Спорт
Женската фудбалска репрезентација до 19 години во кичевско Кнежино на припреми пред големиот турнир

Женската репрезентација на Македонија до 19 години во периодот од 19 до 23 август, под водство на селекторот Астрит Мерко ќе одработи тренинг камп, на кој фудбалерките ќе се подготвуваат за престојните предизвици што ги очекуваат.
Тренинг кампот во Кнежино ќе биде искористен и да се провери моменталната форма на фудбалерките.
Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Астрит Мерко, за овој тренинг камп се одлучи да ги повика следните фудбалерки:
Голмани: Кристина Павлоска (Шкендија), Мартина Силјаноска (Атлетико);
Одбрана: Еда Далипи (Ас Јунајтед), Матеа Блажеска (Љуботен), Слаѓана Ѓорѓиева (Тиверија), Ива Јованоска (Љуботен), Рона Рустеми (Шкендија), Дарија Стојческа (Топ Гол), Катарина Петкова (Истатов);
Средина: Сара Мена (Ас Јунајтед), Михаела Настовска (Цевитана), Теодора Далчевска (Ас Јунајтед), Анастасија Илиевска (Цевитана), Јована Павловска (Цевитана), Мелиса Димитроска (Атлетико), Ива Јосифова (Тиверија), Миа Велинова (Скопје), Диана Алуши (Ас Јунајтед), Ариана Ајдари (Хомбург – Бротал, Германија), Надица Гелева (Кочани);
Напад: Веса Села (Ас Јунајтед), Билјана Панеса (Тиверија);
Женската репрезентација на Македонија предводена од селекторот Астрит Мерко, во периодот од 16 до 26 септември, ќе учествува на силниот меѓународен контролен турнир “Словенија Куп”. Овој контролен турнир ќе биде последна проверка на нашите млади репрезентативки пред почетокот на самите квалификации.
Квалификациите на младата селекција на Македонија до 19 години ќе започнат на 20 октомври и ќе бидат одржани во Ерменија, истакнаа од ФФМ.
Спорт
ФФМ со интензивна постапка за утврдување на неправилностите од мечот помеѓу Кожуф и Башкими

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) продолжува со интензивна постапка за утврдување на неправилностите поврзани со натпреварот од 28. коло во Втора МФЛ меѓу ФК Кожуф и ФК Башкими.
По добиени сознанија и укажувања од раководителот на одделот за безбедност и заштита на интегритетот во рамки на ФФМ, веднаш беше отпочната постапка, а изјавите од службените лица на натпреварот се веќе добиени.
Тие се прецизни и јасни и укажуваат на тоа дека натпреварот има сериозни нарушувања на интегритетот.
Очигледните неправилности кои се евидентирани се причина Комисијата за натпреварување да не го регистрира натпреварот, односно бодовите од истиот не се заведени.
Истовремено, двата клуба се предадени на дисциплинска постапка.
ФФМ ќе ги искористи сите можни средства согласно своите овластувања за целосно расчистување на овој срамен случај кој фрла сериозна дамка врз фудбалот во Македонија.
Ќе се започне со прибирање изјави од сите лица за кои ФФМ има сознанија дека биле инволвирани во случајот, вклучително и фудбалери за кои постојат индиции за вмешаност.
Притоа, посочуваме дека секој обид за лажно давање изјава ќе сноси соодветна одговорност согласно законските прописи.
Собраниот доказен материјал до овој момент е доставен до архивското одделениe при Министерството за внатрешни работи (МВР).
Дополнително, за случајот е информирана УЕФА, која внимателно го следи развојот на настаните.
ФФМ ја уверува јавноста дека ќе ја истера постапката до крај и ќе следуваат драстични казни за сите за кои ќе се докаже дека се вмешани во нарушување на интегритетот на натпреварувањето, стои во интегралното соопштение на Федерацијата, кое ви го пренесовме во целост.
Спорт
ФФМ огорчени од фудбалските сцени на мечот од ВМФЛ помеѓу Кожуф и Башкими

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со длабоко разочарување и огорченост го следеше натпреварот помеѓу ФК Кожуф и ФК Башкими од Втора МФЛ.
– Сцените што сите ги видовме на теренот и однесувањето на поединци претставуваат директна навреда за фудбалот, за фер-плејот и за сите што со чесна намера учествуваат во спортот, истакнаа од ФФМ.
Прочитајте повеќе на официјалниот натпис од ФФМ, во продолжение ТУКА
Спорт
(ФОТО) Момчињата на „ФК Кичево“ гостуваа во Охрид, едниот натпревар го добија постигнувајќи „петка“ на градски

Денес стадионот во склоп на „Билјанини извори“ – Охрид, беше преполн од родители и љубители на фудбалот. Во пелагониска-езерска регионална лига се сретнаа екипа на домаќинот „ФК Ла Масиа“ и нашиот тим од „ФК Кичево“ кој одиграа одличен и возбудлив меч, така што екипите поделија по 1 бод, односно резултатот до последното судиско свирче заврши 3:3.
Во еден цврст натпревар, домаќините го отворија резултатот рано во првото полувреме, но кичевчани брзо се враќаа од резултатска криза. Мал милион неискористени шанси за гол, најпрво преку Матески, Сарџоски и Сталески.
Во листата на стрелци ⚽️ за нашиот тим се запишаа: Дарио Јосифоски, Марко Сталески и Борис Матески од белата точка.
Пред натпреварот на генерација 2010/2011, натпревар одигра и генерација 2012 на „ФК Кичево“ против екипата на „Академија Охрид“ и истиот го доби со резултат од 0:5, стрелци на головите беа: Берк Али ⚽️⚽️, Малик Фазлиоски ⚽️, Мухамед Исмаилоски ⚽️, Дариан Арсоски ⚽️.
Честитки до сите фудбалери за прикажаната игра!
Во прилог фотогалерија преку нашиот објектив од натпреварот на генерација 2010/2011.
-
Хроника3 часа
Утрово кичевчанец со секира уби татко, неговата мајка е во неконтактибилна состојба
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за сабота (10 мај)
-
Хороскоп14 часа
Хороскоп за недела (11 мај)
-
Скопје2 дена
Посебен режим на сообраќај во Скопје во недела
-
Македонија18 часа
Малолетник од Кочани објавувал експлицитни содржини од малолетничка, мајката го пријавила
-
Временска прогноза1 ден
Од викендов драстично поладно, особено на утро, ова се информациите
-
Македонија1 ден
ОВР Струга: Стружанец возел мотор пијан и излетал од патот
-
Здравје и убавина15 часа
Клучни 5 работи поврзани со забите, кои предупредуваат за опасни промени во вашето општо здравје