Спорт
(ФОТО) Кичево има надеж, Марко Божиноски веќе игра за У-15 фудбалска репрезентација на Македонија

Младите фудбалери од генерацијата 2009. од Академијата на ФФМ предводени од тренерот Драган Начевски започнаа со тренинзи.
Претходниот период, оваа млада генерација одржа два тренинг кампови во Кнежино кичевско и Дојран. Во периодот од 28. јули до 4. август беше одржан првиот тренинг камп во Кнежино. Од 7. август до 13. август беше одржан тренинг кампот во Дојран.
Главниот тренер на генерацијата на фудбалери родени 2009 година, Драган Начевски даде свој коментар и видување за младата селектирана генерација на фудбалери.
„Претходниот период го искористивме на најдобар можен начин за да се подготвиме што подобро за активностите што не очекуваат наредниот период. Одржавме два тренинг кампови во Кнежино и Дојран. Задоволен сум што имав можност да ги имам на располагање сите 28 деца кои се дел од Академијата на ФФМ“.
„Децата се заедно цело време и имаат можност да се запознаат многу подобро, да се дружат и социјализираат. Со нас имаме и спортски психолог кој е многу значаен фактор, посебно во овој период кога децата треба да се развиваат на правилен начин и во вистинска насока“.
„На овие тренинг кампови, акцентот беше ставен пред се на физичката подготовка на децата, но го искористивме периодот и да поработиме на техничко – тактичките идеи. Задоволен сум од посветеноста и ангажираноста на децата на овие подготовки. Овие фудбалери се сеуште млади, пред нив е долг пат, но верувам дека со вистински пристап и ангажираност од сите, можеме да создаваме нови одлични фудбалери кои ќе бидат носители во своите клубови и репрезентацијата во иднина“.
„Во Академијата на ФФМ, младите деца ги имаат сите предуслови да се развиваат, да учат кои се вистинските вредности и да станат одлични фудбалери. Проектот е базиран на тренинг програма која е усогласена целосно со УЕФА тренинг програмата, се со една цел, вистински и правилен развој на овие млади фудбалери. Децата се сместени во зградата на ФФМ академијата, каде што имаат извонредни услови за напредок. Имаат редовен организиран превоз до училиштата каде што следат настава, сместени се во ФФМ академијата, имаат три квалитетни оброци, ментор кој е задолжен за нивното однесуванње во училиштето и надвор од него“.
„На секој тренинг работат четири тренери (главен, помошен, финтес и тренер на голмани), физиотерапевт и доктор. Во текот на целата школска година имаме на распоред од 15 до 20 меѓународни натпревари против репрезентации и клубови, со цел децата континуаирано да напредуваат и да се подобруваат и после двегодишниот престој во Академијата да се вратат во клубовите многу подобри и со поголемо искуство. Верувам дека ова е вистинскиот начин генерално да се подигне квалитетот на македонскиот фудбал“.
„Во оваа генерација на млади фудбалери има огромен број на талентирани деца кои се надевам дека ќе станат идни репрезентативци. Од истата оваа Академија произлегуваат еден Елиф Елмас, Влатко Стојановски. Давор Здравковски, Милан Ристовски, кои се фудбалери со одлична меѓународна кариера и стандардни репрезентативци.
Ние од Кичево сме особено горди на нашето дете кое од рана возраст на свои 4 години тренира фудбал во својот матичен клуб ФК Кичево, а сега е веќе во академијата, односно ги брани боите на У15 македонската фудбалска репрезентација, Марко Божиноски преден везен играч.
Имено нашиот град од секогаш поседувал млади генерации деца кои имале вистински потенцијал за блескава фудбалска кариера, само треба многу труд, желба, ентузијазам и активна поткрепа од најблиските!
Само успеси момчиња, ние сме тука да го следиме вашиот чекор и во иднина! 👏
Среќно на следниот натпревар со вашите врсници од Турција!
Спорт
ФФМ со интензивна постапка за утврдување на неправилностите од мечот помеѓу Кожуф и Башкими

