Следете не

Спорт

(ФОТО) Кичево има надеж, Марко Божиноски веќе игра за У-15 фудбалска репрезентација на Македонија

Објавено пред

на

Младите фудбалери од генерацијата 2009. од Академијата на ФФМ предводени од тренерот Драган Начевски започнаа со тренинзи.

Претходниот период, оваа млада генерација одржа два тренинг кампови во Кнежино кичевско и Дојран. Во периодот од 28. јули до 4. август беше одржан првиот тренинг камп во Кнежино. Од 7. август до 13. август беше одржан тренинг кампот во Дојран.

Главниот тренер на генерацијата на фудбалери родени 2009 година, Драган Начевски даде свој коментар и видување за младата селектирана генерација на фудбалери.

Претходниот период го искористивме на најдобар можен начин за да се подготвиме што подобро за активностите што не очекуваат наредниот период. Одржавме два тренинг кампови во Кнежино и Дојран. Задоволен сум што имав можност да ги имам на располагање сите 28 деца кои се дел од Академијата на ФФМ“.

„Децата се заедно цело време и имаат можност да се запознаат многу подобро, да се дружат и социјализираат. Со нас имаме и спортски психолог кој е многу значаен фактор, посебно во овој период кога децата треба да се развиваат на правилен начин и во вистинска насока“.

„На овие тренинг кампови, акцентот беше ставен пред се на физичката подготовка на децата, но го искористивме периодот и да поработиме на техничко – тактичките идеи. Задоволен сум од посветеноста и ангажираноста на децата на овие подготовки. Овие фудбалери се сеуште млади, пред нив е долг пат, но верувам дека со вистински пристап и ангажираност од сите, можеме да создаваме нови одлични фудбалери кои ќе бидат носители во своите клубови и репрезентацијата во иднина“.

Во Академијата на ФФМ, младите деца ги имаат сите предуслови да се развиваат, да учат кои се вистинските вредности и да станат одлични фудбалери. Проектот е базиран на тренинг програма која е усогласена целосно со УЕФА тренинг програмата, се со една цел, вистински и правилен развој на овие млади фудбалери. Децата се сместени во зградата на ФФМ академијата, каде што имаат извонредни услови за напредок. Имаат редовен организиран превоз до училиштата каде што следат настава, сместени се во ФФМ академијата, имаат три квалитетни оброци, ментор кој е задолжен за нивното однесуванње во училиштето и надвор од него“.

„На секој тренинг работат четири тренери (главен, помошен, финтес и тренер на голмани), физиотерапевт и доктор. Во текот на целата школска година имаме на распоред од 15 до 20 меѓународни натпревари против репрезентации и клубови, со цел децата континуаирано да напредуваат и да се подобруваат и после двегодишниот престој во Академијата да се вратат во клубовите многу подобри и со поголемо искуство. Верувам дека ова е вистинскиот начин генерално да се подигне квалитетот на македонскиот фудбал“.

„Во оваа генерација на млади фудбалери има огромен број на талентирани деца кои се надевам дека ќе станат идни репрезентативци. Од истата оваа Академија произлегуваат еден Елиф Елмас, Влатко Стојановски. Давор Здравковски, Милан Ристовски, кои се фудбалери со одлична меѓународна кариера и стандардни репрезентативци.

Ние од Кичево сме особено горди на нашето дете кое од рана возраст на свои 4 години тренира фудбал во својот матичен клуб ФК Кичево, а сега е веќе во академијата, односно ги брани боите на У15 македонската фудбалска репрезентација, Марко Божиноски преден везен играч.

Имено нашиот град од секогаш поседувал млади генерации деца кои имале вистински потенцијал за блескава фудбалска кариера, само треба многу труд, желба, ентузијазам и активна поткрепа од најблиските!

Само успеси момчиња, ние сме тука да го следиме вашиот чекор и во иднина! 👏

Среќно на следниот натпревар со вашите врсници од Турција!

