Спорт
(ВИДЕО) Муслиу: Сакаме да се покажеме во најдобро светло, дуелите против Украина и Англија треба да се заборават

Македонската А репрезентација ги продолжува подготовките за септемвриските натпревари од квалификациите за ЕП 2024 против Италија (09.09.) и Малта (12.09.).
Своите очекувања од натпреварот со европскиот првак, Италија ги сподели дефанзивецот, Висар Муслиу.
– Сакаме да се покажеме во најдобро светло, за разлика од последните натпревари. Мора да бидеме на високо ниво и тактички и физички. Италија секако има план за натпреварот, ние исто така. Страв нормално дека не постои, не играме прв пат против европскиот првак. Дуелите против Украина и Англија треба да ги заборавиме, повеќе боли мечот со Украина, отколку тој во Англија, но тоа е веќе минато. Мора да гледаме напред, за ФФМ-ТВ истакна Муслиу
Спорт
(ФОТО) На пауза во Кичево, полека финишира 34-то издание на мото-рели „Независност Македонија 2025“

Со учество на повеќе од 300 мотоциклисти од Македонија и странство, во изминативе три дена се одржа 34-то издание на мото-рели „Независност Македонија 2025“.
Учесници дојдоа од повеќе европски земји, а маршрутата во три дена опфати старт од скопска “Порта Македонија”, финиш исто така Скопје, со ноќевања во Дојран и Охрид.
Колоната минуваше низ градови низ целата земја, промовирајќи дружење и љубов кон моторите, додека денес беа официјални гости и во нашиот град Кичево на ланч пакет и одмор.
Оваа година беше значајно една од најдобро поминатите. Од аспект на безбедност, редари за покажување насоки на движење и се разбира помина се во најдобар ред без посериозни несакани случувања.
Исто така вреди да се напомене дека и оваа година возеше еден од најстарите возачи г-дин Орце од Скопје кој перфектно извози на свои околу 72 години, за тоа оддаваме посебен респект.
За нашиот медиум, во иднина управата очекува поддршка и се надева дека овој настан конечно ќе биде помогнат од надлежните институции, кој се организира токму 34 години.
Вечна традиција бајкери!
Мини галерија преку нашиот објектив:
Спорт
Елмас пред вечерашниот настап против Саудиска Арабија: „Ние секогаш излегуваме на терен по победа, со верба во квалитетот што го имаме.“

Пред вечерашниот пријателски дуел во Прага против Саудиска Арабија, македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го сподели своето мислење за значењето на натпреварот и очекувањата пред квалификацискиот пресмет со Лихтенштајн.
Елмас беше дециден дека ваквите натпревари се далеку од формалност:
– „За мене и за целата репрезентација пријателски средби не постојат. Секој натпревар е важен тест за тоа колку сме подготвени и што треба да подобриме. Саудиска Арабија е сериозен противник, добро ги анализиравме нивните настапи и знаеме дека мора да бидеме максимално концентрирани. Овој дуел доаѓа во вистински момент. Ќе ни помогне да влеземе во вистински ритам пред натпреварот со Лихтенштајн. Се чувствувам подготвен и мотивиран, бидејќи по подолго време повторно ќе бидам дел од меч со голема тежина.“
Елмас посочи и на клучните карактеристики на денешниот ривал: „Саудиска Арабија игра со многу посед и знае добро да ја контролира топката. За нас тоа значи дека ќе мора да реагираме брзо и дисциплинирано. Сепак, ние секогаш излегуваме на терен по победа, со верба во квалитетот што го имаме.
Секој настап за Македонија ми е дополнителен мотив. Верувам дека оваа средба ќе ни донесе многу искуство и позитивна енергија за она што следува.“
Извор: ФФМ
Спорт
КК „Баскет Кичево“ ги отвора вратите за сите млади кои ја сакаат кошарката, стани дел од вистинска спортска приказна со искусни тренери

Кошаркарскиот клуб „Баскет Кичево“ ги отвора вратите за сите млади кои ја сакаат кошарката и сакаат да бидат дел од вистинска спортска приказна. Во тек се уписи за момчиња и девојчиња на возраст од 10 до 17 години, а ова е идеална можност секој млад спортист да ги направи своите први чекори на кошаркарскиот терен.
Нашата мисија е преку спортот да создадеме силни личности, вистински другарства и да им помогнеме на младите да ја развијат својата љубов кон кошарката, за Порта.мк истакнаа искусните тренери.
Зошто да станеш дел од КК Баскет Кичево?
- Ќе тренираш со лиценцирани и искусни тренери кои ќе ти помогнат да го извлечеш најдоброто од себе.
- Ќе имаш можност да стекнеш нови пријателства и да бидеш дел од тим што се поддржува и напредува заедно.
- Секој тренинг е чекор напред – ќе учиш, ќе се надградуваш и ќе растеш и како кошаркар и како личност.
Твојот прв кош е само почеток – со нас ќе ги поставиш темелите на својата спортска иднина!
📞 За уписи и повеќе информации, контактирајте ги тренери:
- 075/525-774 – Војне Савески
- 078/424-238 – Александар Димитров
🚀 Не ја пропуштај шансата! Приклучи се и стани дел од КК „Баскет Кичево“ – клубот каде што талентот расте, а соништата допрва стануваат реалност!
-
Кичево23 часа
Апел за изгубено лице од Кичево, доколку имате било какво инфо известете
-
Кичево20 часа
Кичево на нозе: Да помогнеме во потрагата утре во с.Белица кичевско за исчезнатата баба Велјанка
-
Кичево4 часа
Среќен крај, баба Велјанка е пронајдена жива и здрава
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (7 септември)
-
Хороскоп17 часа
Хороскоп за понеделник (8 септември)
-
Кичево1 ден
Започнува „Наше театарче“ на „Intellect Education“ место каде најмилите ќе го развијат својот талент, ќе ја откријат својата креативност и ќе блеснат на сцената!
-
Спорт1 час
(ФОТО) На пауза во Кичево, полека финишира 34-то издание на мото-рели „Независност Македонија 2025“
-
Македонија6 часа
Среќен роденден Татковино! „Нека ни е честит 8-ми септември, 34 години самостојна и независна Република Македонија!“