Следете не

Спорт

Македонија до 19 поразена од Грузија на првата контролна пресметка помеѓу овие селекции

Објавено пред

на

©ФФМ

Младата репрезентација на Македонија до 19 години вчера го одигра првиот од двата контролни натпревари против соодветната селекција на Грузија.

Нашите млади фудбалери на тренинг центарот „Петар Милошевски” беа убедливо поразени од противникот со 6:2.

Селекцијата на Грузија максимално ја искористи нашата лоша игра, за на крајот да се радува на убедлива победа.

Мечот го започнавме многу лошо, без организација во играта и со многу грешки. Противникот успеа тоа да го казни на најдобар можен начин, успевајќи да постигне три гола во воведниот дел и да го реши прашањето на победникот.

Избраниците на селекторот Тони Јакимовски, успеаа во продолжението колку толку да ги консолидираат своите редови, постигнувајќи два гола за намалување на предноста на противникот на 3:2.

До крајот на натпреварот следуваше нов лош пад во играта на Македонија. Нашиот голман уште четири пати ја вадеше топката од сопствената мрежа. На крајот убедливи 6:2 за селекцијата на Грузија.

Младата репрезентација на Македонија има можност за поправен испит. За два дена. овие две селекции помеѓу себе ќе одиграат нов контролен дуел, на истиот терен, со почеток од 17. часот.

Македонија: Анес Мелиќи, Хадис Таири, Лорик Каба Јакупи, Марко Стојилевски, Алекс Митров, Амир Нухија, Теодор Николовски, Димитар Данев, Љупче Џеков, Матеј Митревски, Фикрет Ливорека;

Селектор: Тони Јакимовски;

Спорт

ФФМ реализира рекордна донација на спортска опрема за дечиња од младинските екипи низ Македонија

Објавено пред

на

ФОТО: ФФМ / ffm.mk

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска спроведе најголема досега донација на спортска опрема наменета за младинските екипи што се натпреваруваат во рамките на системот на ФФМ. Вкупно 42 клуба од Супер младинската лига, како и од Втората и Третата младинска лига, добија по 44 комплети опрема (тренерки, маици и шорцеви за тренинг, ранци) и дополнително по 30 фудбалски топки.

На свеченото доделување, што се одржа во „Куќа на фудбалот“, присуствуваа претставници на клубовите, а чест да ги поздрават имаа претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, како и фудбалските легенди Горан Пандев, Агим Ибраими и Ѓорги Христов, кои испратија порака за понатамошна поддршка и заеднички развој на младинскиот фудбал.

Со оваа донација опфатени се 1.848 млади фудбалери, а нејзината вкупна вредност изнесува околу 150.000 евра, средства целосно обезбедени од ФФМ.

Повеќе за ова ќе најдете на официјалниот натпис од ФФМ, ТУКА

Извор: ФФМ (Фудбалска федерација на Македонија)

Прочитај повеќе...

Спорт

Офанзивецот на „црвените ѓаволи“ на чекор до шпански Бетис

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Nat Callaghan

Бразилскиот офанзивец на Манчестер Јунајтед, Антони, се наоѓа на чекор до повторно приклучување во редовите на Бетис, откако двата клуба најдоа заеднички јазик околу надоместокот за трансферот.

Според информациите на „Атлетик“, англискиот клуб ќе инкасира 25 милиони евра од продажбата, а ќе задржи и 50% од евентуалната негова идна препродажба.

Со ова решение е надмината клучната пречка – андалузискиот тим немаше финансиска моќ да понуди повеќе, но доколку Антони повторно заблеска во зелено-белиот дрес, Јунајтед може да оствари дополнителна заработка.

Антони пристигна на „Олд Трафорд“ во 2022 година од Ајакс за 95 милиони евра, каде повторно соработуваше со својот поранешен тренер Ерик тен Хаг. Сепак, тешкотиите со адаптацијата и ограничената минутажа, дополнети со недоразбирањата со новиот стратег Рубен Аморим, доведоа до тоа неговото заминување да стане неизбежно.

Минатата пролет 25-годишникот настапуваше како позајмен играч во Бетис и остави одличен впечаток – на 26 средби постигна 9 погодоци и запиша 5 асистенции. Од тој момент клубот од Севилја постојано настојува да го врати во своите редови, но Јунајтед инсистираше на повисока сума.

Сега, откако не е дел од плановите на Аморим, постигнат е компромис и Бразилецот ќе се врати на „Бенито Виљамарин“.

Во меѓувреме, Бетис ја започна новата сезона во Ла Лига со осум бодови по првите четири натпревари и по паузата за репрезентативни настапи го очекува гостување кај Леванте.