Спорт

Фудбалската федерација на Македонија истакна дека поради честите судиски грешки во иднина ќе воведе „ВАР“

Објавено пред

на

©ФФМ

Вчерашниот натпревар  Струга Т.Љ. – Воска Спорт јасно илустрираше колку е критично отсуството на технологијата за видео асистент судија (ВАР) во нашиот фудбал. Сериозните судиски грешки доведоа до значителна неправда за тимовите во МФЛ и не само што предизвика разочарување и гнев, туку ја потенцираше потребата за брзи дејствија во насока на подобрување на судењето и спроведување на праведноста.

Во текот на сезоната, се соочивме со судиски грешки кои директно влијаеа на интегритетот на фудбалската играта. Последните судиски грешки, но и грешките во изминатите кола од МФЛ, не принудуваат да се движиме побрзо кон подобрување и праведност во македонскиот фудбал.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) е цврсто решена да не дозволи неправда во фудбалот, без разлика на цената.

Со тоа на ум, ФФМ активно работи на воведување на технологијата за видео асистент судија (ВАР) во нашите лиги. Свесни сме за предизвиците кои ги носи овој процес, особено во наоѓањето на соодветна продукциска куќа за емитување на натпреварите, што беше и клучен проблем и покрај нашата решеност веќе оваа сезона да имаше достапна ВАР технологијата тоа да не се оствари, бидејќи овој чекор е критичен за ефективното воведување и функционирање на ВАР технологијата. Нашата цел е да овозможиме оваа технологија што е можно побрзо да биде достапна, иако се соочуваме со комплексни логистички и технички барања за имплементација на истата и на кои интензивно работиме да ги надминеме.

Фудбалот не е само игра, туку симбол на спортска правда и рамноправност. Во срцето на секој натпревар е желбата за фер-плеј, каде секој тим има еднакви шанси за успех.

Паралелно со овие напори, ФФМ континуирано инвестира во професионалниот развој на нашите судии. Редовно ги испраќаме на обуки и семинари во рамките на УЕФА со цел подобрување на нивните вештини и способности за правилно судење.
Ние сме посветени на обезбедување на највисоки стандарди во нашиот фудбал и веруваме дека овие чекори ќе придонесат кон правичен и квалитетен фудбалски исход, истакна Фудбалската федерација на Македонија

Прочитај повеќе...

Спорт

Јакимовски: „Се наоѓаме во добра група, мотивацијата ни е на високо ниво, се надевам дека ќе успееме да обезбедиме пласман на следното ЕП“

Објавено пред

на

©ФФМ

Младата репрезентација на Македонија до 19 години ги доби противниците во Елитната рунда квалификации за Европското првенство кое следната година од 15 до 25 јули ќе се оддржи во Северна Ирска.

Генерацијата која ја предводи селекторот Тони Јакимовски се наоѓа во групата 7 со селекциите на Швајцарија, Украина и Летонија.

Селекторот на младата репрезентација на Македонија до 19 години, Тони Јакимовски даде свое видување и кратка анализа за групата од Елитната рунда на квалификации за пласман на ЕП.

– Задоволен сум од ждрепката, се наоѓаме во добра група. Реално можевме да добиеме и потешки противници. Меѓутоа во денешниот фудбал модерен фудбал, нема слаби и јаки репрезентации, сите располагаат со одреден квалитет и умеат да играат фудбал на високо највисоко ниво.

– Се надевам дека на претстојните квалификации во рамките на Елитната рунда за пласман на Европско првенство, пред се ќе успееме да го задржиме континуитетот на добри игра и позитини резултати. Нема да биде нималку лесно, но подготвени сме за овој предизвик.

– Мотивацијата кај моите фудбалери и целиот стручен тим е на едно високо ниво. Ќе дадеме се од себе за да успееме да отидеме чекор понапред и обезбедиме пласман на Европско првенство.

– Постои голема жеба за докажување и надигурвање кај моите фудбалери. Се надевам дека нема да изостане и ќе успееме да се прикажеме во добро светло во март. Да го заокружиме овој тригодишен циклус со успех.

