Спорт
(ВИДЕО) Бабунски: Доаѓаме со нова енергија, учиме од грешките на последните натпревари

Македонската А репрезентација ги започна подготовките за септемвриските натпревари од квалификациите за ЕП 2024 против Италија (09.09.) и Малта (12.09.).
Сите повикани фудбалери се ставија на располагање на селекторот Милевски и го одработија првиот тренинг на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
Своите очекувања ги сподели офанзивецот Дориан Бабунски, новиот фудбалер на швајцарски Грасхоперс.
– „Доаѓаме со нова енергија. Учиме од грешките на последните натпревари. Треба да се подобриме во сите аспекти на фудбалската игра. Италија е светска велесила. Секој од фудбалерите кога доаѓа за репрезентација е подготвен да даде 100 % од можностите. Оваа енергија што ја имаме тука не може да се почувствува во клуб. Ако сме со позитивна мисла и енергија, се надеваме на добро“, истакна офанзивецот за медиумите и ФФМ.
Спорт
Во недела започнува традиционалниот турнир во мал фудбал во с.Староец кичевско

Во чест на големиот христијански празник „Иванден“ во село Староец, долги години традиционално се одржува турнир во мал фудбал. Оваа година домаќините ќе се потрудат тоа да изгледа на повисоко ниво. Имено денес завршува пријавувањето на екипи кое ќе чини 1500 ден, а ждреб извлекувањето е закажано за од 20:00ч во „Паб“.
Натпреварите ќе се одржат во недела и понеделник – 6 и 7-ми јули во попладневните часови, ќе има добра храна, ладен пијалок и одлична фудбалска атмосфера и музика.
Пријавувањето на екипте се врши на тел бр. 078/588-164 и 075/202-255
Фејсбук настан – ТУКА
Се гледаме во с.Староец!
Спорт
Ландо Норис ја забележа својата трета победа

Ландо Норис ја забележа својата трета победа оваа сезона и вкупно седма во кариерата, триумфирајќи на патеката Ред Бул Ринг. Зад него, неговиот тимски колега од Мекларен, Оскар Пјастре, стигна до второто место, додека Шарл Леклерк од Ферари се искачи на подиумот со третото место.
Луис Хамилтон од Ферари заврши четврти, Џорџ Расел од Мерцедес беше петти, а Лиам Лосон од тимот Рејсинг Булс го освои шестото место. Бодови освоија и Фернандо Алонсо (Астон Мартин), Габриел Бортолето и Нико Хулкенберг (двајцата од Заубер), како и Естебан Окон од Хаас.
Макс Верстапен, актуелниот светски првак и возач на Ред Бул, ја заврши трката уште во првиот круг по судир со Кими Антонели од Мерцедес.
Во генералниот пласман води Пјастре со 216 поени, следен од Норис со 201 и Верстапен со 155 поени. Кај конструкторите, Мекларен е на врвот со 417 бодови, пред Ферари со 210 и Мерцедес со 209.
Следната трка од Формула 1 календарот ќе се вози во Велика Британија на 6 јули.
Спорт
Прв семинар на „ФФМ“ во Македонија за „ВАР“ обука и сертификација на судии под водство на „ФИФА“ инструктор

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за првпат организираше официјален ВАР семинар, што претставува важен чекор кон воведување на ВАР технологијата во македонскиот фудбал. Обуката беше предводена од познатиот ВАР инструктор Далибор Ѓурѓевиќ, кој има големо меѓународно искуство како ВАР судија и менаџер во неколку земји, меѓу кои Кипар, Русија, Саудиска Арабија и Белорусија.
Семинарот официјално го отвори претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ. Тој истакна дека еден од главните приоритети на федерацијата е развојот на професионален и квалитетен домашен фудбал. Омерагиќ порача дека исполнувањето на дадените ветувања е веќе на дело и очекува високо ниво на професионализам од сите вклучени во процесот.
Повеќе ќе прочитате на нивниот официјален линк од ФФМ, ТУКА
Извор: ФФМ
-
Временска прогноза1 ден
Сепак следува промена на времето во Македонија, ова се метео информациите според Попоски
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (4 јули)
-
Хороскоп20 часа
Хороскоп за сабота (5 јули)
-
Спорт1 ден
Во недела започнува традиционалниот турнир во мал фудбал во с.Староец кичевско
-
Македонија2 дена
Времена измена на сообраќај со пренасочување на делница „Пресека-Песочан“ на автопат А2 Кичево-Охрид
-
Скопје2 дена
МВР за пофалба, експресно го пронајдоа мотоциклистот кој усмрти пешак
-
Автомобили1 ден
Генијален трик за заштеда на гориво: Сè зависи од едно копче во автомобилот
-
Скопје4 часа
Лишен од слобода „бајач“ од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра, сè претставувал истерувач на духови и магии