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) продолжува со интензивна постапка за утврдување на неправилностите поврзани со натпреварот од 28. коло во Втора МФЛ меѓу ФК Кожуф и ФК Башкими.
По добиени сознанија и укажувања од раководителот на одделот за безбедност и заштита на интегритетот во рамки на ФФМ, веднаш беше отпочната постапка, а изјавите од службените лица на натпреварот се веќе добиени.
Тие се прецизни и јасни и укажуваат на тоа дека натпреварот има сериозни нарушувања на интегритетот.
Очигледните неправилности кои се евидентирани се причина Комисијата за натпреварување да не го регистрира натпреварот, односно бодовите од истиот не се заведени.
Истовремено, двата клуба се предадени на дисциплинска постапка.
ФФМ ќе ги искористи сите можни средства согласно своите овластувања за целосно расчистување на овој срамен случај кој фрла сериозна дамка врз фудбалот во Македонија.
Ќе се започне со прибирање изјави од сите лица за кои ФФМ има сознанија дека биле инволвирани во случајот, вклучително и фудбалери за кои постојат индиции за вмешаност.
Притоа, посочуваме дека секој обид за лажно давање изјава ќе сноси соодветна одговорност согласно законските прописи.
Собраниот доказен материјал до овој момент е доставен до архивското одделениe при Министерството за внатрешни работи (МВР).
Дополнително, за случајот е информирана УЕФА, која внимателно го следи развојот на настаните.
ФФМ ја уверува јавноста дека ќе ја истера постапката до крај и ќе следуваат драстични казни за сите за кои ќе се докаже дека се вмешани во нарушување на интегритетот на натпреварувањето, стои во интегралното соопштение на Федерацијата, кое ви го пренесовме во целост.
Спорт
ФФМ огорчени од фудбалските сцени на мечот од ВМФЛ помеѓу Кожуф и Башкими

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со длабоко разочарување и огорченост го следеше натпреварот помеѓу ФК Кожуф и ФК Башкими од Втора МФЛ.
– Сцените што сите ги видовме на теренот и однесувањето на поединци претставуваат директна навреда за фудбалот, за фер-плејот и за сите што со чесна намера учествуваат во спортот, истакнаа од ФФМ.
Прочитајте повеќе на официјалниот натпис од ФФМ, во продолжение ТУКА
Спорт
(ФОТО) Момчињата на „ФК Кичево“ гостуваа во Охрид, едниот натпревар го добија постигнувајќи „петка“ на градски

Денес стадионот во склоп на „Билјанини извори“ – Охрид, беше преполн од родители и љубители на фудбалот. Во пелагониска-езерска регионална лига се сретнаа екипа на домаќинот „ФК Ла Масиа“ и нашиот тим од „ФК Кичево“ кој одиграа одличен и возбудлив меч, така што екипите поделија по 1 бод, односно резултатот до последното судиско свирче заврши 3:3.
Во еден цврст натпревар, домаќините го отворија резултатот рано во првото полувреме, но кичевчани брзо се враќаа од резултатска криза. Мал милион неискористени шанси за гол, најпрво преку Матески, Сарџоски и Сталески.
Во листата на стрелци ⚽️ за нашиот тим се запишаа: Дарио Јосифоски, Марко Сталески и Борис Матески од белата точка.
Пред натпреварот на генерација 2010/2011, натпревар одигра и генерација 2012 на „ФК Кичево“ против екипата на „Академија Охрид“ и истиот го доби со резултат од 0:5, стрелци на головите беа: Берк Али ⚽️⚽️, Малик Фазлиоски ⚽️, Мухамед Исмаилоски ⚽️, Дариан Арсоски ⚽️.
Честитки до сите фудбалери за прикажаната игра!
Во прилог фотогалерија преку нашиот објектив од натпреварот на генерација 2010/2011.
-
Хроника3 часа
Утрово кичевчанец со секира уби татко, неговата мајка е во неконтактибилна состојба
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за сабота (10 мај)
-
Хороскоп14 часа
Хороскоп за недела (11 мај)
-
Скопје2 дена
Посебен режим на сообраќај во Скопје во недела
-
Македонија19 часа
Малолетник од Кочани објавувал експлицитни содржини од малолетничка, мајката го пријавила
-
Временска прогноза1 ден
Од викендов драстично поладно, особено на утро, ова се информациите
-
Македонија1 ден
ОВР Струга: Стружанец возел мотор пијан и излетал од патот
-
Здравје и убавина15 часа
Клучни 5 работи поврзани со забите, кои предупредуваат за опасни промени во вашето општо здравје