Временска прогноза
Невремето се поместува кон овие краишта на државата, периодот на нестабилно време продолжува..

Во моментов од запад кон исток се преместува голема влажна и нестабилна воздушна маса, и истата е поврзана со студениот фронт од север, како и со циклонската активност со центар над Џеносвскиот залив, над Италија и над Јадранот.
Во најголем дел од државава поројните врнежи од дожд, проследени со грмежи и силен ветер продолжуваат. Локално ќе има појава на изразено невреме, проследено со интензивен пороен дожд (за кратко време над 20 л/м2), силен ветер, силни и чести електрични празнења, како и со појава на град кој локално би можел да биде и крупен. И во Скопскиот регион ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на локално невреме.
Најсилно невремето ќе биде во централните и во источните предели од државава. Можни се штети и поплави поради очекуваните интензивни врнежи и невремето. Токму поради ова апелираме граѓаните да бидат крајно внимателни, и да не излегуваат од своите домови додека трае невремето.
Од утре па во текот на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво, но значително посвежо и со засилен ветер од западен и од северозападен правец. Максималните температури на многу места нема да се искачуваат повеќе од 25 степени, понекаде тие ќе бидат дури и под 25 степени, а во централните и во југоисточните предели до околу или малку над 30 степени.
Минималните температури понекаде ќе се спуштаат дури и под 10 степени, што значи пред нас е многу посвежо време, со многу посвежи утра, вистински горештини и екстремно високи температури нема на видик, пишува Славчо Попоски.
Временска прогноза
Пред нас период на суво време и значително топло

Во почетокот од новата работна недела, односно во понеделник и во вторник (20/21 октомври) времето во Македонија ќе биде стабилно, суво и сончево а во вторник полека облачноста од запад ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец.
И во Скопје и околината времето ќе биде стабилно и суво со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Во среда (22 октомври) ќе имаме и повремени локални врнежи од дожд.
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени, во Скопје и околината максимумот на температурата ќе се искачува до околу 16 степени. Тоа значи дека температурите и понатаму ќе бидат под просекот за овој период од годината, информира Славчо Попоски
Временска прогноза
Дожд на секаде во Македонија, локално ќе наврнат над 20 л/м²

Под влијание на влажен воздушен бран од Медитеранот до крајот на денов и утре (сабота 18 октомври) во Македонија времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои особено во западните и во југозападните предели ќе бидат пообилни и локално ќе наврнат над 20 литри дожд на метар квадратен. И во Скопје и околината времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен, повремено и со умерен интензитет.
Ќе дува слаб до умерен ветер и тоа долж Повардарието од југоисточен а во западните предели од источен и од североисточен правец. Поради продорот на поладен воздух од североисток денес на највисоките планински места во нашата Македонија (над 2000 метри надморска височина) ќе има услови и за повремен снег.
Што се однесува до температурите тие денес ќе бидат под просекот за овој период од годината и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 15 степени а утре (сабота 18 октомври) тие ќе бидат малку повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени.
Во Скопје и околината денес температурата ќе се искачи до околу 12 степени а утре таа ќе биде малку повисока и ќе се искачи до околу 16 степени, за јавноста истакна Славчо Попоски од Метеоаларм.мк
Временска прогноза
Доаѓа нов бран на дождови на планините снег, и тоа над 2000 нмв – ова се најновите метео вести

Под влијание на поголем влажен воздушен бран од Медитеранот, во текот на ноќта среда кон четврток (15/16 октомври) во четврток во текот на денот и во петок (16/17 октомври) во Македонија времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои локално и повремено ќе бидат пообилни па така за време на овој период локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 20 литри на метар квадратен дожд). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец.
Температурите во погоре споменатиот период повторно ќе бидат во опаѓање, особено максималните дневни температури на воздухот и тие повторно ќе бидат под просекот за овој период од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени а во Скопје максимумот на температурата ќе се искачува до околу 13 степени.
Во Скопје и околината исто така во погоре споменатиот период ќе има повремени врнежи од дожд со умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Да напоменам дека поради продорот на поладен воздух од североисток и од исток, на највисоките планински врвови (над 2000 метри) во Македонија ќе има услови за повремен снег, истакна Славчо Попоски
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (20 октомври)
-
Македонија1 ден
МВР: Гласањето се одвива мирно, без поголеми нарушувања на јавниот ред и мир, доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонски броеви 192 или 112
-
Временска прогноза14 часа
Пред нас период на суво време и значително топло
-
Македонија11 часа
Дизелот со намалена цена од ноќеска, додека бензините остануваат со иста цена
-
Хороскоп60 минути
Хороскоп за вторник (21 октомври)
-
Lifestyle13 часа
5 причини да јадете тиква: Ако сакате да ослабете, подгответе ја вака
-
Lifestyle13 часа
Со топол леб или палачинки: Овој џем од јаболка ќе стане вашето омилено есенско откритие
-
Магазин13 часа
Apple го претстави првиот M5 чип