Кичево
РЦУК Кичево утре организира крводарителна акција, повик до сите да ја изразиме нашата хуманост преку дарување крвни единици

РЦУК Кичево во соработка со „Црвен крст“ организира крводарителна акција, закажана за утре вторник 03.10.2023, од 09:00 до 13:00 часот во просториите на Институт за трансфузиона медицина-Кичево.
„Крвта е незаменлив лек, секојдневно потребна за да се продолжат многу животи!“
Ние како најголеми поддржувачи на хуманите акции секако дека ќе бидеме дел, така што Ве повикуваме и Вие да бидете дел и да земете свое учество на овој голем хуман настан, заеднички да ја изразиме нашата хуманост преку дарување на крв, незаменлив секојдневно потребен лек кој спасува многу животи.
„Даруваме денес, затоа што еден ден можеби и нам ќе ни треба!“
Кичево
Жива е Македонија! Кичевските полуматуранти од ОУ „Кузман Јосифоски-Питу“ со оро ги развиорија македонските знамиња!

Кичевските полуматуранти од ОУ „Кузман Јосифоски-Питу“ денес со веселба и дефиле го завршија и последниот училишен ден како основци.
Тие најпрво во дворот на училиштето со развиорени знамиња заиграа оро и пееја песни, со што ја заокружија дружбата.
Тука беа и учениците од ЦОУ Христо Узунов од с.Другово кичевско, но и учениците од кичевското училиште Д-р Владимир Полежиноски:
Од нашата редакција им честитаме и им посакуваме успех понатаму!
Кичево
Кичевското архиерејско намесништво истакна соопштение по повод „Духовденска задушница“

Кичевското архиерејско намесништво ги известува своите верни чеда дека на ден 06.06.2025 година (петок) во 14⁰⁰ часот, во градскиот храм „Свети апостоли Петар и Павле“ – Кичево, ќе се изврши општ Парастос (опевање) за упокоените наши браќа и сестри во Христа Господа. Секој што сака да направи спомен за упокоените треба да донесе варена блага пченица, црвено вино и лепче од пченично бело брашно за да се отслужи оваа служба.
Другиот ден, на самиот ден Задушница, 07.06.2025 година (сабота), започнувајќи од 08⁰⁰ часот наутро, свештениците ќе ги посетат старите и новите градски гробишта, па кој не дошол во петокот во храмот, тоа може да го направи во саботата на гробовите на своите упокоени. Исто така, и на гробовите да се има варена блага пченица, црвено вино и лепче од пченично бело брашно и да се покаже трпение додека не помине свештеникот секаде каде што треба, бидејќи трпението е една христијанска добродетел која е покажување на љубов, но и којашто ќе се прифати и како милост за упокоените. ПАРЦЕЛИТЕ, пак, 6 и 7 кај новите градски гробишта ќе бидат посетени за отпевање после 09³⁰ часот наутро (тоа се новите парцели), а најновата парцела 8 ќе биде посетена после 10⁰⁰ часот. Така што убаво би било да се запази времето, а ако поради некоја причина свештеникот се задржи некоја минута плус, да не се негодува, туку да се има разбирање.
Сакаме да напоменеме уште и тоа: Задушница е општиот ден посветен на упокоените, кога се спомнуваат сите наши роднини и пријатели кои починале во благочестива вера и со надеж во сеопштото воскресение, па оттаму произлегува и благословот даден од страна на Црквата за вечно спомнување – „Вечнаја памјат“ (Вечен спомен). Овој ден е даден за да се сетиме на сите луѓе кои биле на земјата, а останале живи во Бога по својата смрт, затоа што „Бог не е Бог на мртвите, туку на живите, зашто во Него се сите живи“ (Лука 20,38).
Оние кои не се починати со достоинство, по благослов на свештеник, секој може да си ги спомне дома во своите секојдневни молитви за упокоени, а во таа група спаѓаат: некрстени, отпадници од Православната Христова вера и Црква, јавни Божји хулители и хулители на Црквата и самоубијци. Тоа е така, затоа што тие самите, по својата сопствена волја се оддалечиле од „Патот, Вистината и Животот“ (Јован 14,6), па не се спомнуваат на сите црковните служби, па дури и на Божествената Литургија.
Во однос на храната, пак, којашто се остава на гробовите, подобро е да се однесе на некој кој нема да јаде, отколку да си правиме меѓусебно раздавање. Таа храна не е „за да им се најде на тие кои се упокоиле“, туку е милост за прошка на гревовите за починатиот, но и за растење на нас во добродетелите. Објаснувајќи им го тоа на првите христијански заедници, свети апостол Павле вели: „царството Божјо не е јадење или пиење, туку правда и мир и радост во Светиот Дух“ (Рим. 14,17).
Нека Човекољубивиот, Седобриот и Милостивиот Бог ги спомне нашите упокоени ближни, кои се упокоиле со надеж во воскресение и живот вечен, во Своето царство на Отецот, Синот и Светиот Дух, постојано, сега, секогаш и во вечни векови, стои во соопштението на Кичевската парохија кое ви го пренесуваме во целост.
Амин!
Вечен им спомен!
Кичево
(ФОТО) ТППЕ Кичево: Се гаси дива депонија зад „Стара централа“

Дива депонија уште беснее во Кичево, во близина на местото викано „Стара централа“, односно непосредно до кичевското село Србјани.
Четворица пожарникари и возила на ТППЕ Кичево сеуште ја гасат огнената стихија.
Како што добивме инфо, пријавата за пожарот е добиена околу 18ч денес, по што веднаш се интервенирало.
-
Кичево2 дена
Жива е Македонија! Кичевските полуматуранти од ОУ „Кузман Јосифоски-Питу“ со оро ги развиорија македонските знамиња!
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за среда (11 јуни)
-
Хороскоп8 часа
Хороскоп за четврток (12 јуни)
-
Скопје2 дена
МВР: Млада охриѓанка вработена во скопско казино пронајдена без знаци на живот
-
Спорт1 ден
Албанија и Латвија одиграа без победник во натпревар од квалификациите за СП
-
Македонија21 час
Возач од струшко возел пијан со 2,61 промил алкохол во крвта
-
Автомобили1 ден
(ВИДЕО) „Audi“ месецов ќе го претстави новиот модел на „Q3“
-
Спорт10 часа
(ВИДЕО) Аргентинецот Мастантуоно ги заврши медицинските тестови во Мадрид, наскоро се очекува официјално претставување во кралскиот клуб