Спорт
Судиска анализа за првото коло од првата македонска фудбалска лига, истакнати две погрешни проценки..

Судиската комисија на ФФМ ги анализираше и разгледа спорните моменти од 1. коло на Првата МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:
На натпреварот ФК Брегалница- ФК Силекс одигран на 06.08.2023 година, анализирана е ситуацијата од 69 минута.
Главен судија: Јован Качевски. Помошни судии: Дејан Димитријевиќ и Климент Ристоски.
69 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Доделен ЦРВЕН картон)
Играч од екипата на гостите беше во посед на топката на средина на терен, играч од екипата на домаќините го влечеше за дрес играчот на гостите,главниот судија ја прекина играта поради слободен удар (влечење) и во тој момент играчот на гостите на неспортски начин (со лакт) го удри противничкиот играч во пределот на главата (лицето).
Исправна одлука на главниот судија, доделен ЦРВЕН картон за играчот на гостите поради неспортски однос, т.е удирање противнички играч со лакт во пределот на главата (лицето), меѓутоа погрешено беше продолжението на играта, требаше да биде доделен слободен удар за екипата на гостите бидејки играчот на домаќините прв направи прекршок (влечење за дрес) и судијата ја прекина играта поради влечењето.
На натпреварот ФК Воска- ФК Шкендија одигран на 06.08.2023 година, анализирани се ситуациите од 62 и 75 минута.
Главен судија: Игор Стојчевски. Помошни судии: Даниел Василевски и Бранко Путилин.
62 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Доделен ЦРВЕН картон)
Играч од екипата на гостите беше во посед на топката на средина на терен блиску до аут линијата, играч од екипата на домаќините го повлече играчот на гостите правејки прекршок, двајцата играчи паднаа на земја и во тој момент играчот на гостите на неспортски начин со двете нозе го удри потивничкиот играч во пределот на телото (градите).
Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар за екипата на гостите, доделен ЦРВЕН картон за играчот на гостите поради неспортски однос (удар на противнички играч со нозе во пределот на градите) и доделен жолт картон за играчот на домаќините поради недозволен старт (влечење противнички играч).
75 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Доделен втор жолт-ЦРВЕН картон)
Играч од екипата на гостите беше во посед на топката на 30 метри од голот на домаќините, играч од екипата на домаќините направи недозволен старт спречувајки ветувачка акција.
Добра одлука на главниот судија, досуден слободен удар за екипата на гостите и доделен жолт картон за играчот од екипата на домаќините поради недозволен старт и спречување ветувачка акција, бидејки тоа беше втор жолт картон за играчот, автоматски му беше доделен ЦРВЕН картон.
На натпреварот ФК Тиквеш – ФК Македонија Ѓ.П одигран на 06.08.2023 година, анализирани се ситуациите од 4 и 62 минута.
Главен судија: Ндерим Тефику. Помошни судии: Мартин Петковски и Роберт Црвенов.
4 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (НЕ досуден пенал)
Играч од екипата на домаќините ја имаше топката во свој посед во шеснаесетникот на гостите странично од голот, во моментот кога ја додаде топката кон свој соиграч, играч од екипата на гостите направи движење со телото (го наведна) во правец на топката и со рака ( неприродна положба и широко одвоена од тело) ја удри топката спречувајки ја да дојде до соиграчот.
Погрешна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, во оваа ситуација главниот судија требаше да досуди пенал за екипата на домаќините, поради игра со рака од играч на гостите, направи движење со телото во правец на топката и раката му беше во неприродна положба и широко одвоена од телото.
62 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Доделен ЦРВЕН картон)
Играч од екипата на гостите ја имаше топката во свој посед на средина на теренот, играч од екипата на домаќините го повлече за дрес правејки прекршок, главниот судија досуди слободен удар за екипата на гостите и во тој момент играчот на гостите на неспортски начин со глава го удри противничкиот играч во глава (лице).
Исправна одлука на главниот судија, доделен ЦРВЕН картон за играчот на гостите поради неспортски однос, т.е удирање со глава на противнички играч во пределот на главата (лицето).
На натпреварот ФК Работнички – ФК Шкупи одигран на 07.08.2023 година, анализирана е ситуацијата од 80 минута.
Главен судија: Александар Ставрев. Помошни судии: Дејан Костадинов и Слаѓан Марковски.
80 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Погрешно досуден пенал)
Екипата на домаќините беше во напад, играч од екипата на домаќините додаде топка во шеснаесетникот на екипата на гостите, на неа тргнаа два противнички играчи, играчот на гостите прв стигна до топката, коректно ја изби и потоа дојде до контакт помеѓу играчите.
