Скопје
Посебен режим на сообраќај во недела во град Скопје поради одржување на „Скопски маратон 2023“

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 01.10.2023 година (недела) со почеток во 08.00 часот, поради одржување на Скопски маратон 2023, ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим на подрачјето на град Скопје. Трасата на движење на трката од 5 км ќе започне од Собрание на Републикa Македонија, право по ул.„11 Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„Трета македонска бригада“, полукружно на крстосницата помеѓу бул.„Трета македонска бригада“ и ул.„Коста Новаковиќ“ и назад по истата траса до целта – Собрание на Република Македонија на ул.„11 Октомври“.
Стартот на трасите на движење на полумаратонот на 21 км и штафетната трка на 42 км, при што по наведената траса за штафетната трка на 42 км натпреварувачите се движат два пати, е: Собрание на Република Северна Македонија на ул.„11 Октомври“, право кон плоштад „Македонија“ низ Порта Македонија, лево по ул.„Никола Вапцаров“, десно по ул.„Димитрие Чуповски“, лево по бул.„Св.Климент Охридски“, десно по ул.„Св.Кирил и Методиј“, право по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, право по ул.„Војвода Васил Чакаларов“, сѐ до крстосницата со ул.„Исаија Маџовски“, каде се врти полукружно назад по истата траса сѐ до Собрание на Република Македонија на ул.„11 Октомври“ и се продолжува право по ул.„11 Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„Трета македонска бригада“, лево по бул.„Србија“ (во спротивен правец), лево по бул.„Јане Сандански“ (во спротивен правец), сѐ до крстосницата со ул.„Васко Карангелевски“, каде се врти полукружно по истите улици до целта – плоштад „Македонија“.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, при што сообраќајот ќе се пренасочува кон околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива трката.
Скопје
СВР Скопје: Телефонската линија 192 повторно е во функција

Секторот за внатрешни работи Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека се отстранети техничките проблеми и повторно е во функција телефонскиот број 192, кој граѓаните можат да го користат за било каква пријава или информација.
За истата намена редовно функционира и телефонскиот број 112, како и телефонските броеви на полициските станици во населбите каде граѓаните живеат, соопшти МВР.
Скопје
Полициски службеници спречија ширење на пожар на СЦ Борис Трајковски, евакуирана публиката, девет полициски службеници завршија на токсикологија

Денеска (30.08.2025) околу 16:00 часот во непосредна близина на спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје настана пожар, при што и покрај неповолните временски услови, од страна на полициски службеници ангажирани за физичко обезбедување на меѓународниот ракометен турнир заедно со екипа од противпожарна заштита, преземени се мерки и активности со цел спречување на ширење на истиот и зафаќање на моторни возила и објекти како и лизгалиштето што е во склоп на спортскиот центар.
Исто така безбедно е направена евакуација на учесниците на турнирот и сите други спортски работници и публика.
Како последица на настанатиот пожар девет полициски службеници се на кислородна поддршка на Одделот за токсикологија поради вдишување на чад и се во стабилна состојба, истакна МВР.
Скопје
Скопската полиција синоќа констатираше 128 сообраќајни прекршоци, 94 возачи на мотоцикл, лишено од слобода едно лице, пронајден кокаин

Во текот на изминатата вечер (28/29.08.2025) во периодот од 17.00 до 01.00 часот од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје беше спроведена засилена акциска контрола по Оперативната акција „Безбеден сообраќај“. При тоа за време на контролата акцентот беше ставен на учесниците во сообраќајот кои управуваат мотоцикли.
За време на контролата биле преземени мерки против 128 учесници во сообраќајот, од кои 94 за возачи на мотоцикли, 16 санкции за управување мотоцикл без возачка дозвола, 46 мерки за управување мотоцикли без заштитна кацига, 17 санкции за возење без положен испит за познавање на сообраќајните правила и прописи, шест мерки за управување мотоцикл без да поседува соодветна категорија, пет санкции за измината важност на сообраќајната дозвола, две мерки за непропуштање на пешаци на пешачи премин…
За време на сообраќајната контрола по Оперативната акција „Безбеден сообраќај“, полициски службеници го лишиле од слобода Д.Љ. бидејќи при извршен преглед кај него бил пронајден кокаин. Санкционирани се и 10 возачи за возење без возачка дозвола на патнички и товарни моторни возила, а изречени се и две мерки за возење под дејство на алкохол и една санкција за незастанување на даден знак СТОП од страна на униформирани полициски службеници.
Акциските контроли во рамки на оперативната акција ќе продолжат и во наредниот период со засилен интензитет. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со тоа да придонесеме за побезбедни патишта, информираше МВР.
-
Кичево2 дена
(ФОТО) Во близина на с.Зајас кичевско, тешко товарно возило излетало од коловоз
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (31 август)
-
Кичево17 часа
(ФОТО) По работната акција, светнаа трибините на градскиот стадион од ФК Напредок
-
Хороскоп12 часа
Месечен Хороскоп (септември 2025)
-
Временска прогноза1 ден
Попоски предмалку истакна важни информации околу временската состојба
-
Скопје2 дена
Полициски службеници спречија ширење на пожар на СЦ Борис Трајковски, евакуирана публиката, девет полициски службеници завршија на токсикологија
-
Спорт2 дена
Германија ја запиша третата последователна победа на Европското првенство, совладувајќи ја убедливо Литванија
-
Автомобили23 часа
Американските анализи покажуваат дека автоматските менувачи доминираат на нивниот автомобилски пазар