Извор: thesun

Прочитај повеќе...

Спорт

Германија ја запиша третата последователна победа на Европското првенство, совладувајќи ја убедливо Литванија

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Markus Spiske

Кошаркарската селекција на Германија ја запиша третата последователна победа на Европското првенство, совладувајќи ја Литванија со убедливи 107:88 во рамки на третото коло од групата Б.

Главна фигура на натпреварот беше Денис Шредер, кој блескаше со 26 поени и 10 асистенции, а покрај него се истакна и Франц Вагнер со 24 поени и 7 скока. Даниел Тајс имаше беспрекорно издание – постигна 23 поени со шут 9/9 од игра. На спротивната страна, Рокас Јокубаитис беше најефикасен за Литванија со 20 поени, додека Јонас Валанчиунас придонесе со 14.

Сепак, дуелот не мина без сенка. За време на паузата на полувремето, дел од литванските навивачи се однесуваа расистички кон темнокожите играчи на германската репрезентација.

– „Навистина е разочарувачки – се слушаа непристојни звуци од трибините. Тоа нема место ниту во кошарката, ниту во било кој спорт,“ изјави Шредер за МагентаСпорт по натпреварот. Тој додаде дека некои навивачи биле отстранети од арената, а ваквите инциденти спореди со ситуациите што ги доживува Винисиус Жуниор во фудбалот.

Неговиот соиграч Исак Бонга рече дека не ги забележал навредите бидејќи бил фокусиран на играта, додека помошниот тренер Алан Ибрахимагиќ потврди дека во соблекувалната немало дискусија на оваа тема.

Со овој триумф, Германија останува непоразена и го зацврстува првото место во групата, додека Литванија падна на скор од две победи и еден пораз

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево3 часа

(ВИДЕО) Спречен голем пожар во кичевската населба Иванидол

Предмалку благодарение на брзата интервенција од ТППЕ Кичево, беше спречена пламната огнена стихија на сува трева да дојде до далековод...

Спорт8 часа

ФФМ реализира рекордна донација на спортска опрема за дечиња од младинските екипи низ Македонија

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска спроведе најголема досега донација на спортска опрема наменета за младинските екипи што се натпреваруваат...

Фото: Mitchell Luo @ unsplash Фото: Mitchell Luo @ unsplash
Храна10 часа

Исто како од ресторан: Тајната за совршено крцкав домашен помфрит

Кога помфритот дома излегува мек или тврд, решението често е едноставно: кратко потопување во газираниот пијалак што веќе го имате...

Фото: Solen Feyissa @ unsplash Фото: Solen Feyissa @ unsplash
Магазин10 часа

TikTok ја менува комуникацијата: Нови пораки со глас, фотографии и видеа

TikTok најави голема промена во својата платформа – во следните недели ќе воведе гласовни пораки до една минута, како и...

Фото: User_Pascal @ unsplash Фото: User_Pascal @ unsplash
Магазин10 часа

Google Pixel и iPhone го забрзуваат преминот кон eSIM технологија

Apple и Google се одлучни во својата стратегија за укинување на физичките SIM картички и премин кон телефони што поддржуваат...

Фото: Mariia Shalabaieva @ unsplash Фото: Mariia Shalabaieva @ unsplash
Магазин10 часа

NVIDIA ја претстави новата генерација Jetson AGX Thor за роботика и физичка AI

Директорот на NVIDIA, Јенсен Хуанг, ја истакна роботиката како најголема можност на компанијата надвор од вештачката интелигенција. Во таа насока,...

Фото: Maik Kleinert @ unsplash Фото: Maik Kleinert @ unsplash
Магазин10 часа

Insta360 ја претстави новата акциона камера GO Ultra со отстранлива меморија

Кинеската компанија Insta360, позната по акционите камери и дронови, го претстави својот нов премиум модел – Insta360 GO Ultra. Наместо...

Спорт11 часа

Офанзивецот на „црвените ѓаволи“ на чекор до шпански Бетис

Бразилскиот офанзивец на Манчестер Јунајтед, Антони, се наоѓа на чекор до повторно приклучување во редовите на Бетис, откако двата клуба...

Македонија12 часа

Од денес започнува новата учебна година, вештачката интелигенција дел од наставата, образовни асистенти и за средношколците

Со денешното ѕвонче во училиштата, официјално стартува учебната 2025/2026 година, во која ќе учествуваат околу 245,000 ученици – 177.800 во...

На денешен ден12 часа

Времеплов: На денешен ден – 1 септември

На денешен ден 1 септември, важни историски настани кои се случиле во различни години и делови од светот. Еве краток преглед на...

НАЈЧИТАНИ