(ВИДЕО) Хитот од Спасен Сиљаноски „Ќе ти дојдам вечер“ популарна и помеѓу најмладите генерации