Македонија
Нема застој, жител на Виница во „цитроен џампер“ превезувал 20 мигранти од Ирак и Сирија

На 13.09.2023 околу 11.20 часот на автопатот Гевгелија – Скопје, во близина на наплатна станица Смоквица, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции во Биро за јавна безбедност го лишиле од слобода Д.Ц.(44) од Виница.
При преглед во товарно возило „цитроен џампер“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 20 лица мигранти (19 од Сирија и 1 од Ирак), меѓу кои четири малолетници.
Имено, тој претходно не застанал на знак за запирање даден од полициските службеници, продолжил со движење и со возилото скршил рампа на наплатната станица, по што скокнал од возилото и го напуштил местото.
Набргу, по преземени мерки, Д.Ц. бил пронајден и лишен од слобода. Тој бил задржан во полициска станица и во консултација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна пријава, а мигрантите биле сместени во прифатен центар за странци во Скопје, известуваат од МВР.
Македонија
Малолетник од Кочани објавувал експлицитни содржини од малолетничка, мајката го пријавила

На 09.05.2025 во 23 часот во Полициската станица Кочани, 43-годишна жена пријавила дека на 08.05.2025 малолетник од Кочани споделувал на социјална мрежа и други апликации – видео записи со експлицитна содржина од нејзината малолетна ќерка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, вели МВР за јавноста.
Македонија
ОВР Струга: Стружанец возел мотор пијан и излетал од патот

На 09.05.2025 во 06.35 часот полициски службеници од ОВР Струга на улицата „Боро Калајџиески“ во Струга, го лишиле од слобода И.М.(36) од Струга.
Тој претходно, пред казино лоцирано во населбата „Плитишта“ во Струга, управувајќи мотоцикл, излетал од патот, а по преземени мерки, полициските службеници констатирале дека мотоциклот го управувал под дејство на алкохол, односно со 2,28 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.297- а од Кривичниот законик-„безобѕирно управување со моторно возило”, известува МВР за јавноста.
Македонија
На ГП Блато албански државјанин ставил пари во патни исправи, бил лишен од слобода

На 08.05.2025 во 09.15 часот на Граничен премин Блато, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Блато при Регионалниот центар за гранични работи Запад го лишија од слобода Д.А.(30) од Република Албанија.
На граничниот премин, за влез во државата, тој допатувал со патничко возило „фолксваген шаран“ со албански национални ознаки, во кое превезувал уште четири албански државјани, при што во личните и сообраќајните документи ставил пари, кои биле пронајдени од полицискиот службеник кој вршел гранична контрола.
По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (10 мај)
-
Хроника2 дена
МВР со детали за убиството во Штип, приведени биле и помагачи на сторителот
-
Хороскоп4 часа
Хороскоп за недела (11 мај)
-
Скопје1 ден
Посебен режим на сообраќај во Скопје во недела
-
Македонија9 часа
Малолетник од Кочани објавувал експлицитни содржини од малолетничка, мајката го пријавила
-
Временска прогноза18 часа
Од викендов драстично поладно, особено на утро, ова се информациите
-
Македонија17 часа
ОВР Струга: Стружанец возел мотор пијан и излетал од патот
-
Здравје и убавина5 часа
Клучни 5 работи поврзани со забите, кои предупредуваат за опасни промени во вашето општо здравје