Следете не

Кичево

Денес се одбележуваат 80 години од најкрвавата битка кај с.Кленоец кичевско, додека на денешен ден загинал и Јосиф Јосифовски-Свештарот

Објавено пред

на

Денес се одбележува 80 годишнината од една од најкрвавите битки во Втората светска војна што се одиграла во Македонија, наречена „Македонска Кадињача“. Во битката кај село Кленоец-Кичевско животот го положиле 67 борци и триесетина жители од регионот и оваа битка засекогаш ќе биде забележана како една од најкрвавите што се случила кај нас во Втората светска војна.

Исто така на денешен ден 1943 година кај селото кленоец, кичевско, во борба против балистичките банди, загинал Јосиф Јосифовски-Свештарот.

Јосиф Вангелов Јосифовски – Свештарот е роден на 2 август 1915 година во Гевгелија, во сиромашно семејство.Потекнува од семејството Јосифови, едно од стотината семејства што селото Мачуково ги имало кон средината на 19 век.
Чичко на Јосиф бил учителот и револуционер Сава Михајлов, кој заедно со гевгелиските војводи Аргир Манасиев и Иванчо Карасулски за време на Илинденското востание биле учесници во неколку акции Основно училиште завршил во својот роден град, а потоа своето гимназиско образование го продолжува во Крагуевац, каде се запознал со напредното револуционерно движење и станал активист.
По доаѓањето на студии во Белград, продолжил со својата револуционерна активност, но тоа не му сметало редовно да ги полага испитите на Правниот факултет.
Член на Комунистичката партија на Југославија станал во 1938 година. За време на распустот, исто така бил активен, особено во Студентската колонија. Секогаш кога доаѓа во Гевгелија, носел напредна литература. Собира околу себе обесправени, организира читање на забранети материјали. Кога дипломирал, полицијата веќе била добро информирана за неговата комунистичка активност, па не му дозволила да добие работа во родниот град. Затоа работи како приправник во Струмица, каде наишол на добра почва за сеење на комунистичката идеја.
Во првите месеци по окупацијата, Јосиф Јосифовски – Свештарот работи на подготвување на востание во Струмица. Секретар е на месниот комитет на КПЈ за Струмица. Во септември 1941 година, како инструктор на ПК КПЈ за Македонија, бил испратен во Ресенската област да работи на разгорување на вооружена борба против окупаторот. Италијанската полиција го уапси во Корча, како опасен комунист, кој ги држел врските со
Тој дејствувал, главно во Преспа и во другите реони под италијанско-албанска окупација. Уште за време на формирањето на првиот преспанскиот партизански одред “Даме Груев”, 6 јули 1942 година, тој стана нејзиниот политички комесар.
Уште во првата половина на јули 1942 година во село Кленоец бил формиран илегален Народно-ослободителен одбор, како прв орган на народната власт, по што се започнати разни деиверзантски акции на пругата Кичево-Охрид.
Офанзивните акции во реонот на село Кленоец започнале на 5 октомври 1943 година. На 6 октомври 1943 година, во жестоката борба и двете страни имаа многу мртви. Политичкиот комесар на втората оперативна зона Јосиф Јосифовски Свештарот, заменик помошникот на баталјонот Мите Трпоски – војводата и заменик комесарот Трајан Белев биле убиени, како и многумина борци од кичевско, охридско, струшко и други места на Македонија.
Јосиф Јосифовски – Свештарот е опеан во неколку народни песни, а прогласен за народен херој на 11 октомври 1951 година.

Кичево

Кичевското архиерејско намесништво истакна соопштение по повод „Духовденска задушница“

Објавено пред

на

©porta.mk

Кичевското архиерејско намесништво ги известува своите верни чеда дека на ден 06.06.2025 година (петок) во 14⁰⁰ часот, во градскиот храм „Свети апостоли Петар и Павле“ – Кичево, ќе се изврши општ Парастос (опевање) за упокоените наши браќа и сестри во Христа Господа. Секој што сака да направи спомен за упокоените треба да донесе варена блага пченица, црвено вино и лепче од пченично бело брашно за да се отслужи оваа служба.

Другиот ден, на самиот ден Задушница, 07.06.2025 година (сабота), започнувајќи од 08⁰⁰ часот наутро, свештениците ќе ги посетат старите и новите градски гробишта, па кој не дошол во петокот во храмот, тоа може да го направи во саботата на гробовите на своите упокоени. Исто така, и на гробовите да се има варена блага пченица, црвено вино и лепче од пченично бело брашно и да се покаже трпение додека не помине свештеникот секаде каде што треба, бидејќи трпението е една христијанска добродетел која е покажување на љубов, но и којашто ќе се прифати и како милост за упокоените. ПАРЦЕЛИТЕ, пак, 6 и 7 кај новите градски гробишта ќе бидат посетени за отпевање после 09³⁰ часот наутро (тоа се новите парцели), а најновата парцела 8 ќе биде посетена после 10⁰⁰ часот. Така што убаво би било да се запази времето, а ако поради некоја причина свештеникот се задржи некоја минута плус, да не се негодува, туку да се има разбирање.

