Следете не

Временска прогноза

На повидок прв поларен бран во Европа кој ќе услови драстично заладување на времето, овој месец сѐ очекува и кај нас, еве кога..

Објавено пред

на

Од овој викенд, како и во првите денови од следната седмица се очекува прво спуштање на поларниот вртлог во Европа, и истиот ќе ги зафати источните и североисточните предели од континентот. Ова ќе услови драстично заладување, но локално ќе има и снег и на некои пониски места. Температурите понекаде ќе се спуштат дури и под нулата.

Кај нас продолжуваат натпросечно високите температури на воздухот, краткотраен пад на истите се очекува во понеделник, но потоа повторно продолжува така нареченото „Мини лето“.

Сепак наутро ќе биде доста свежо. Ако вака останат работите, поларниот вртлог кај нас ќе стигне во втората половина на овој месец, кога го очекуваме  и првиот снег на планините. Сепак промени во прогностичките модели и понатаму ќе има.

До тогаш уживајте во убавото време и во Мини летото, за Порта.мк пишува Славчо Попоски.

Временска прогноза

Сепак следува промена на времето во Македонија, ова се метео информациите според Попоски

Објавено пред

на

На многу топлото време со многу високи температури на воздухот, и тоа поради многу топлиот бран со потекло од југ, односно од Африка кој зафаќа најголем дел од Европа му се гледа крајот.

Токму ова многу топло време ќе го прекине многу ладниот Атмосферски фронт кој од 8 јули (вторник) од северозапад ќе се спушти и ќе го зафати целиот Европски Континент, секако влучувајќи го Балканот и Република Македонија.

Токму овој ладен атмосферски фронт ќе донесе температури пониски од сегашните дури и за повеќе од 15 степени низ Европа  и Балканот. Ова ќе услови и многу поврнежливо време со чести временски непогоди. Поради заладувањето, во Алпскиот регион ќе има и пообилни врнежи од снег  и формирање на снежна покривка.

Временски непогоди од 8 јули (вторник) го очекуваат и регионот.

Кај нас во Македонија во недела (6 јули) во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер  и услови за појава на краткотрајно невреме со град.

Значително освежување на времето и голем пад на температурите на воздухот, проследено со засилен ветер од северен правец  од средината на следната седмица, како што погоре наведов ни следува и во Македонија, утрово информира Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Од денес во најава многу топло време со висок УВ индекс

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Територијата на Република Македонија, како и на целиот регион, од денес (понеделник 30 јуни), па се до следниот понеделник (7 јули) ќе биде под влијание на Сутропски Антициклон, односно на многу топла воздушна маса од југ, односно од Африка која е поврзана со поле на висок воздушен притисок. Во ваква ситуација ни следува подолг период на стабилно, суво и на многу топло и претежно сончево време. Повремено ќе засилува ветерот од северен правец, особено денес и утре (30 јуни/1 јули) и тоа особено во Повардарието.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 39 степени, додека во петок и за време на следниот викенд температурите во Повардарието ќе се искачат дсо околу 40/41 степен.

Во Скопје и околината исто така во погоре споменатиот период температурата ќе се искачува до близу или до околу 40 степени.

Ув индексот за време на овој нов многу топол бран од Африка ќе биде многу висок и ќе има вредност 9. Токму поради ова, апелирам граѓаните да не излегуваат без потреба во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот) и да пијат повеќе течности, информира Славчо Попоски.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Викенд метео вести: Еве какво време ни претстои денес и утре

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Под влијание на стабилна и на посвежа воздушна маса од север, викендов (сабота и недела 28 и 29 јуни) во Македонија времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Сепак ќе биде многу ветровито, односно, ќе дува засилен до повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час.

И во Скопје и околината ќе имаме стабилно и сончево, но и малку посвежо време за викендов. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец (во делови од котлината повремено со брзина од над 70 км/час).

Што се однесува до температурите, тие ќе бидат за околу 4/5 степени пониски за ра разлика од денешните и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени, во Скопскиот регион температурата ќе се искачи до околу 35 степени, утрово информираше Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Магазин1 час

Apple Watch Ultra 3 доаѓа наскоро – еве што знаеме досега

Поминаа речиси две години од лансирањето на првиот Apple Watch Ultra, а љубителите на паметни часовници со нетрпение го очекуваат...

Автомобили1 час

Генијален трик за заштеда на гориво: Сè зависи од едно копче во автомобилот

Во деновите кога температурите достигнуваат и над 40 степени, клима уредите во автомобилите работат со полна моќност. Ова, за жал,...

Lifestyle2 часа

Цезар салата: Диететска, заситувачка и вкусна – нема да бидете гладни со часови

Цезар салатата е еден од најпопуларните оброци за оние што сакаат лесен, но заситувачки ручек или вечера. Богата со протеини...

Македонија3 часа

Кривична за жител од радовишко, се сомничи дека извршил обљуба кон 77-годишна старица

На 02.07.2025 во 17 часот полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода А.С.(42) од село Злеово, радовишко,...

Спорт3 часа

Во недела започнува традиционалниот турнир во мал фудбал во с.Староец кичевско

Во чест на големиот христијански празник „Иванден“ во село Староец, долги години традиционално се одржува турнир во мал фудбал. Оваа...

Временска прогноза6 часа

Сепак следува промена на времето во Македонија, ова се метео информациите според Попоски

На многу топлото време со многу високи температури на воздухот, и тоа поради многу топлиот бран со потекло од југ,...

Македонија13 часа

Времена измена на сообраќај со пренасочување на делница „Пресека-Песочан“ на автопат А2 Кичево-Охрид

На ден 03.07. 2025 ќе се започне со градежни активности на автопат  А2 Кичево – Охрид каде ќе има времена...

Хороскоп14 часа

Хороскоп за петок (4 јули)

ОВЕН Оние од вас кои планираат пократко патување денес можеби ќе бидат задоволни, особено ако се работи за семејна посета....

Скопје17 часа

МВР за пофалба, експресно го пронајдоа мотоциклистот кој усмрти пешак

Денеска (03.07.2025) во полициска станица во СВР Скопје е извршен службен разговор со Ф.Љ.(25) од Скопје, кој на 01.07.2025 околу...

Кичево23 часа

(ФОТО) ТППЕ Кичево: Нов случај со запалена дива депонија во кичевско

Нов случај со запалена дива депонија во кичевско. Имено од рано утрово овој е втор случај ТППЕ Кичево да излезе...

НАЈЧИТАНИ