Македонија
Од вечерва нови цени на горивата, бензинот се намалува, додека дизелот ќе поскапи

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 12.10.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 80,00 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 12.10.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 82,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 12.10.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 82,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 81,00 ден/лит, предмалку истакна РКЕ.
Македонија
МВР ќе поднесе кривична пријава за мачење животни, по видеото истакнато во јавноста

ОВР Куманово до ОЈО Крива Паланка ќе поднесе кривична пријава против А.А. (23) од Крива Паланка поради сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“ по чл. 233 од КЗ. На 10.05.2025 во 23.30 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека на социјална мрежа е објавена видео снимка, на која се гледа како во Крива Паланка, куче било врзано за патничко моторно возило во движење и кучето било принудено да трча.
Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициските службеници од ОВР Крива Паланка и било утврдено дека сопственик на возилото и кучето е А.А. (23) од Крива Паланка.
Со него е извршен службен разговор и против него ќе биде поднесена кривична пријава, истакна МВР.
Македонија
Малолетник од Кочани објавувал експлицитни содржини од малолетничка, мајката го пријавила

На 09.05.2025 во 23 часот во Полициската станица Кочани, 43-годишна жена пријавила дека на 08.05.2025 малолетник од Кочани споделувал на социјална мрежа и други апликации – видео записи со експлицитна содржина од нејзината малолетна ќерка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, вели МВР за јавноста.
Македонија
ОВР Струга: Стружанец возел мотор пијан и излетал од патот

На 09.05.2025 во 06.35 часот полициски службеници од ОВР Струга на улицата „Боро Калајџиески“ во Струга, го лишиле од слобода И.М.(36) од Струга.
Тој претходно, пред казино лоцирано во населбата „Плитишта“ во Струга, управувајќи мотоцикл, излетал од патот, а по преземени мерки, полициските службеници констатирале дека мотоциклот го управувал под дејство на алкохол, односно со 2,28 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.297- а од Кривичниот законик-„безобѕирно управување со моторно возило”, известува МВР за јавноста.
-
Хроника1 ден
Утрово кичевчанец со секира уби татко, неговата мајка е во неконтактибилна состојба
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (11 мај)
-
Хороскоп16 часа
Хороскоп за понеделник (12 мај)
-
Македонија2 дена
Малолетник од Кочани објавувал експлицитни содржини од малолетничка, мајката го пријавила
-
Здравје и убавина2 дена
Клучни 5 работи поврзани со забите, кои предупредуваат за опасни промени во вашето општо здравје
-
Скопје1 ден
Кривична пријава против турски државјанин за обид за убиство во Скопје, одреден му е притвор
-
Македонија20 часа
МВР ќе поднесе кривична пријава за мачење животни, по видеото истакнато во јавноста