Кичево
Дедо Кирил бил забележан од две лица, апел за помош доколку се забележи – пријавете
Се уште активно се трага по Дедо Кирил за негово пронаоѓање, така што преку нашиот медиум од име на фамилијата ве информираме дека две лица искажале новост дека дедото бил забележан во близина на Железничката станица..
Поради тој исказ, преку нашиот медиум апелира уште еднаш ако некој го забележи дедо Кирил кој е изразито висок и слаб човек, на себе последно носи сива блуза и темни пантолони веднаш да го сопре и да се јави во Полиција.
Да повториме дедото од вчера утрото му се губи секаков траг, додека во него немал мобилен телефон.
– Оваа информација влева надеж дека дедо Кирил ќе го пронајдеме жив и здрав, но треба ваша помош почитувани.
Со почит.
Кичево
Вчера во кичевското с.Староец затекнат бил крушевчанец на криволов
На 24.10.2025 околу 23:00 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода А.З.(60) од Крушево.
Претходно, во атарот на кичевското село Староец, ловочувар од ловечко здружение „Елен“ од Кичево го затекнал А.З. при незаконит лов и додека пукал кон диво животно од пушка „Маузер“, калибар 7,9 милиметри.
По насоки на јавен обвинител, одземена му е пушката и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 228 од кривичниот законик – „незаконит лов“, за медиумите информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
Утре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развој, да бидеме хумани!
Утре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развојот „Надеж“. Предводник на оваа манифестација, заедно со здружението е Алексо Тришоски.
Музичкиот настан е закажан со почеток од 18:00ч (сабота) 25.10.2025 г, додека влезница за овој настан ќе чини симболични 100 денари.
Бидете дел, да бидеме хумани, да помогнеме!

Кичево
(ВИДЕО) Погледнете како „везат“ нашите момчиња од „ФК Кичево“, на престижниот меѓународен турнир „Eurosport Cup“, против своите врснити од „CSKA“
Нашите млади таленти со ново искуство, неодамна на меѓународниот турнир „Eurosport Cup“ во Куманово забележаа успешно учество со генерацијата 2014/15, каде покажаа карактер, тимски дух и огромен напредок! Одигравме одлични натпревари исполнети со борбеност, желба и квалитетна игра.
Голема чест и задоволство е да се претставува нашата академија на ваков силен турнир. Продолжуваме со уште повеќе работа, ентузијазам и посветеност!
Во продолжение ТУКА ви ги претставуваме најдобрите моменти, благодарение на „Talnets“, „M-Net“, „CSKA“
-
Хороскоп2 денаХороскоп за понеделник (27 октомври)
-
Хороскоп13 часаХороскоп за вторник (28 октомври)
-
Временска прогноза2 денаОд ноќеска засилен бран на дожд, грмежи и ветер особено во западниот регион од Република Македонија, ова се информациите
-
Магазин24 часаInstagram конечно ја добива опцијата што сите ја сакаа
-
Магазин24 часаOne UI 8.5: Нов начин за управување со известувања на Samsung уредите
-
Магазин24 часаMeta ги забранува ChatGPT и другите AI четботови на WhatsApp
-
Магазин24 часаКако да го смените фонтот на вашиот Android телефон
-
На денешен ден1 часСветот на денешен ден (28 октомври)
