Следете не

Спорт

Судиска анализа на комисијата за спорни моменти, поништен гол за Беласица

Објавено пред

на

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 2. коло на ПРВА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот  ФК Македонија Ѓ.П- ФК Брегалница одигран на 13.08.2023 година, анализирани се ситуациите од 85 и 90+9 минута.

Главен судија: Игор Стојчевски. Помошни судии: Климент Ристоски и Разме Бакрачески.

85 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Доделен втор жолт-ЦРВЕН картон за играч на гостинската екипа)

Играта беше во прекин, играч од екипата на гостите незадоволен од судиска одлука почна да приговара,

Правилна одлука  на главниот судија, доделен  жолт картон за играчот на гостите поради неспортски однос (приговор кон судија), бидејки тоа беше втор жолт картон за играчот, автоматски му беше доделен ЦРВЕН картон.

90+9 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Доделен втор жолт-ЦРВЕН картон за играч на домашната екипа)

Играч од екипата на гостите беше во посед на топка неколку метри во полето на домаќините, играч од екипата на домаќините направи недозволен старт (од позади грб) над играчот на гостите спречувајки ја акцијата.

Исправна одлука на главниот судија, играта беше прекината, досуден слободен удар за гостите и доделен жолт картон за играчот на домаќините поради недозволен старт (од позади грб), бидејки тоа беше втор жолт картон за играчот на домаќините, автоматски му беше доделен ЦРВЕН картон.

На натпреварот  ФК Гостивар-ФК Тиквеш одигран на 13.08.2023 година, анализирана е ситуацијата од  72 минута.

Главен судија: Марјан Младеновски. Помошни судии: Дејан Димитријевиќ и Александар Недевски.

72 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( За недосуден пенал за домашната екипа)

Играч од екипата на домаќините беше во посед на топката странично во шеснаесетникот на гостите, истиот ја центрираше топката која дојде до втората статива од голот на гостите, таму имаше два противнички играчи и пред играчот од домаќините да ја удри топката со глава дојде до минимален контакт (ставена рака од противнички играч на рамото на играчот) и истиот, тој контакт го искористи да падне сакајки да изнуди пенал.

Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејки контактот што играчот на гостите го направи над играчот на домаќините беше минимален и недоволен за пенал.

На натпреварот ФК Силекс– ФК Работнички одигран на 13.08.2023 година, анализирани се ситуациите од 4 и 48 минута.

Главен судија: Димитар Пилешков. Помошни судии: Дејан Костадинов и Мартин Петковски.

4 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден пенал за домашната екипа)

Играч од екипата на домаќините упати удар кон голот на гостите, голманот кратко ја одби топката која дојде до играч од екипата на домаќините и пред играч на домаќините да ја шутне топката кон голот (играчот се наоѓаше во просторот од 5,5 метри) играч од екипата на гостите направи недозволен старт (од позади грб) на ногата на противникот, спречувајки го да шутира кон голот.

Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за екипата на домаќините и доделен жолт картон за играчот на гостите, поради недозволен старт (од позади грб) на ногата на противникот .

48 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (Сигнализирано удар од гол за гостинската екипа)

Играч од екипата на домаќините ја имаше топката во свој посед странично од голот на гостите, во моментот кога ја центрираше топката кон соиграч, топката со целиот свој обем (воздушно) беше надвор од попречната линија, топката стигна до неговиот соиграч кој постигна гол.

Исправна  одлука  на вториот помошен судија, голот е поништен, бидејки во моментот кога играчот на домаќините ја центрираше топката, таа со целиот свој обем (воздушно) ја помина попречната линија.

На останатите натпревари од ПРВА МФЛ , немаше спорни ситуации за судиска анализа.

 

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 1. коло на ВТОРА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот  ФК Победа-ФК Тетекс одигран на 12.08.2023 година, анализирани се ситуациите од 70 и 86 минута.

Главен судија: Владимир Ѓорѓиевски. Помошни судии: Николче Дрнковски и Дарко Василевски.

70 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Доделен ЦРВЕН картон за голман на гостинската екипа)

Играч од екипата на домаќините додаде долга топка до соиграч, голманот на екипата на гостите беше излезен надвор од својот шеснаесетник, лошо го процени летот на топката и намерно со рака ја фати топката спречувајки ја да дојде до играчот на домакините, кој се наоѓаше во очигледна шанса за гол (пред него имаше празен гол).

Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар за екипата на домаќините (намерна игра со рака на голман на екипата на гостите надвор од свој шеснаесетник) и доделен ЦРВЕН картон за голманот поради спречување очигледна шанса за гол.

86 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден пенал за гостинската екипа)

Играч од екипата на гостите центрираше топка во шеснаесетникот на домаќините, играчот на гостите пред да ја удри топката со глава беше на повлечен на недозволен начин за дрес со две раце од играч на гостите, со тоа беше спречен да игра со топката.

Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за екипата на гостите и доделен жолт картон на играчот на домаќините поради недозволен старт (влечење за дрес со две раце) на противнички играч.