Сакаме да напоменеме уште и тоа: Задушница е општиот ден посветен на упокоените, кога се спомнуваат сите наши роднини и пријатели кои починале во благочестива вера и со надеж во сеопштото воскресение, па оттаму произлегува и благословот даден од страна на Црквата за вечно спомнување – „Вечнаја памјат“ (Вечен спомен). Овој ден е даден за да се сетиме на сите луѓе кои биле на земјата, а останале живи во Бога по својата смрт, затоа што „Бог не е Бог на мртвите, туку на живите, зашто во Него се сите живи“ (Лука 20,38).

Оние кои не се починати со достоинство, по благослов на свештеник, секој може да си ги спомне дома во своите секојдневни молитви за упокоени, а во таа група спаѓаат: некрстени, отпадници од Православната Христова вера и Црква, јавни Божји хулители и хулители на Црквата и самоубијци. Тоа е така, затоа што тие самите, по својата сопствена волја се оддалечиле од „Патот, Вистината и Животот“ (Јован 14,6), па не се спомнуваат на сите црковните служби, па дури и на Божествената Литургија.

Во однос на храната, пак, којашто се остава на гробовите, подобро е да се однесе на некој кој нема да јаде, отколку да си правиме меѓусебно раздавање. Таа храна не е „за да им се најде на тие кои се упокоиле“, туку е милост за прошка на гревовите за починатиот, но и за растење на нас во добродетелите. Објаснувајќи им го тоа на првите христијански заедници, свети апостол Павле вели: „царството Божјо не е јадење или пиење, туку правда и мир и радост во Светиот Дух“ (Рим. 14,17).

Нека Човекољубивиот, Седобриот и Милостивиот Бог ги спомне нашите упокоени ближни, кои се упокоиле со надеж во воскресение и живот вечен, во Своето царство на Отецот, Синот и Светиот Дух, постојано, сега, секогаш и во вечни векови, стои во соопштението на Кичевската парохија кое ви го пренесуваме во целост.

Амин!
Вечен им спомен!

Прочитај повеќе...

Кичево

(ФОТО) ТППЕ Кичево: Се гаси дива депонија зад „Стара централа“

Објавено пред

на

©porta.mk

Дива депонија уште беснее во Кичево, во близина на местото викано „Стара централа“, односно непосредно до кичевското село Србјани.

Четворица пожарникари и возила на ТППЕ Кичево сеуште ја гасат огнената стихија.

Како што добивме инфо, пријавата за пожарот е добиена околу 18ч денес, по што веднаш се интервенирало.

Прочитај повеќе...

Кичево

ТППЕ Кичево вечерва спречи поголем пожар на дива депонија помеѓу кичевските села Мидинци и Зајас

Објавено пред

на

ФОТО: screenshot/youtube/архива

Пожар избувнал во 19:08 часот на дива депонија помеѓу селата Мидинци и Зајас (општина Кичево), што предизвикал ширење на оганот кон ниска вегетација и деградирана шума.

Благодарение на брзата координација со Територијалната противпожарна единица Кичево истиот бил изгаснат за кратко време, предмалку информираше за јавноста – ЦУК.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија3 часа

Штипјанец се здобил со тешки телесни повреди откако паднал на коловозот, управувајќи мопед

На 07.06.2025 во СВР Штип било пријавено дека околу 21.20 часот на ул.„Крушевска Република“ во Штип, Р.Ѓ.(58) од Штип, управувајќи...

Спорт3 часа

Управниот одбор на ФФМ донесе низа важни одлуки, меѓу нив усвоен беше новиот систем на натпреварување во МФЛ

На редовната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) беа донесени важни одлуки кои се однесуваат на...

Култура4 часа

Денеска е „Духовден“ – Празник на Светиот Дух

Денес се слави Духовден, голем христијански празник посветен на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите. Овој празник, познат и како...

Временска прогноза18 часа

Алармот е вклучен, денес ќе имаме најтопол ден од почеток на 2025-та година!

Денес (недела 8 јуни) во Македонија топлотниот бран од Африка ќе го достигне својот максимум и температурите ќе се искачуваат...

Хороскоп18 часа

Хороскоп за недела (8 јуни)

ОВЕН Постојат важни цели што можете да ги постигнете во различни фази или во некои решенија. Се грижите за осмислување...

Спорт21 час

(ВИДЕО) Американската тенисерка Гауф триумфираше на „Ролан Гарос“ по победата над белорусинката Арина Сабаленка

Американската тенисерка Коко Гауф триумфираше на Ролан Гарос, совладувајќи ја Арина Сабаленка со резултат 2-1 во сетови (6-7, 6-2, 6-4)....

Спорт1 ден

(ВИДЕО) „Капа доле“ за прикажаната игра упати Милевски, додека Омерагиќ во соблекувалната укажа поддршка и честитки до играчите на македонската репрезентација!

Во рамки на вчерашниот успешен меч завршни зборови со фудбалерите имаа селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски и првиот...

Македонија1 ден

Попладнево почувствуван земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, преку сеизмолошките станици инсталирани ширум територијата, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во...

Македонија1 ден

Срамота: Пред Духовден во село во Македонска Каменица оштетени гробови

На 06.06.2025 во 16.20 часот во Полициското одделение Македонска Каменица, Љ.Г. (60) од Македонска Каменица пријавил дека во периодот од...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за сабота (7 јуни)

ОВЕН Можно е во текот на денешниот ден да успеете да склопите нови деловни контакти кои ќе ви значат многу...

НАЈЧИТАНИ