Погрешна одлука на главниот судија, досуден е пенал за екипата на домаќините, но во оваа ситуација главниот судија требаше да дозволи играта да продолжи бидејки играчот на гостите прв дојде до топката и ја изби коректно без да направи прекршок.
На останатите натпревари од Прва МФЛ , немаше спорни ситуации за судиска анализа.
Спорт
(ФОТО) „ФК Кичево“ успешно го заврши првиот дел од сезоната, денес се одиграа одлични мечеви..

Денес во Кичево се одигра последното коло за оваа полусезона од детската лига на југо-западниот регион, каде екипата на „ФК Кичево“ во генерациите 2011, 2012 и 2014 ги одигра своите мечеви.
Најпрво генерацијата од 2011 одигра одличен меч со врсниците од „ФК Влазрими“ од Кичево, каде победија со резултат од 4:0. Стрелци на головите за нашиот тим беа, Васко Грујоски 1 гол, Павел Димоски 1 гол, Сарџино Сарџоски 1 гол и Стефан Грозданоски 1 гол.
„ФК Кичево“ во генерацијата 2012 ја одигра втората утакмица денес каде се сретна со екипата на „ФК Велешта“. Тој меч заврши нерешено, односно 1:1. Единствениот гол за нашата екипа го постигна Илијан Чакароски.
И завршниот трет меч денес „ФК Кичево“ во генерацијата 2014/2015 се сретна со екипата на „Еврофудбал“ од Охрид. Резултатот на тој меч заврши со високи 0:5 за гостинската екипа која покажа супериорна игра.
Максим Николаевски – тренер на „ФК Кичево“:
– Одличен ден, одлично заокружена полусезона, им честитам на сите фудбалерчиња за прикажаната игра. Продолжуваме со напорна работа, тука нема да застанеме, затоа што за нешто помалку од една седмица ќе учествуваме на уште еден традиционален, воедно и интернационален престижен турнир во Охрид, каде нашите момчиња во три генерации ќе ги бранат боите на „ФК Кичево“
Генералниот спонзор „Порта.мк“ на „ФК Кичево“ го проследи првиот меч од натпреварот одигран против екипата на „ФК Влазрими“ и истиот ви го пренесува преку фотографија:
Спорт
Судиите од првата македонска фудбалска лига супериорно ја завршиле работата на мечевите од 16-то коло

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 16 коло на ПРВА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:
На натпреварот Фк.Шкендија-Фк. Работнички одигран на 29.11.2023 година, анализирани се ситуациите од 45+1 и 90+2 минута.
“Главен судија: Александар Грујоски.Помошни судии: Куштрим Лика и Давор Цветановски.
45+1минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За недосуден пенал за гостинската екипа, при резултат 0:0)
Центрирана топка пред 16-сетникот на домашната екипа, играч на гостинската екипа ја удри топката со глава која удри во раката на домашен играч кој се наоѓаше во својот 16-сетник.
Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејки раката на играчот на домакините беше во природна положба, спуштена близу телото.
Главниот судија беше одлично поставен и имаше јасна прегледност на ситуацијата.
90+2 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За недосуден пенал за гостинската екипа, при резултат 1:0)
Играч на гостинската екипа центрираше топка странично од голот на домакините, играч на домашната екипа кој беше на линијата на 16-сетникот скокна да ја блокира топката и таа го удри во рака која при скокот беше во природна положба, близу телото.
Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи бидејки рака на домашниот играч кога топката го удри во рака се наоѓаше во природна положба, близу телото.
И во оваа ситуација главниот судија беше одлично поставен,имаше јасна прегледност на ситуацијата и донесе исправна одлука.
На натпреварот Фк.Воска-Фк.Тиквеш одигран на 29.11.2023 година, анализирани се ситуациите од 13 и 45+2минута.
“Главенсудија:Александар Ставрев. Помошни судии: Дејан Костадинов и Бранко Путилин.
13 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За недосуден пенал за гостинската екипа, при резултат 0:0)
Во 16-сетникот на домашната екипа играч на гостите беше во посед на топката, во моментот кога се спремаше да упати удар кон голот на домакините, играч на домашната екипа од позади грб му ја изби топката, дојде до минимален контакт со телата и играчот на гостите падна.
Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи бидејки играчот на домашната екипа ја изби топката на коректен начин без контакт со ногата на противникот.
Главниот судија одлично беше поставен и имаше одлична прегледност на ситуацијата и донесе исправна одлука.
45+2 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За доделен ЦРВЕН картон на играч на домашната екипа,при резултат 0:1)
Играч на домашната екипа во борба за топка со противнички играч во свој 16-сетник странично од голот ја освои топката, гостински играч го влечеше за тело, во моментот кога главниот судија досуди слободен удар за домашната екипа, играчот на домакините на недозволен и неспортски начин го удри противничкиот играч со рака (тупаница) во пределот на главата (лицето).
Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар за домашната екипа и доделен ЦРВЕН картон за домашниот играч за недозволен и неспортски старт,намерен удар со рака (тупаница) во пределот на главата (лицето) на противнички играч.
На натпреварот Фк.Вардар-Фк.Струга Трим Лум одигран на 29.11.2023 година, анализирани се ситуациите од 7,32 и 44 минута.
“Главенсудија: Крумислав Ѓорѓиев. Помошни судии: Дарко Јовчевски и Александар Ѓорѓески.
7 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За досуден пенал за гостинската екипа, при резултат 0:0)
Центрирана топка во 16-сетникот на домашната екипа, играч на гостите со глава ја удри топката и играч на домашната екипа со закаснет старт направи недозволен старт со телото над играчот на гостите (во телото).
Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за гостинската екипа поради недозволен старт, закаснет старт на домашен играч со телото над противнички играч (во телото).
32 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За досуден пенал за домашната екипа, при резултат 0:2)
Центрирана топка во 16-сетникот на гостинската екипа, играч на гостите со глава ја одби топката која потоа удри во раката (високо подигната од телото и неприродна положба) на свој соиграч.
Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за домашната екипа поради недозволена игра со рака (високо подигната од телото и неприродна положба) на гостински играч во свој 16-сетник.
44 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За недосуден пенал за домашната екипа, при резултат 1:2)
Центрирана топка во 16-сетник на гостинската екипа, двајца противнички играчи беа еден до друг со телата (кратка дистанца), топка помина преку играчот на домакините и удри во раката (природна положба за тој скок) на гостинскиот играч, која беше до самото тело на противничкиот играч.
Исправна проценка на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејки растојанието помеѓу играчите беше премногу кратко и раката на играчот за тој скок се наоѓаше во природна позиција (до самото тело на противнички играч).
Одлична поставеност на главниот судија со јасна прегледност на ситуацијата и донесе исправна одлука.
На останатите натпревари од 1 МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа.
Спорт
Изов го истакна списокот на фудбалери за натпреварот против Бугарија

Женската македонска А репрезентација на 5. декември во Софија ќе го одигра натпреварот од 4. коло во Лига на нации против домашната Бугарија. Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Кирил Изов за мечот против нашиот источен сосед ги повика следните фудбалерки:
Голмани: Магдалена Лекоска (Љуботен), Ведрана Комненова (Скопје)
Одбрана: Ана Милчевска (Самгрело, Грузија), Сара Коларовска (Скопје), Драгана Костова (Каменица Саса), Кристина Мојсоска (АС Јунајтед), Катерина Петкова (Истатов), Бојана Петкова (Љуботен), Катерина Милеска (Цевитана), Сара Ефтинџиоска (Цевитана)
Среден ред: Симона Мејер (Макаби Хадера, Израел), Радица Велкова (Тиверија), Александра Марковска (Љуботен), Елма Шемсовиќ (Скопје), Елена Петровска (Љуботен), Наташа Андонова (Леванте, Шпанија), Оливера Цоклеска (АС Јунајтед)
Напад: Гентијана Рочи (Купс, Финска), Афродита Салихи (Скопје), Рабија Дервиши (Скопје), Кристина Петрушевска (Истатов), Радица Чонева (Истатов), Илза Максути (АС Јунајтед);
Натпреварот меѓу женските репрезентации на Бугарија и Македонија ќе се одигра на стадионот на Левски во Софија.
Собирот на нашата најдобра женска селекција е закажан за 3. декември во Скопје.
-
Хороскоп2 дена
Месечен Хороскоп (декември)
-
Култура1 ден
Сеноќно молитвено бдение во нашиот манастир „Св. Богородица – Пречиста“ по повод големиот празник Воведение на Пресвета Богородица
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за сабота (2 декември)
-
Спорт8 часа
(ФОТО) „ФК Кичево“ успешно го заврши првиот дел од сезоната, денес се одиграа одлични мечеви..
-
Автомобили1 ден
Револуција или најгрдиот автомобил во историјата? Cybertruck пристигна (ФОТО+ВИДЕО)
-
Македонија5 часа
Возило со миганти учествувало во сообраќајка кај Струмица, возачот и мигрантите избегале, па биле пронајдени..
-
Автомобили9 часа
(ВИДЕО) Маск го претстави долгоочекуваниот автомобил „Cybertruck“, неговата носивост на влечење ги надминува сите граници
-
Спорт1 ден
Судиите од првата македонска фудбалска лига супериорно ја завршиле работата на мечевите од 16-то коло