На натпреварот  ФК Детонит-ФК Вардар Неготино одигран на 12.08.2023 година, анализирана е ситуацијата од 23 минута.

Главен судија: Дејан Младеновски. Помошни судии: Милош Милошевиќ и Виктор Здравев.

23 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден пенал за домашната екипа)

Играч од екипата на домаќините беше во посед на топката странично од голот на гостите, кога играчот влезе во шеснаесетникот на гостите, играч на гостите од позади грб на недозволен начин  (за дрес) го повлече домашниот играч и истиот неможеше да продолжи со акцијата и падна.

Исправна одлука одлука на главниот судија, досуден пенал за екипата на домаќините и доделен жолт картон за играчот на гостите поради недозволен старт (влечење за дрес) на противнички играч.

Главниот судија во оваа ситуација беше одлично поставен, близу акцијата и имаше одличен преглед.

На натпреварот  ФК Кожуф-ФК Караорман одигран на 12.08.2023 година, анализирана е ситуацијата од 38 минута.

Главен судија: Јосип Бартон. Помошни судии: Дарко Јовчевски и Идриз Идризи.

38 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Доделен втор жолт –ЦРВЕН картон за играч на домашната екипа)

Главниот судија ја прекина играта поради офсајд позиција, после прекинот на играта играч на домаќините ја водеше уште топката и упати удар кон голот на гостите.

Исправна одлука на главниот судија, доделен втор жолт картон за играчот на домаќините поради неспортски однос ( шутирање на топка после прекин на игра), бидејки тоа беше втор жолт картон за играчот, автоматски му беше доделен ЦРВЕН картон.

На натпреварот  ФК.Беласица-ФК.Пелистер одигран на 12.08.2023 година, анализирани се ситуациите од 27 и 37 минута.

Главен судија: Стојан Трпчевски. Помошни судии: Драган Трпчевски и Душко Панов.

27  минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (Поништен гол за домашната екипа, поради офсајд позиција)

Играч од екипата на домаќините надвор од шеснаесетникот на гостите упати удар кон нивниот гол, топката дојде до негов соиграч кој ја прими и постигна гол, меѓутоа вториот помошен судија го подигна знаменцето сигнализирајки недозволена офсајд позиција.

Погрешна одлука на вториот помошен судија што сигнализираше офсајд позиција на играчот што постигна гол, бидејки во моментот кога неговиот соиграч шутираше кон голот на гостите, играчот се наоѓаше во пола тело понапред од предпоследниот играч на екипата на гостите.

37 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден пенал за гостинската екипа)

Играч на екипата на гостите центрираше топка во шеснаесетникот на домаќините, после центаршутот топката се одби од земја и го удри во рака на играч на домаќините која му беше широко одвоена од тело и во неприродна положба, а исто така и големо беше растојанието помеѓу центаршутот и играчот што играше со рака.

Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за екипата на гостите поради игра со рака (широко одвоена од телото и неприродна положба) на играч од екипата на домаќините.

На останатите натпревари од ВТОРА МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа, истакнаа од ФФМ.

Спорт

Просинечки најверојатно ќе биде сменет од селектор на Црна Гора, своето деби го започна со победи над Македонија и Белорусија

Објавено пред

на

Роберт Просинечки повеќе нема да ја извршува функцијата селектор на фудбалската репрезентација на Црна Гора. На седницата на Извршниот одбор што ќе се одржи во петок, се очекува претседателот Дејан Савиќевиќ и раководството на Фудбалскиот сојуз официјално да ја потврдат одлуката за негова смена.

До завршување на квалификацискиот циклус, улогата на главен тренер ќе ја преземе Мирко Вучиниќ – првиот капитен во историјата на националниот тим, кој веќе подолг период е дел од стручниот штаб.

Просинечки беше седмиот селектор на Црна Гора по обновувањето на независноста, наследувајќи имиња како Зоран Филиповиќ, Златко Крањчар, Бранко Брновиќ, Љубиша Тумбаковиќ, Фарук Хаџибегиќ и Миодраг Радуловиќ.

Своето деби го имаше во март 2024 година со две победи во пријателски средби против Белорусија и Македонија во Анталија. Но, потоа следеше серија од седум порази – два во пријателски натпревари и пет во официјални – и само победата против Турција во Лигата на нации му го продолжи мандатот.

Во март оваа година Црна Гора запиша две тешки победи дома во квалификациите за Светското првенство, против Гибралтар и Фарските Острови. Сепак, новите порази – два од Чешка и еден од Хрватска – го запечатија неговото заминување.

Во вкупно 16 натпревари на клупата на Црна Гора, Просинечки оствари биланс од пет победи, едно реми и десет порази, пренесува српски „Журнал“

Прочитај повеќе...

