Спорт
Илиевски: Подготвени сме и со нетрпение го очекуваме стартот на квалификациите

Репрезентацијата на Македонија до 21 година вчера официјално во Скопје ги стартуваше подготовките за престојните два квалификациски натпревари за пласман на ЕП 2025 година во Словачка.
Селекцијата предводена од Драги Канатларовски на стартот на овие квалификации и гостува на незгодната Шведска. Во рамките на второто коло, на тренинг центарот „Петар Милошевски”, ја дочекуваме силната репрезентација на Холандија.
Напаѓачот на Кишварда и еден од главните играчи на оваа млада селекција на Македонија, Марио Илиевски со нетпрение го очекува старот на квалификациите и првиот меч против Шведска.
– Владее одлична атмосфера во репрезентацијата уште од самиот почеток, функционираме како еден тим. Подготвени сме сите заедно да го дадеме максимумот на секој натпревар што следи.
– Ги воочивме грешките, извлековме голема поука и научивме многу од претходните контролни мечеви, поготово на тие кај што бевме поразени.
-Од натпревар во натпревар се повеќе напредуваме, играме подобро и поквалитетно. Располагаме со одличен состав, сите со нетрпение го очекуваме стартот на квалификациите и првиот дуел со Шведска на гости.
-Оваа генерација има квалитет, но и огромна желба за остварување на големи резултати. Очекувам на претстојните квалификации да одиграме на едно високо ниво, со голема борба и пожртвуваност и верувам дека доколку биде се во ред ќе имаме успешни квалификации.
-Добро ја анализиравме играта на Шведска и на тимско и индивидуално ниво. Селекција која располага со многу квалитетни фудбалери кои настапуваат во големи европски клубови.
-Фокусирани сме максимално на првиот меч и дуелот со Шведска. Сакаме да ги отвориме квалификациите со победа и освојување на три бода.
-Сигурен сум дека имаме квалитет и можеме да го повториме историскиот успех од 2017 година и учеството на тогашната ререзентација на Македонија на Европското првенство кое се одржа во Полска, подготвени сме тоа.
Младата репрезентација на Македонија денеска во 16 и 30. часот ќе го одржи вториот тренинг по вчерашниот собир во хотел Парк, во Скопје.
Спорт
Синер и Алкараз во големото финале на Вимблдон во 2025 година

Јаник Синер ќе игра во своето прво финале на Вимблдон, откако успеа да го совлада Новак Ѓоковиќ во три сета (6:3, 6:3, 6:4). Првиот рекет на светот покажа извонредна форма и доминација на теренот.
И покрај повредите, Ѓоковиќ даде сè од себе и изјави дека не сака вниманието да биде насочено кон неговата здравствена состојба, туку кон заслужената победа на Синер.
Карлос Алкараз обезбеди свое трето последователно финале на Вимблдон, победувајќи го Тејлор Фриц со 3:1 во сетови (6:4, 5:7, 6:3, 7:6). Шпанецот ја брани титулата и важи за еден од главните фаворити, а ова би можел да му биде шестиот Гренд слем трофеј. Тој искрено призна дека бил изненаден од тоа што Синер успеал да го елиминира Ѓоковиќ.
Финалето на Вимблдон 2025 ќе се одигра во недела, а во него ќе се соочат Алкараз и Синер.
Мечот меѓу Синер и Ѓоковиќ привлече големо внимание и беше проследен од бројни познати личности како Ема Радукану, Бенедикт Камбербач и Рами Малек.
Спорт
(ВИДЕО) Екипата на „Рибник-Добреноец“ го освои првото место на традиционалниот турнир во мал фудбал по повод „Иванден“ с.Староец