– Се надевам дека во следниот период на подготовки, сите фудбалери ќе бидат здрави и ќе ги имам на располагање. Не очекуваат два контролни мечеви во Скопје против селекцијата на БиХ на 27 и 29 февруари. Тоа ќе биде и нашата последна проверка пред почетокот на квалификациите за пласман на ЕП.

– Максимално верувам во оваа генерација на фудбалери. Покажавме карактер, одлучност и голема желба за успех. Очекувам дека можеме да направиме и постигнеме нешто повеќе, се надевам дека ќе успееме да обезбедиме пласман на следното Европско првенство.

Елитната рунда квалификации се игра од 18. до 26. март 2024 година.

Прочитај повеќе...

Спорт

Македонија до 19 години во група со Швајцарија, Украина и Летонија за пласман на ЕП 2024 – Ајде наши!

Објавено пред

на

©ФФМ

Младата репрезентација на Македонија до 19 години ги доби противниците во Елитната рунда квалификации за Европското првенство кое следната година од 15 до 25 јули ќе се оддржи во Северна Ирска.

Генерацијата која ја предводи селекторот Тони Јакимовски се наоѓа во групата 7 со селекциите на Швајцарија, Украина и Летонија.

Елитната рунда квалификации се игра од 18. до 26. март 2024 година.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево4 часа

Вчера во сообраќајни контроли на подрачјето од СВР Охрид во Кичево најмногу санкции за возачи кои возеле побрзо од дозволеното

Вчера на 07.12.2023 година од 14.00 до 19.00 часот на подрачјето на СВР Охрид реализирани се засилени сообраќајни контроли. Притоа,...

Гејминг4 часа

(ВИДЕО) Избрани најдобрите игри за 2023 година на официјалниот „The Game Awards 2023“, ова е списокот на добитници…

Оваа година, повеќе од 100 глобални медиуми го дадоа својот глас во 31 категорија, а победниците беа објавени на стримот...

Временска прогноза10 часа

Продолжениот викенд стабилно и суво, студено ќе биде на утро и во вечерните часови

За време на овој продолжен празничен викенд во Македонија ќе има стабилизирање на временската состојба. Ќе има повеќе сонце, но останува...

Култура17 часа

Денес го празнуваме Свети Климент Охридски, наш најголем просветител и учител.

Денеска го празнуваме Свети Климент Охридски, наш најголем просветител и учител. Свети Климент Охридски македонски светец и еден од учениците...

Хороскоп24 часа

Хороскоп за петок (8 декември)

ОВЕН Иако не треба да очекувате посериозни проблеми, ќе имате прилично тешко да ги држите работите под контрола. Не верувајте...

Спорт1 ден

Фудбалската федерација на Македонија истакна дека поради честите судиски грешки во иднина ќе воведе „ВАР“

Вчерашниот натпревар  Струга Т.Љ. – Воска Спорт јасно илустрираше колку е критично отсуството на технологијата за видео асистент судија (ВАР)...

Кичево1 ден

(ФОТО) Внесете ја новогодишната магија во вашиот дом со новогодишните украси од „АТВА Маркети“

Внесете Новогодишна магија во вашиот дом, голем избор на новогодишни украси и лампиони во АТВА Маркетите, посетете ги уште веднаш!

Спорт1 ден

Јакимовски: „Се наоѓаме во добра група, мотивацијата ни е на високо ниво, се надевам дека ќе успееме да обезбедиме пласман на следното ЕП“

Младата репрезентација на Македонија до 19 години ги доби противниците во Елитната рунда квалификации за Европското првенство кое следната година...

Автомобили1 ден

Tesla Model S со поминати 1,9 милиони километри, а еве беше променето (ВИДЕО)

Податоците дека автомобилот поминал 1,9 милиони километри звучат повеќе од импресивно, особено кога станува збор за електричен модел. И кога...

Автомобили1 ден

Клиентите не знаеја како да влезат во Cybertruck, Маск мораше да интервенира

Првите единици на Tesla Cybertruck беа испорачани минатата недела, но некои клиенти се чини дека не го разгледале многу добро...

НАЈЧИТАНИ