Спорт

(ФОТО) Кичевски „ФК Напредок“ ги наполни трибините со љубители на фудбалот, а играчите им возвратија со победа за почеток на сезоната

Објавено пред

на

©porta.mk

Недела, некогаш претпознатлив ден за фудбал на градскиот стадион во Кичево. Но денес за момент се чинеше дека токму го живееме тоа време, а зошто и да не го вратиме сјајот на тоа време?! Денес кичевчани покажаа дека љубовта кон фудбалот полека се враќа, а нашите момчиња тоа го крунисаа со одлично прикажана игра и победа од 3:1 против „ФК Вардар Брвеница“.

Речиси 80% полн капацитет на едната трибина и дел на другата со љубители на фудбалот уживаа во еден прекрасен ден со идеални услови за игра.

Серијата голови ја отвори Котески од 22м со еден маестрален шут уште во 33-та минута, веднаш потоа од далечина Калевски го искористи невниманието на гостинскиот голман и зголеми на 2:0. Третиот гол беше дело на Даутоски во 49-тата минута. За конечните 3:1 Спироски намали во финишот на мечот.

Натпреварот го водеа искусната тројка Марјан Стојаноски, Осман Зеќири и Никола Ѓорѓиевски.

Можам да бидам задоволен од денешната игра на нашите момци. Активните тренинзи покажуваат резултати како на физичката подготвеност така и останатите битни работи кај фудбалерите. Ова е одличен резултат за почеток на првенството. Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам на кичевчани кои дојдоа навистина во голем број и не бодреа до самиот финиш на мечот. Ве уверувам дека ќе ги искористиме сите можности за нашиот сон да се исполни – „Влез во елитната лига“ – за Порта.мк истакна Бобан Дујковиќ, тренер на „ФК Напредок“

Прочитај повеќе...

Спорт

„ФК Напредок“ денес на домашен терен го игра првиот натпревар од новата сезона, ве повикуваме сите на градски како во старите добри времиња

Објавено пред

на

©porta.mk

Стартот во новата сезона во рамките на Трета лига Запад „Фудбалскиот Клуб НАПРЕДОК“ ќе ја започне на домашен терен,а за противник во првото коло ќе гостува екипата на „ФК Вардар Брвеница“.

Натпреварот ќе се одигра денес на Градскиот стадион во Кичево 14.09.2025 г.(недела) со почеток во 16:30 часот.

На сосема новиот и уреден изглед на трибините, ве повикуваме да му дадете максимална поддршка на „ФК Напредок“ како во старите добри времиња и заедно да уживаме во прикажаната игра.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп7 часа

Хороскоп за петок (19 септември)

ОВЕН Бидете јасни и гласни, но не фокусирајте се само на приказни за планови. Денот е идеален за први чекори...

Скопје9 часа

МВР поднесе кривична пријава за загрозување на животната средина со отпад во Трубарево

Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе кривична пријава против М.Д (56), Л.Д. (26), В.М. (43)...

Кичево16 часа

Во недела на големиот празник рождество на Пресвета Богородица, во кичевско с.Другово ќе се осветува поставениот Крст

Со голема радост и духовен трепет од с.Другово известуваат дека на големиот празник Рождество на Пресвета Богородица, ќе се изврши...

Фото: Sten Ritterfeld @ unsplash Фото: Sten Ritterfeld @ unsplash
Магазин18 часа

Како батеријата на телефонот да трае цел ден? Еве три клучни совети

Денес паметните телефони се незаменливи – ги користиме за навигација, фотографирање, комуникација и пристап до информации во секое време. Но,...

Скопје19 часа

Малолетници на 12 и 14 годишна возраст од угостителски објект одзеле пари од вработени и побегнале, едниот се заканил со остар предмет

На 17.09.2025 во 17:30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода двајца...

Спорт19 часа

Просинечки најверојатно ќе биде сменет од селектор на Црна Гора, своето деби го започна со победи над Македонија и Белорусија

Роберт Просинечки повеќе нема да ја извршува функцијата селектор на фудбалската репрезентација на Црна Гора. На седницата на Извршниот одбор...

Временска прогноза20 часа

Следната седмица вистинска промена на времето

Невообичани ладни утра за овој период од годината со потпросечни температури на воздухот се пред нас, а преку денот ќе...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за четврток (18 септември)

ОВЕН Вашата страст и ентузијазам денес ќе ја истакнат вашата креативност. Ова е одличен период за да започнете некое уметничко...

Технологија2 дена

(ВИДЕО) „DJI“ официјално го претстави својот нов дрон од серијата „мини“ – DJI Mini 5 PRO

Предмалку реномираната „DJI“ го претстави новиот дрон од серијата „мини“ – DJI Mini 5 Pro кој практично претставува ново ниво...

Фото: Michael Fousert @ unsplash Фото: Michael Fousert @ unsplash
Автомобили2 дена

Колку се задоволни возачите од реалниот домет на електричните автомобили?

Колку навистина може да издржи едно електрично возило со едно полнење во споредба со бројките што производителите ги ветуваат? Тоа...

НАЈЧИТАНИ