Македонија
(ФОТО+ВИДЕО) На „Стража“ се запалил автобус, причинета материјална штета, за среќа според последните информации повредени нема

Денес околу 11 часот и 20 минути во СВР Тетово пријавено било дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, а околу три километри пред месноста „Стража“, настанал пожар во автобус кој се движел кон Кичево.
На посоченото место веднаш се испратени полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гостивар и екипа од гостиварската Територијална противпожарна единица.
Според последните информации до кои дојдоа колегите од „Гостивар Прес“ нема повредени лица, додека настаната е голема материјална штета, односно автобусот е темелно опожарен.
Информации за автобусот од која компанија бил, исто така немаме.
Македонија
ТППЕ Кичево сеуште дејствуваат во Самоков, до моментов 8 активни пожари ширум Македонија

Екипа на ТППЕ Кичево на барање на Општина Македонски Брод со сите расположливи средства сеуште се борат со огнената стихија во с.Самоков, потточно во фаб. за муниција.
ЦУК предмалку го истакна следново:
Денес до 18:00 часот има вкупно 8 пожари на отворен простор, од кои 8 се активни
АКТИВНИ: 8
1. Општина Прилеп: с.Бешиште (приземен во мешана шума);
2. Општина Македонски Брод 1: с.Црешнево (деградирана дабова шума и грмушки);
3. Општина Чашка: под Солунска глава помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина дупка каде нема активен пламен, само чад во карпест дел (шумски пожар);
4. Општина Чучер Сандево: помеѓу селата Блаце и Чучер (мешана шума и ниска вегетација).
5. Општина Македонски Брод 2: нас.Самоков во фабриката за муниција и оружје “Сувенир” (Опожарен е магацин /хала со гуми и палети )
6. Општина Македонски Брод 3: с.Слатино (лисната постелка и ниска вегетација)
7. Старо Нагоричане: с.Белаковце ( гори шума)
8. Општина Дојран с.Николич (нискостеблеста шума)
Македонија
Поради пожар целосно е прекинат сообраќајот кон Стенковец-ГП Блаце, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце.

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека поради ширењето на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Стенковец-ГП Блаце, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце.
Министерството за внатрешни работи во координација со другите надлежни институции презема мерки за гасење на пожарот.
МВР апелира до граѓаните да не тргнуваат кон ГП Блаце до гасењето на пожарот и нормализирање на сообраќајот, за сите дополнителни информации соодветно ќе ја информираат јавноста.
Македонија
Земјотрес почувствуван денеска, епицентарот бил во подрачјето на Валандово

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, преку сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 13 часот и 35 минути регистрираше земјотрес со епицентар во подрачјето на Валандово, на 123 км југоисточно од Скопје, со локална магнитуда ML 2.9 според Рихтеровата скала.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Валандово, Струмица и нивната блиска околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Извор: ЦУК /Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје
-
Кичево1 ден
Во сабота традиционална „Мото парада 2025“ по повод „Петровден“, именден на нашиот градски храм „Св.Петар и Павле“
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (8 јули)
-
Хороскоп24 часа
Хороскоп за среда (9 јули)
-
Временска прогноза17 часа
Пред нас ладен бран на Балканот, на Алпите веќе е опснежено!
-
Lifestyle2 дена
Напиток што ги топи килограмите, го чисти телото и забрзува метаболизмот – резултатите се видливи за 7 дена
-
Скопје2 дена
Лишен од слобода скопјанец, подметнал пожар во Ѓорче Петров
-
Временска прогноза29 минути
Од ноќеска брз продор на засилен ладен ветер, кој создава дополнителен проблеж за пожарите
-
Магазин2 дена
Најдобрите телефони на Xiaomi можеби ќе добијат голема промена