Денес беше завршниот ден на големиот турнир во с.Староец Кичево по повод Иванден.
По одиграните натпревари кои завшрија со следните резултати, финале играа Рибник-Добреноец и Роденденски пињати-Кичево, кој заврши со регуларни 1:1, по што следуваше пенал рулетот, каде подобра беше екипата на Рибник-Добреноец.
1.ИВАНДЕН СТАРОЕЦ – РИБНИК ДОБРЕНОЕЦ РЕЗУЛТАТ 1:5.
2.КЛАС МК БРОД – РОДЕНДЕНСКИ ПИЊАТИ РЕЗУЛТАТ 0:1
3.РИБНИК ДОБРЕНОЕЦ – КАЈ КУМОТ РЕЗУЛТАТ 4:1
4.КЛАС-МК Брод – КАЈ КУМОТ РЕЗУЛТАТ 5:1
Симјановски: Со Вашето присуство, и спортски дух и поддршка се доказ дека традицијата и почитта кон верата и празниците се уште живеат во нашите срца и дела.
Посебна благодарност упатуваме и до МЛАДИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА И СПОНЗОРИТЕ
1. ЦРКВА СВ.ЈОВАН КРСТИТЕЛ
2. МЕАНА КОЛЦЕ
3. РЕСТОРАНТ,, КАЈ КУМОТ”
4. ,,АГРО ДРВО”
5. ПЕКАРА,, РАДЕ”
6. ГОРСАЈ
7. ЛУКОИЛ
8. ИДЕАЛ ТРАНС
9. КАФЕ БАР ,,ПАП”
10.РЕСТОРАН,, ФУРНА”
11.ИГОР ФИЛИПОСКИ
12.СКАРАЏИИ
13.МИРЕ РИСТЕВСКИ
14.ХРИСТИЈАН ТАНЕВСКИ
15.ВЛАДО АНДРЕСКИ
16.ЦВЕТАН НЕСТОРОСКИ
17.ТИМ ИНЖИНЕРИНГ
18.ХЕМИСКО ЧИСТЕЊЕ,, КТ”
19.АЛЕКСАНДАР ТАНЕВСКИ
20.PORTA.MK, кои помогнаа во организацијата и со љубов придонесоа овој настан да се реализира успешно, достоинствено и со радост – токму како што прилега за ваков свет ден.
Нека Иванден ни донесе здравје, радост и благослов на сите!
Вака изгледаше завршниот дел, пенал рулетот и доделување на пехарите и вредносните парични награди.
🏆 Рибник-Добреноец
🥈 Роденденски Пињати-Кичево
🥉 Клас МК Брод
Награди за најдобар голман зеде Сариевски, најдобар играч-ветеран Спасеноски и најдобар играч на турнирот Котевски.
Спорт
Класата е вечна! Ѓоковиќ го победи Де Минаур и обезбеди четвртфинале со италијанскиот „ас“ Коболи!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ избори пласман во четвртфиналето на Вимблдон, откако во осминафиналето го победи Австралиецот Алекс де Минаур со 3-1 во сетови (1-6, 6-4, 6-4, 6-4).
Мечот започна лошо за Ѓоковиќ – го загуби првиот гем и не успеа да се врати веднаш, што му дозволи на Де Минаур целосно да го контролира сетот. Австралијанецот направи уште два брејка и го освои првиот сет убедливо со 6:1 за само половина час.
Но, Ѓоковиќ одговори во вториот сет. Веднаш направи брејк, иако Де Минаур успеа да се врати и да израмни. Сетот беше исполнет со пресврти, но на крајот Новак го доби и го изедначи резултатот на 1:1.
Во третиот сет, двајцата тенисери успешно го чуваа својот сервис до 4:4, кога Ѓоковиќ направи клучен брејк и веднаш потоа го освои сетот.
Австралиецот повторно поведе во четвртиот сет со 4:1, но Ѓоковиќ не се предаде. Со голема борбеност успеа да се врати, направи брејк во седмиот гем и поведе со 5:4. Со уште еден добар гем го затвори мечот и обезбеди пласман во четвртфиналето, каде ќе се сретне со Италијанецот Флавио Коболи.
Инаку својот триумф Ноле го прослави во карактеристичен стил – со „пумпај“, а камерите го фатија и насмеаниот Роџер Федерер како го гледа натпреварот од трибината.
Како што претходно објасни Ѓоковиќ, тој и неговите деца слушаат неколку песни што ја испраќаат таа порака, и поради таа причина, тој ја слави својата победа на Вимблдон на тој начин.
Честито Ноле!
-
Кичево20 часа
Албански државјанин на кичевската полиција им понудил пари, бил експресно лишен од слобода!
-
Кичево2 дена
ТППЕ Кичево и денес интервенираа на опожарена куќа и плевна
-
Кичево12 часа
(ВИДЕО) Денес во Кичево се одржа #11 мото-парада во чест на именденот на кичевската православна црква „Св.Петар и Павле“ – Вечна традиција!
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (12 јули)
-
Култура23 часа
Денес е голем празник „Петровден“, утре „Павловден“ – ова се народните верувања за празниците, за многу години!
-
Култура2 дена
Кичевската парохија истакна известување за Хиротонијата на идниот високопреосвештен Митрополит дебарско-кичевски г. Георгиј
-
Хороскоп10 часа
Хороскоп за недела (13 јули)
-
Lifestyle2 дена
Топлотниот бран може да биде смртоносен за кучињата оставени во автомобил – еве како да ги заштитите